Ех. Јас сум најмногу афектирам бидејќи играм сингл плеер игри и ги шиткам ако немаат риплеј валју или вооопшто не ми се допаднале, или евентуално ги позајмувам и поклонувам, мада ретко сум земал на старо досега...
Реалноста е дека Steam извади конзола што е послаба од плејката а е поскапа, и се клади на целосната архива игри кои ги имате како дигиталки. Исто и XBOX кој има корисници поради месечниот пас кој нуди многу дигитални игри. Па дури и PS ако видеме поубаво, голем дел сите купуваат дигиталки поради попуст или ги играат со месечната претплата. Во 2025 само 2-30% од игрите имале физички рилис и тоа не секаде низ светот, а плус врз тоа многу од тие физички немаа дискови од старт и беа дигитални или уште се како Baldurs Gate 3, Helldivers2, Silksong, etc.
Па дури и игрите како FIFA, луѓето не ги купуваат секоја година толку и е тешко да се шерат со диск, така еден ја зима и кога се игра кај друг или треба да се седне некаде со другари само логин и цепаш, а не кај кој останал дискот, иди земи го, заборавил, не можел...
Ќе кажете Steam имаат големи сејлс и ефтини игри, но мене не ми менува дали имам 1000 игри на располагање или 10 ако се тие 10 што ќе ги играм таа година. Плус, во духот на анти-хоардинг и немање илјадници игри во библиотека, исто така фурам минимализам максинг (иронично, someone coin this) па така не сакам да чувам пластика наоколу ионака, сакам да сум лајт и кога патувам на пример и сакам све да е онлајн и одма достапно, но долната страна на тоа е цената.
Уште една иронија е што иоако нема да имаат дискдрајвз и физички копии, сепак ќе пораснат цените на игрите бидејќи ефективно ќе стане PSN сторот дистрибутивен монопол поради убивање ритејлерите и препродажбата меѓу корисниците. Којзнае сега дали и GTA ќе извадат диск, бидејќи зошто не вадат диск од старт е долгата логистика и дистрибуција пред рилис, а со тоа о ризикот за спојлери и лиикс.
Не ги хејтам толку PS бидејќи другите големи како PC, Steam, XBOX веќе се многу дигитално ориентирани а корисниците веќе навикнати, што го остава Nintendo како доброто момче со уште физички игри, но којзнае до кога тоа ќе трае и ќе ги заслњдат сите, мада нивните игри гледам ионака ретко се ефтини и секогаш е истата висока цена, па не ни знам дали им менува тоа многу.
Нажалост, тоа е иднината. И нажалост бројките се на страна на Сони. Го голтнавме одамна со дигиталките и 20% попустите, касно е сега за кукање, погледнете си прво библиотеките пред да го фрлете првиот камен. А и искрено, тој правец ни донесе многу инди игри, квалитетни и генерaциски, а индите ретко и имаат физички рилис.
peace V