Подароци за посебни денови во вашиот живот...

  • Креатор на темата Креатор на темата Слушаш Ли
  • Време на започнување Време на започнување
AAAAAnI6wCUAAAAAAMWCPw.jpg

Задолжително следува коментарот ова е клучот од моето срце (нормално ако навистина се сакате, ако не не ни помислувај). Иначе ако не најдеш вакво ланче, зимај обично и стај го клучот од дома:)
 
Па вака еве јас ќе набројам некои поклони кои сум ги добивала од дечко ми за годишнина.За првата годишнина добив ланче сваровски,со приврзок срценце,ептен нежно.Потоа имам добиено карикатура од наша заедничка слика,тој подарок ми беше еден од поинтересните,ја чувам врамена в соба.Книгата Камасутра ја добив за една годишнина,му викам така первезњак еден и ти да имаш полза од поклонот,хаха мала шала,сепак ми се допадна поклонот.Има и други,но ајде да не должам многу.Ах,ќе заборавев некое патување,викенд некаде на страна мислам дека е добро изнедадување,добар провод,забава...во секој случај.
 
2800 денари во Тетово ќе ти изребра другарми не ми текнува која големина, две ангелчиња и горе има ко трака која може да биде испишана со што сакаш стварно добра понуда.
 
Стај си го у машничка(црвена) и дај и го. (шала) :pos2:

Одма помислив на тоааа :D:D:D..али треба да го заслужиии :D:D:D:D:D

--- надополнето ---

Џогер. Со кофа. Ако си при пари и средство.
Јас така направив, и ете уште ме сака.

Многу романтично од твоја страна :vozbud:
 
Добивав многу подароци, некои беа и премногу скапи, некои беа со многу љубов, но она што сум посакувала а не сум добила се папучи на висока потпетица, црвени со многу пердувки и отворени прстиња напред, такви видов во Турција на моето прво патување таму но, бев многу малечка и секогаш мислев дека наскоро кога ќе пораснам ќе добијам такви, но не добив. И посакував златно синџирче за на нога со ситни звончиња, да звонка кога ќе се движам.

Зависи од девојката, можеби да и уплатиш тетоважа ќе биде ептен јако.
 
Недавај пари за глупости, некој ден ќе ги колнеш тие пари :)
 
Ако девојката те сака ќе се задоволи и си обично чоколатце и некоја романтична порака на неа, ако навистина те сака не и е важно каков подарок ќе добие..
Мече(поголемо по можност) и Mercy чоколатца.
 
1.Накит
2.Романтичен заоѓање на сонцето( дочекајте го сами)
3.Вечерајте во нејзиниот омилен ресторан ( а тоа 100% ќе биде мекдоналдс:))
4.Ташни(немам коментар, но нејзе ќе и се допадне)
5.Напишете љубовна поема за тоа колку ја мразите :) се шалам
6.Парфем
7.Однесете ја на одмор
8.Мобилен( по можност моторола)
9.Облека( женските навистина искаат кога им се дава облека, а поготово од нивниот ''љубен'' :))
10.Спа( направете ја вашата девојка да се чувствува како принцеза! ПС. ааа да
11.Патики/Кондури/Чизми/Гумени чизми/Штикли/Танга папуча ( по можност кинески - ги обожаваат)
12.Секс ( вака ќе и докажеш дека ја сакаш)
13.Зготви и вечера
14.Масажа
15.Вино
16.Проѕирен прслук
17.Четка за заби ( за поубави и помиризливи бакнежи
18.Шминки ( искористете ги од вашата мајка да не трошите пари :) шала)
19.Однесете ја нејзината кола на сервис
18.Купаќи( по можност на Борат, затоа што другите немаат ефект - од искуство :):):))
Е сеа кајганџики ќе ме одберете ли мене?

ПС. Ќе ме убие девојчето кога ќе прочита:(
 
мислам дека е доволно да се сетиш на годишнината да кажам и ако те сака било што да и подариш нејзе ке и значи :smir: а ако е матријалистка нешто од swarovski ке ја израдува и те како :twisted:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom