Твојата конзола ќе мораш да ја означиш како примарна, односно како главна конзола, а потоа ќе можеш било каде на туѓа конзола да се најавиш со твоето корисничко име на PlayStation Network и/или PlayStation Plus и ќе можеш на туѓата конзола да ги играш видео игрите.
Ако ја регистрираш корисничката сметка на туѓа конзола, тогаш таа конзола ќе ти биде примарна бидејќи на таа конзола си ја регистрирал корисничката сметка и на таа конзола за прв пат си се најавил со корисничкото име и со лозинката, а во иднина - ако купиш твоја PlayStation 4 конзола - ќе можеш да ја отстраниш туѓата конзола како примарна конзола и да ја означиш твојата новокупена PlayStation 4 конзола како примарна конзола.
А за регистрирање на PlayStation Network и/или PlayStation Plus, ќе се консултираш со експертите на темава како @
Martin и @
Jedah.