Починала девојка на изборот на Евросонг

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
20.02.2009 10:13
univerzalna-sala.jpg

Брза помош констатирала смрт кај младата девојка

Девојка на возраст од 24 години синоќа починала во Универзалната сала во Скопје. Според извори од МВР, девојката Ивана М. била во публиката и го гледала изборот за македонски претставник за песна на Евровизија, кога околу 22 часот и 30 минути и се слошило.
Нејзините пријатели ја изнеле надвор од салата, каде паднала.
Кога пристигнала екипата на Брза помош констатирала смрт кај младата девојка.
На местото е направен увид, а истражниот судија наредил обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта.
 
Навистина жално!Почивај во мир Ивана.М:(:(:(
 
Трагичен почеток на Евросонгот

Годинешново издание на изборот за песна на Евровизија, за жал, започна многу трагично.
На самиот почеток на првата полуфинална вечер во Универзалната сала за време на настапот на охридската група Сленг, и се слоши на 24-годишна девојка во гледалиштетот. Додека пристигна итната помош - девојката почина! Како што дознавме од присутната медицинска екипа, најверојатно од срцев удар.
До крајот на првата фестивалска вечер, телото на девојката беше во ходникот на Универзална! Полицијата обезбедуваше да нема пристап до тој дел на ходникот, а публиката и кога замина, полицијата се уште вршеше увид.
Трагичната смрт на младата девојка силно го помати расположението на присутните, односно на дел од ни. Поголемиот дел од учесниците и публиката не знаеа што се случуваше надвор. Челноовите на Сленг, во бекстејџот раскажаа семао дека за време на нивната изведба забележале дека некому во публиката му се слошило.

форум

сочуство...
 
Нека почива во мир, верувам дека го нашла.
 
Зар продолжиле со изборот? Некако не е во ред, требало да го одложат. :(

Лека и земја.
 
Не е малку премизерно да ги пеат и да се уживаат додека девојка на 10 метри од нив лежи мртва?
:uvo:


Почивај во мир Ивана...
 
Читајте малце повнимателно... ја извеле надвор па таму паднала..и таму најверојатно починала..не во салата..
 
Боље да прекинат одма со манифестацијата, да не умре уште некој слушајќи ги тоа неартикулираните звуци што ги нарекуваат „песни“!

Жално сепак, во најубавите години да замине. Сочувство со семејството.
 
Бог нека ја прости и лесна и земја.

Па не е битно далу починала во салата или надвор, починала за време на натпреварот. Па од почит треба да се одложи. Ама не, треба некој таа вечер да собере гласови, затоа што за друг ден не му се сигурни...Бреее до кај стигна народов, мртва девојка лежи во ходникот, а они во салата пеат и играат.
 
На 24 години срцев удар???? Трагично :(
Почивај во мир...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom