Починала девојка на изборот на Евросонг

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Жално е тоа што се случило, нека почива во мир Ивана. Инаку ова е жива брука бе што продолжиле копуциве мамето нивно проклето.
 
Жално е тоа што се случило, нека почива во мир Ивана. Инаку ова е жива брука бе што продолжиле копуциве мамето нивно проклето.

Па како што кажаа не ни знаеле дека се дешава нешто надвор. А и не починала внатре туку надвор и ја сместиле во ходникот. Барем така кажуваа медиумите.
 
Бог да ја прости, многу тажно многу сочувство до семејството и сите кои ја познавале
 
Упм, на 24 години од срцев удар? RIP Ивана, жалосно е ова. Ништо не се знае во животот. Девојката дошла да се забавува а види како сето тоа заврши трагично. Навистина, смртта е толку непредвидлива
 
А бе или имаше чупето некоја срцева мана или с краја да е да не имаше нешто конзумирано. Инаку на 24 години инфаркт!! трагедија... трагедија...
 
Животот е конец,само што не знаеме кога ке се скине?! Нека почива во мир девојката!
 
Жално е ова што се случува,се почесто умираат млади луѓе...
Почивај во мир...:icon_frow:icon_frow
 
Сочуство до фамилијата , сите зборови се излишни , девојчето отишло да се забавува и да го носат дома мртво.
 
%7B8887C43D-41B2-497D-8323-2D546E2650E4%7D_ivana-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Младата скопјанка Ивана Митровска (24) почина завчеравечер во Универзална сала, додека се одржуваше првата полуфинална вечер од националниот избор за песна на Евровизијата. Ивана со друштво дошла во Универзална да и даде поддршка на младата пејачка Емилија Гиевска, но судбината не и дозволи да го проследи нејзиниот настап ниту да гласа за неа.
Додека во салата се пееше, во фоајето на Универзална се случуваше вистинска драма за спас на млад живот кој, за жал, заврши трагично. Очевидци во публиката велат дека во моментот додека на сцена пеела младата Лили, која настапуваше деветта по ред, на Ивана и се слошило и само паднала врз седиштето. Настанала паника меѓу присутните во публиката, по што Ивана на раце ја изнеле во фоајето на салата. На Ивана веднаш и беше дадено вештачко дишење и масажа на срцето, а некој од присутните повика и брза помош. Очевидци, кои се стрчаа за помош, инаку лекари по професија, рекоа дека Ивана веќе немала пулс додека и давале вештачко дишење и масажа. Некои од присутните, не знаејќи дека Ивана веќе е почината, велеа дека според реакцијата на нејзиното тело, биле свесни оти состојбата е страшна, дека е можно да добила удар, па затоа и претурале по нејзината чанта со надеж дека ќе најдат некои лекарства со кои би можеле да и помогнат. Но, за жал, сите обиди биле залудни. Се веќе било доцна. Во меѓувреме, пристигнаа и лекарите од Брзата помош, кои само констатираа смрт и си замина. Се претпоставува дека младата девојка од срцев удар починала уште на седиштето во салата.
"За малку ја напуштив Универзална и заминав до најблиската трафика. Кога се враќав видов дека некому му даваат вештачко дишење и масажа. Бидејќи сум лекар, веднаш се стрчав. Ја фатив за пулсот, но тој веќе не отчукуваше. Дека смртта настапила покажуваа и нејзините зеници", рече лекарот.
Само што си заминаа лекарите од брзата помош, трагичната вест и беше соопштена на другарката на Ивана и на нејзиниот дечко Иво, кој е брат на пејачката Емилија Гиевска. Тие не можеа да ги сопрат солзите од тага за загубената другарка. Тажни беа и родителите на пејачката Фани и Злате, кои ги тешеа децата.
"Тажно е ова што се случи. Не ни се верува дека толку бргу може да згасне млад живот. Животот беше пред неа. Таа воопшто не требаше да умре, особено не сега кога овде сме дојдени за убаво", потресени велеа Фани и Златко.
Тие беа во паника не само поради трагичниот настан туку и поради тоа што нивниот син Иван воопшто не одговараше на мобилниот за да каже што се случува, бидејки тој и девојка му, која со сега веќе починатата живеела во иста зграда, беа покрај телото на Ивана, а за сите други пристапот беше забранет. Се чекаше увид од јавен обвинител и истражен судија, кој кога дошол, наредил обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта.
Додека траеше Фестивалот, мртвото тело на Ивана беше положено во фоајето и се чекаше да дојдат службените лица од Судска медицина. Службениот влез и пристапот кон службениот влез од главната врата на Универзална беа затворени. Учесниците на Фестивалот што мораа да одат од зад сцената кон зелената соба кружеа од надворешната страна на Универзална. Тажните лица и кружењето придонесоа меѓу присутните со молскавична брзина да се прошири веста за смртта на девојката. Никој не се осмелуваше да се јави на нејзините дома и да ја соопшти трагичната вест. Ивана немала татко, починал пред неколку години, и во скопската населба Карпош живеела со мајка и и со помалиот брат. Доцна по полноќ, по завршување на првата евровизиска вечер, нејзиното тело се уште лежеше во фоајето. Во очекување на стручните лица, но и на нејзините најблиски. Откако се испразни Универзална, полицијата ги затвори сите врати. Беа отворени само за мајката на Ивана, која ја очекуваа да дојде. Кога ја повикале, само и кажале дека на нејзината ќерка и се слошило, но не и дека е почината. "Каде е моето дете", бил лелекот на нејзината мајка кога ја слушнала трагичната вест за прерано починатата Ивана.
В.Миленковска
Фото: В. Тануровски

***

Емилија Гиевска: Умре пред да запеам

Младата пејачка Емилија Гиевска до завршување на натпреварувачката вечер не знаела дека нејзината другарка Ивана починала. Настапуваше 12-та и, како и сите други од зад сцената до зелената соба, од каде што требаше да се следи гласањето, кружеше околу Универзална низ снегот. Трагично беше и за неа кога случајно од останатите слушнала дека Ивана починала.
"Кога од зад сцена кружевме надвор низ снегот, слушнав дека на некое девојче му се слошило и починало, но ни на крај памет не ми беше дека тоа е Ивана. Седев со останатите учесници во зелената соба и сите зборуваа: 'Штета за младиот живот', 'Не е фер толку млада да почине'... Кога некој од нив почна да раскажува што се случило, сфатив дека тоа е Ивана и се шокирав", вели Емилија.
Додека траеше ревијалниот настап и гласањето, Емилија долго време седеше на столче пред зелената соба и плачеше. До неа беа нејзините родители и други блиски пријатели што ја тешеа. Никому од најблиските не му идеше на памет да го сврти телефонот и да гласа за Емилија.
"Не ми е жал што не влегов во финале, камо среќа ова да не се случеше. Не можам да си дојдам на себе. Ивана дојде заради мене, но не дочека да го види мојот настап.
Завчера бев во шок. Бев под седативи и дури вчера се освестив и сфатив што навистина се случило. Си ветив - Ивана ќе ја опеам во песна. Ивана беше другарка на девојката на брат ми и често доаѓаше кај нас. Многу се дружевме. Таа беше фризерка, работеше во фризерски салон и често знаеше да не фенира и да ни прави фризури за излегување", вели Емилија.
На Емилија ова и е трет фестивалски настап, по Радискиот фестивал и "Макфест". Беше и придружен вокал на настапот на трикратниот евровизиски победник Џони Логан, кога гостуваше кај нас. "Тажна сум за Ивана, не сум тажна што не влегов во финале. Освоив само 19 поени од жирито кои не беа доволни. Подоцна ми кажаа пријатели дека пробале да гласаат за мене, но ниеден глас не им бил примен. Еден од членовите на жири-комисијата, кому нема да му го споменувам името, му се доверил на татко ми дека не смеел да не дава високи бодови за големите фаци. Но вистина, по оваа голема трагедија не ми е битно како се пласирав. Во животот има многу побитни работи отколку да се троши енергија за нечии суети", вели Емилија. (В.М.)

извор

стварно жална приказна... :cry:
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]:cry:[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]:cry:


[/FONT]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom