Плински уреди

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво
Кано, ти се појави кај нас за монтажа (во вторникот) уште пред ние да успееме да го прочитаме твојот пост на форумов.
За информација на читателите на форумот на ова Волво В70 се постави секвенционален плински уред наменет за возила со мотор со 5 или 6 цилиндри. Цената на уредот е 830 евра –со цилиндрична плинска боца, 860 евра -со торусна боца која се поставува на место на резервно тркало.
Метанската боца која ја земавме од тебе на користење добро ни дојде за едно возило на кое вградувавме метански уред. Бидејќи Макпетрол сеуште не ја отвори метанската пумпа која ја најави, твојата боца, која беше полна со метан, ја искористивме за да се испроба колата на метански погон.
П:С не се секирај за казанчето кое си го доградил во системот за ладење, убаво ти стои.
знам знам... кај мене увек треба да има НЕШТО поинаку од нормалното:vozbud:

па пукнало казанчето и по сервизиве за волво немаа баш такво казанче. нај блиску по параметри беше тоша што го вградив исто така од волво значи, сепак оригинално... гарант ме благословувате што не ми текна да почнам со термостати од бољери, вентили парногреачки и место казанче да му опнев една експанзиона од парно на дрва:icon_lol:
 
Да не му се наоѓа на некој плинска боца ми треба за компресор може да биде без вентили и покажувач на ниво само гола боца ?
 
Дечки сакам да местам плин на Opel Corsa 1.0.Колку чини секвентен систем за 3 цилиндри.И да прашам дали е вистина митот дека EPS или електричното серво се расипува поради тоа што плинот му зема плус стурја на возилото.Имав одамна корса на плин и ојде сервото ми кажаа едни маалски мајстори дека причина било плинот кој му одзема струја.
 
дајте ми број од плимот дечки ако има некој. ми треба што е можно побрзо
 
Дечки сакам да местам плин на Opel Corsa 1.0.Колку чини секвентен систем за 3 цилиндри.И да прашам дали е вистина митот дека EPS или електричното серво се расипува поради тоа што плинот му зема плус стурја на возилото.Имав одамна корса на плин и ојде сервото ми кажаа едни маалски мајстори дека причина било плинот кој му одзема струја.

Цената за вградување на Плински уред во Corsa 1.0 изнесува 570 евра. Цената е за Ланди Рензо секвенционален плински уред, со торусна плинска боца која се поставува на место на резервно тркало. Митовите од типот ,,плинскиот уред е виновен за се,, порано ги слушавме доста често, но со текот на времето , како што се зголеми кругот на корисници на плински уреди, се помалку има простор за нереални информации. Накратко, откажувањето на сервото нема допирни точки со плинскиот уред.
 
Здраво
Кано, ти се појави кај нас за монтажа (во вторникот) уште пред ние да успееме да го прочитаме твојот пост на форумов.
За информација на читателите на форумот на ова Волво В70 се постави секвенционален плински уред наменет за возила со мотор со 5 или 6 цилиндри. Цената на уредот е 830 евра –со цилиндрична плинска боца, 860 евра -со торусна боца која се поставува на место на резервно тркало.
Метанската боца која ја земавме од тебе на користење добро ни дојде за едно возило на кое вградувавме метански уред. Бидејќи Макпетрол сеуште не ја отвори метанската пумпа која ја најави, твојата боца, која беше полна со метан, ја искористивме за да се испроба колата на метански погон.
П:С не се секирај за казанчето кое си го доградил во системот за ладење, убаво ти стои.

е убо вика членот погоре каде сте ;), не ми одговоривте за заставата 101 од 91 година што ја имам колку чини плинскиот уред да се стави и колку оди потрошњата кај заставите односно дали ми се исплати да ставам плин ?
 
eве јас како искусен “заставџија“ на плин ке ти кажам.. потрошњата ке ти биде околу 10 литри градска ако ти е се во ред со инсталацијата (свекици, кабли, платина или палење) и ако има компресија добра... понатака, цената на монтажата баш пред некое време пишаа за југо, па мислам дека беше нешто над 300 евра, плус атест се разбира...

дали се исплати...? секако дека се исплати... колку поише возиш побрзо ке ги вратиш парите... не за џабе постојат фирмите кои се бават со монтажа на плин. не не... не се работи за екологија туку за сирова економија... поевтино е на плин да се вози...
 
Дечки сакам да местам плин на Opel Corsa 1.0.Колку чини секвентен систем за 3 цилиндри.И да прашам дали е вистина митот дека EPS или електричното серво се расипува поради тоа што плинот му зема плус стурја на возилото.Имав одамна корса на плин и ојде сервото ми кажаа едни маалски мајстори дека причина било плинот кој му одзема струја.

Неколку фотографии од Corsa со вграден плински уред

ndam8p.jpg

avg4lj.jpg

wjfdqq.jpg

2i1jqpv.jpg

15iazqs.jpg

--- надополнето: Jul 15, 2011 9:13 AM ---
е убо вика членот погоре каде сте ;), не ми одговоривте за заставата 101 од 91 година што ја имам колку чини плинскиот уред да се стави и колку оди потрошњата кај заставите односно дали ми се исплати да ставам плин ?

Цената за плински уред за карбураторски тип на возило изнесува 16,000 денари. За Застава 101 предвидено е вградување на цилиндрична плинска боца од 27 до 50 литри. Потрошувачката кај овој тип на плински уреди е до 20% поголема од таа на бензин, а губитокот на сила и брзина од 5 до 10%. Возењето на плин реално се исплатува, и покрај поголемата потрошувачка кај овој тип на плински уреди, разликата во цените на плинот и бензинот е голема и придонесува за брзо враќање на инвестицијата.
 
ааааа... значи тоа над 300 евра беше дека испаѓа со се атест... ја се извињавам...
 
plimont , те молам кажи ми за тоа дали и за која цена би можел да опскрбам еден WV Golf 3 од 1995 година со плински уред. Не сум во тек за тоа дали од распркувачи користи карбуратор или е со injection. Знам само дека моторот му е 1,6 л.
 
веројатно и јас и плимонт и други на форумов по упатени би ти одговориле меѓутоа не ти го разбирам зборот ОПСКРБАМ???? на кој јазик е тоа бе друже? дај толкување за да ти појасниме...

п.с. колку што знам плимонт уште неколку дена нема да може да ти пише... освен таму кај што е ако не седне на нет и да одговара на прашања, што сумњам...
 
Opskkrbiti (HR)= да снабдиш, опремиш
 
plimont , те молам кажи ми за тоа дали и за која цена би можел да опскрбам еден WV Golf 3 од 1995 година со плински уред. Не сум во тек за тоа дали од распркувачи користи карбуратор или е со injection. Знам само дека моторот му е 1,6 л.

Доколку возилото е со моно-инџексион тип на мотор, ќе се постави Ламбда-Контрол тип на плински уред, кој е со цена од 405 евра.
Доколку возилото е со мулти-поинт инџексион тип на мотор, ќе се постави секвенционален на плински уред, кој е со цена од 540 евра
Во двете варијанти доплата за торусна (кружна) плинска боца е 30 евра.
За попрецизна информација испратете ни го кодот на моторот, од кој може да се види за кој тип на мотор се работи.
 
me interesira kolku ke cini da se stavi plin na SAAB 9000 2.3 t benzin 200 hp i Jaguar x type 150 hp benzin ? fala pozdrav
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom