Почеток на животот на земјата

  • Креатор на темата Креатор на темата Neemo
  • Време на започнување Време на започнување
Мојот аргумент води кон твојот аргумент-споредување „баби и жаби„. Што е воопшто битно колкав е капацитетот од некој си таму мајмун? Само родот човечки е создаден по „образ и подобие„ Божјо, и само човекот има дар и способност за богопознавање.

Споредување на наука и религија е споредување на баби и жаби.
Барање на научен доказ за духовното би му дошло Бабата, а теолошко верување во науката би била Жабата.

А за мајмунот сам си спомна: резонирање, рационализација, комуникација и идеи, а не образи, дарови и богосознавање.

Животните ионака не се предвидени за влез во Рајот, туку за пресоздавање.

Пресоздавање?
 
- Споредување на здравата наука и здравата христијанска религија, не е никаков судир.
- Научен доказ за духовното нема, оти ниедна наука не го признава постоњето на духот, духовните битија и духовните категории.
- Остај го мајмунот раат...
- Пресоздавање? Да! Ново Небо и нова Земја, онака како Апостолот Јован ги видел.
 
А за мајмунот сам си спомна: резонирање, рационализација, комуникација и идеи, а не образи, дарови и богосознавање.

Пресоздавање?
Ова ме потсеќа на понашањето на кучињата и мачките. Резонираат, комуницираат и имаат идеи како да преживеат. Можеби нивниот мозок е = на 1-годишно дете
 
- Споредување на здравата наука и здравата христијанска религија, не е никаков судир.

Постоењето на науката и религијата не е никаков судир. Епитетите здрава, христијанска и сл. се лични убедувања.

Научен доказ за духовното нема, оти ниедна наука не го признава постоњето на духот, духовните битија и духовните категории.

Ниту има духовно во Квантна механика или Диференцијална математика, ниту наука во Библија или Унипашади.
 
Постов ќе го разберам само како твое приватно, лично убедување. А контра твоето, на форумов има и поинакви мислења, споредби и докази.
 
Постов ќе го разберам само како твое приватно, лично убедување. А контра твоето, на форумов има и поинакви мислења, споредби и докази.

Мислења, споредби и лични убедувања колку сакаш :)
А вистини и докази на форум не се бараат.
 
Доказите се рационални заклучоци, кои можеш да ги најдеш токму во самите споредби и мислења кои се веќе изложени на форумов. Доказот не е некоја изолирана категорија, која постои заради самата себе, туку чисто производ од човековото делување, со одредена цел.
 
Животните само за преживување го користат мозокот за разлика од човекот

Човекот како утеха за своето постоење си го пронајде бог

Најголема разлика ( покрај физичките ) помеѓу човек и едно куче или примат е мозокот .... човекот почнал да го користи мозокот не само за преживување , почнал да прави алатки, да се социјализира и ред други работи и со тие постапки човечкиот мозок еволуирал до тој степен што човекот станал свесен за своето постоење .... тука се појавила идејата дека човекот се разликува од животните ( која разлика не знам ... и ние и тие и се околу нас е изградено од атоми .... во основа сите сме исти само степенот на еволуција не е )
 
.......... Животните ионака не се предвидени за влез во Рајот, туку за пресоздавање.
Да не случајно сакаше да речеш реинкреација..само се сети дека тоа е нехристијанска работа?
 
Ооооо, Воне! Long time no see! Почнаа да ми недостасуваат твоите коментари!
Не, туку сакав да го кажам следното: родот човечки ќе воскресе за судот Христов. Воскресението не важи и за животните (и растенијата). По судот Христов, ќе се возобнови целата Вселена, а на тогашната, возобновената Земја, ќе има нови видови од растенија и животни, кои денес се незамисливи и непознати.
 
А досега умрените кај чекаат на тоа страшно судење...негде под мраз ги чуваат:pos2:
 
А човекот, нели, настана(л) од мајмун. Зашто на ниеден мајмун не му паднала на памет идејата за Бога?
Е воа ти беше најглупиот аргумент од илјадниците што си ги дал досеа.
Зошто на мајмун би му паднала идејата за Бога?
Зошто на мајмун би му паднала било каква идеја?
Newsflash,мајмунот е животно и се води според инстинкти,а не според идеи.
 
Newsflash, животните имаат „идеи“ само не се толку креативни како точење вино и ловење риба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom