Плински уреди

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
me interesira kolku ke cini da se stavi plin na SAAB 9000 2.3 t benzin 200 hp i Jaguar x type 150 hp benzin ? fala pozdrav

Кај Jaguar X-Type од 150 кс, најверојатно се работи за 2.1 L V6 моторот. Може да се вгради плински уред, цената е 830 евра за уред со цилиндрична боца, односно 860 евра за уред со торусна-округла плинска боца. Самата монтажа ќе трае 2 дена. Подолгото времетраење е заради поставеноста на всисната гранка на моторот, што не овозможува брза монтажа, нарочито кога монтажата се прави по инструкциите и шемите за вградување кои ги наложува производителот на автогасната опрема.
Цената за вградување на плински уред во Saab 9000 2.3 T е 985 евра , за уред Landi Renzo Omegas со цилиндрична боца, и 1015 евра за уред со торусна-округла плинска боца.И кај ова возило време на монтажа е еден до два дена, што е стандардно времетраење на монтажа на плински уред во возило со турбо мотор.
 
me interesira kolku ke cini da se stavi plin na SAAB 9000 2.3 t benzin 200 hp i Jaguar x type 150 hp benzin ? fala pozdrav

Најдов и неколку фотографии од Јагуар и Сааб со вграден плински уред

2lw2dcw.jpg

255kff7.jpg

6zai4m.jpg

1oxeki.jpg

v3os9f.jpg

15f3yir.jpg

2hyw76g.jpg

23h7r14.jpg
 
колку ќе чини демонтирање на плински уред од една кола и монтирање на друга кола? се работи за инјекционен систем, т.е. со дизни. колата со монтиран плин е нисан сани, а ке се монтира на фолксваген пасат од 2004 година. и двете коли се со 4 цилиндрични мотори. санито е 1.4 а пасатот е 1.8... и дали ке ги издадете повторно збирно сите документи за на атест (ги има документите од расплињача, боца и слично, монтирано е пред 3 години) и дали ке може преку вас да се иде на атест, во ауто македонија?

п.с. со една мала напомена дека цевката за плин на нисанот треба да остане.
 
Цената за демонтирање на секвентен уред и негово повторно вградување во возило со слични карактеристики се движи околу 150 евра. Тука спаѓа и промена на различните црева од уредот, доколку се претерано амортизирани. За цената , најдобро помини да разговараш со директорот, сигурен сум дека за тебе ќе биде поповолна цена, голем број клиенти ни имаш испратено, меѓутоа, има проблем, сеуште немаш частено што ти ја намаливме потрошувачката на плин на бившото рено :sneaky:.
Средување на документацијата за а-тестирање на плинскиот уред се средува при самото монтирање на плинскиот уред, а ќе средиме и а-тестот да помине преку нас за да добиеш дополнителен попуст во аутомакедонија.
Поздрав
 
и сам рече..БИВШОТО рено... частењето за него отиде со него... туку треба да се части за волвово... за тоа сум дужен.. отворена вожња, од 70 до 140 на саат, товарен со ствари и цела фамилија троши околу 11 плин просечно... некој ке рече УУААУУУУ па што е овој срекен... е па 2,5 мотор со 140 коња и маса на празно возило е 1750 кила...
инаку поздрав од чањ до плимонт... вака го тестирав возилото хахаха... следно јавување од зеница, па од белград... ќе ви кажам пак за потрошња...

туку да си прашам јас уште нешто... тука налетав на едно фијат пунто со српски таблици и налепница ландирендѕо....????
 
Здраво, сакам да ве прашам колку би ме чинело да ставам плински уред на моето возило, СЕАТ Ибица 2001 година, 1.4 мотор 16V 55kw, ист како на голф 4, со боца во резервно тркало. Од она што можев да забележам има различни модели, системи, па кој би бил најдобар во однос цена/перформанси за моето возило ?
 
Плимонт,кога сте послободни да наминам да смените тие мембрани на плинот и други материјали ако треба имам чувство дека веќе сецкањето и гушењето доаѓаат од таму со оглед на тоа дека не се сменети долго време.И дали е подолг процес работата да знам дали да дојдам со 2 коли :)
 
Здраво, сакам да ве прашам колку би ме чинело да ставам плински уред на моето возило, СЕАТ Ибица 2001 година, 1.4 мотор 16V 55kw, ист како на голф 4, со боца во резервно тркало. Од она што можев да забележам има различни модели, системи, па кој би бил најдобар во однос цена/перформанси за моето возило ?

tigar4e, плински уред од италијанско потекло чини 570 еур., со торусен резервоар (на местото на резервното тркало). Во плимонт вградуваме уреди од производителот Landi renzo. (со две годишна гаранција).
неколку фотографии од seat ibiza 1.4 со вграден плински уред:

Резервоар за плин и Полначка за плин до отворот за полнење на бензи
n1402s.jpg

Полначка за плин (втора опција)
11gizo4.jpg

1z1snmh.jpg

контролното копче
2eyflg8.jpg
 
Денес конечно одам да ставам плин во мојата Нубира после 10 години и 125000 км редно е да се смени горивото.
Ми понудија два системи. Едниот е 430 евра што ми рекоа се губи на моќност и поголема потрошња, а другиот е 610 евра со 1% загуба. Разликата не е мала и сеа не знам што да правам. Ама па да ја земам и да троши 13л плин vs 10л бензин и 9 литра плин на отворено наспроти 7...и тоа не го бива :)
 
причата е во тоа што тој поевтиониот ти е на плочка, а овој поскапиот ти е со дизни. значи ке добиеш инџекшн плин... а со оној на плочка, очекувај од време на време и да пукна повеке или помалку... еден кабел од свекица да заебе, или една свекица да заебе или па бомбината малју да се зезна и почињаат срањата.. ке пука, ке извлекува црева, ке крши грани и слично... додека со инџекшн плинот (мулти поинт гас инјектор) сите овие глупости ги нема.. компјутерски се штелова, на ентер што се вика се средува и така... мој избор е вториот, поскапиот...

п.с. еден совет.... не зимај плинска боца поголема од 30-35 литри... не ти треба.. на секој ќош имаш плинари...
 
Денес конечно одам да ставам плин во мојата Нубира после 10 години и 125000 км редно е да се смени горивото.
Ми понудија два системи. Едниот е 430 евра што ми рекоа се губи на моќност и поголема потрошња, а другиот е 610 евра со 1% загуба. Разликата не е мала и сеа не знам што да правам. Ама па да ја земам и да троши 13л плин vs 10л бензин и 9 литра плин на отворено наспроти 7...и тоа не го бива :)
Како ќе го решиш подмачкувањето на вентилите? Капалка или???

Мислам дека си запознаен дека Опеловите (GM) мотори имаат проблеми со горење на вентилите ако се возат на плин, па како решение е екстра капалка која црцка масло за подмачкување (некои 10-15 евра за литар е маслото, а троши 1 литар на 1500-2000 км).
 
Ете ја однесов во Плимонт. Вечерва ќе преспие таму, сабајлето треба да ја фатат.
Ми спомнаа то со вентилите (наводно сега тропкало нешто како пецкање ќе го виделе дрн дрн,...само што јас повеќе се сомневам во свеќици и кабли оти се спремни за менување). Ќе видиме мајстор Менде шо ќе ме израдува сабајлечки. :) Како и да е, за 10-15 евра за такво масленце не е проблем, проблем е само да научам како да ги подмачкувам (читај: алат за отворање, процедура и сл.) Да ме прашаш за Буба ќе ти кажам ама со новите не сум се баратал ич :) Таму беше...штрафцигер...*поп* средуваш...*шклап* врммм :))
 
И официјално сум плинаш :)
Колата работи дури подобро на плин. Сега ќе видам како оди потрошњата ама во основа другото се е ОК.

Со новиот систем од Landi со дизни, нема речиси никаква разлика во перформансите. Влечи исто како што влечеше на бензин, бучавата дури е намалена (нормално) и да не ја почудам, се е во најдобар ред :)

ОГРОМЕН поздрав до plimont за поддршката. Реков има частење од мене :D
 
а ја бе? пих, срам да ти е....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom