Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ова би му било најпаметно, нека биде најобичен или стар телефон што ќе само на пунач за да брка само работаНајубаво да земеш нов број и телефон за приватни ствари а овој сам да го направиш да ти биде само службен .
Ако до сега требаше да седнеш и да размислиш што сакаш да го прашаш AI-то, овие туркаат во насока да не мораш да размислуваш ич. Супер корисен feature за луѓето кои го користат за работа а меч со две острици за оние што го користат за глупости.
Ова е супер во некои случаи, ама сум видел и случаи каде што дава целосно погрешни дијагнози, или додава детали што не постојат. Пример, ако му дадеш слика од рандом ехо на матка, голема е веројатноста да дека станува збор за трудна жена. Зошто? Затоа што најголем дел од сликите на кој што ChatGPT е трениран се од овој карактер (тоа е тоа што највеќе можеш да го најдеш online)....АИ до секоја ситница го протолкува ЕКГ со дадени податоци параметри на пикот, воодушевена сум, но и загрижена дека ниеден кардиолог до таква точност и опширност за информации од самото ЕКГ може да даде, со ВИ секое медицинско лице може да го протолкува ЕКГто до ситница.
Реално сакаат да го замената гоогле серч, за да може на луѓето реклами да му сервираат.Ако до сега требаше да седнеш и да размислиш што сакаш да го прашаш AI-то, овие туркаат во насока да не мораш да размислуваш ич. Супер корисен feature за луѓето кои го користат за работа а меч со две острици за оние што го користат за глупости.
Ова е супер во некои случаи, ама сум видел и случаи каде што дава целосно погрешни дијагнози, или додава детали што не постојат. Пример, ако му дадеш слика од рандом ехо на матка, голема е веројатноста да дека станува збор за трудна жена. Зошто? Затоа што најголем дел од сликите на кој што ChatGPT е трениран се од овој карактер (тоа е тоа што највеќе можеш да го најдеш online).
Е сеа ако знаеш да му ги поставиш вистинските прашања, да го пратиш во соодветна насока и добро да ги толкуваш резултатите тогаш е корисно.
Во секој друг случај е многу опасно.
Google search одамна го заменија.Реално сакаат да го замената гоогле серч, за да може на луѓето реклами да му сервираат.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со, како што рече, историско значење за дигиталната трансформација на Македонија.
Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ – носител на проектот.
„Ова е капитален проект со историско и национално значење – нова страница во дигиталниот развој на Македонија, во која Владата, универзитетите и индустријата заеднички градат национален систем за вештачка интелигенција, со ‘Везилка’, нашата држава станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција. Ова е суштински чекор за нашата научна, технолошка и иновациска заедница,“ истакна министерот Андоновски.
Центарот ќе биде придружна единица на европската AI фабрика „Pharos“ со седиште во Грција, што на македонските институции, истражувачи, компании и стартапи ќе им овозможи пристап до европски суперкомпјутери и напредни податочни простори.
„Проектот има и јасна општествена мисија – да создаде национален екосистем за одговорна и доверлива примена на ВИ во следните пет приоритетни области: Прво и најзначајно: Јазик и култура – целта на овој проект пред се е системски развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство; Понатаму примена на ВИ во Здравство – анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги; Енергетика – оптимизација на производството и потрошувачката на енергија; Јавна администрација – автоматизација на процеси и зголемена транспарентност; Земјоделие – примена на паметни технологии за современо и одржливо производство“, рече Андоновски.
Додаде дека суштината на „Везилка“ е едноставна: да создадеме интелигентни решенија кои му служат на човекот – да направиме технологијата достапна, корисна и етична.
Дополнително, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на човечки капитал, каде ќе се организираат тренинзи, практични проекти и едукативни програми во областа на вештачката интелигенција.
„Создаваме систем, а не ад хок проекти. ‘Везилка’ ја симболизира нашата визија – Македонија како дигитално суверена држава со силна научна и иновациска основа. Ова е чекор со кој нашата земја станува активен партнер во европскиот технолошки простор, а не само набљудувач.“, додаде министерот Андоновски.
На крајот, тој упати јавна покана до сите академски и научни институции, како и до приватниот сектор, да се вклучат во овој национален проект со европска димензија, со цел градење на една паметна, дигитална и иновативна Македонија.