Плински уреди

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
јас имам рено 9 бродвеј и сум мн задоволен од плинот...
ps.кога сакам да ја шлајфовам уклучувам на бензин дека нема сила плинот.
 
И официјално сум плинаш :)
Колата работи дури подобро на плин. Сега ќе видам како оди потрошњата ама во основа другото се е ОК.

Со новиот систем од Landi со дизни, нема речиси никаква разлика во перформансите. Влечи исто како што влечеше на бензин, бучавата дури е намалена (нормално) и да не ја почудам, се е во најдобар ред :)

ОГРОМЕН поздрав до plimont за поддршката. Реков има частење од мене :D

Ме радува дека ни успеа подршката |Volkswagen|, кога ќе поминам накај Менде, еве во најава, за мене, ќе почастиш едно битолско гравче.
Поздрав ;)
 
Да не има поефтинување во цената за корса б, 1.0 12в ? дека гледам за ибицата е 570
 
Екипо се собравте?Дај да направиме некако да смениме мембрани на плинот затоа што на 17ти одам за Србија со колата па во случај да имам некој проблем да можам да реагирам на време :D
 
Екипо се собравте?Дај да направиме некако да смениме мембрани на плинот затоа што на 17ти одам за Србија со колата па во случај да имам некој проблем да можам да реагирам на време :D

Слободно, дојди, на куп сме, евентуално, незнам, петок и сабота кој ќе остане. Најдобро помини утре или задутре, ќе те чекам, да завршиме работа.
--- надополнето: Sep 5, 2011 4:10 PM ---
Да не има поефтинување во цената за корса б, 1.0 12в ? дека гледам за ибицата е 570

Вградувањето на плински уред во опел корса б е иста цена како кај ибицата (570). Твојата корса е со три цилиндарски мотор, така да еден инјектор ќе остане надвор од употреба, иако ќе биде вграден во моторниот дел, и понатаму ќе се искористи доколку откаже некој од инјекторите. (се разбира кога ќе истече гаранцијата која е две години). Поздрав
 
До Плимонт:

Колку би било инсталирање на плински уред на Reanault Clio 1.2 2000god.??
 
До Плимонт:

Колку би било инсталирање на плински уред на Reanault Clio 1.2 2000god.??

Наша препорака е на Reanault Clio 1.2 од 2000 година да се вгради Ланди Макс уредот со кружна боца која се поставува на место на резервно тркало. Цената за инсталирање на овој плински уред изнесува 570 евра, гарантниот рок е 24 месеци. Возилото ќе ги задржи возните својства кои ги има на бензиски погон, потрошувачката ќе биде до 10% повисока од таа на бензин. Време на инсталирање е еден ден.
Неколку фотографии од на Clio 1.2 со вграден плински уред:

2cxdcw6.jpg

nccapi.jpg

mi0xmr.jpg

hsknck.jpg

2430mq8.jpg
 
до плимонт
колку е инсталирање на плин на шкода октавиа 1,4 2008 г,
и уште нешто имам кола со вграден плин кај вас, купена половно на лизинг но ги немам документите за а тест како мозе да извадам атест
 
до плимонт
колку е инсталирање на плин на шкода октавиа 1,4 2008 г,
и уште нешто имам кола со вграден плин кај вас, купена половно на лизинг но ги немам документите за а тест како мозе да извадам атест

Цената за вградување на плински уред во Октавија 1.4 изнесува 540 евра, со доплата од 30 евра за торусна плинска боца која се поставува на место на резервно тркало.
Ние ќе се обидеме да ви помогнеме околу документите кои се потребни за атест на возило со плински уред, односно ќе се обидеме да ви обезбедиме копии од документите кои се издаваат со уредот, се разбира - доколку се работи за наш плински уред. Тие документи содржат:
-атестен лист од мултивентил
-атестен лист од редуктор
-спецификација со вградени компоненти која ја издава овластениот сервис кој го вградил плинскиот уред
- уверение за плинска боца,
Најтешко е да се добие копија од уверение за плинска боца, процедура што може да потрае подолго време..
 
за на југо флорида со ефи мотор.. кој плин и колку пари? дискутираме за обична боца, затоа што резервната гума му е во мотор... не би се играл со ставање плин таму?

да нагласам дека, флоридата има и хидрогенска келија...
 
За ЕФИ моторите на Југо и Југо Флорида наша препорака е да се вгради стандарден електронски уред за мулти-поинт инџексион тип на мотор, кој е со цена од 445 евра. Уредот е производ на Ланди Рензо. Изборот на цилиндрични плински боци е помеѓу 27, 35, 40, 50 и 60 литарска боца..
Хидрогенската ќелија не пречи на плинскиот уред

Фотографија од ЕФИ мотор со вграден плински уред

2di2gr9.jpg
 
До Плимонт.

Ме интересира колку кошта да се вгради плински уред на Fiat Brava (1996) 1.6 16V.
И колкави се трошоците за а-тест?
Поздрав :)
 
На која бензиска има најсаглам плин,за да не ми штракаат вентилите кога додавам повеќе гас..и во железара го зезнаа во последниве тури...на бензин си работи ОК.
 
На која бензиска има најсаглам плин,за да не ми штракаат вентилите кога додавам повеќе гас..и во железара го зезнаа во последниве тури...на бензин си работи ОК.
Лукоил според мое искуство.
 
До Плимонт.

Ме интересира колку кошта да се вгради плински уред на Fiat Brava (1996) 1.6 16V.
И колкави се трошоците за а-тест?
Поздрав :)

Вградување на плински уред во Фиат Брава 1.6 16в чини 540 евра за систем со цилиндрична плинска боца, и 570 евра за систем со кружна боца која се поставува на место на резервно тркало. Цената за атестирање на возило со плински уред е околу 3500 денари
Неколку фотографии од Браво со вграден плински уред

onr84.jpg

zlleh.jpg

2ev7lzs.jpg

357hsmg.jpg

fp5yle.jpg

15s97ys.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom