Тајванскиот производител на производи од областа на информатичката технологија, Фокскон, веќе со години е познат по нечовечкиот третман кон сопствените вработени во своите фабрики во Кина, на кои им е дојдено преку глава од ваквиот третман до тој степен што некои се самоубиваат, па Фокскон наместо да примени понормален и почовечки третман кон сопствените вработени, ги заградува сопствените фабрики со решетки на прозорците и со душеци за амортизирање на било каков пад.
После статијата од октомври 2013, објавена во пост
#159 од оваа тема на форумов, според која на кинески студенти кои се на задолжителна пракса во фабриките на Фокскон им се заканува непризнавање на бодови доколку не работат прекувремено за да склопуваат PlayStation 4 конзоли, и после бројните негативни критики упатени кон Сони после излегувањето на нивната конзола во продажба во Северна Америка на 15 ноември 2013, неофицијални извори од Сони и од Фокскон шпекулираат дека можеби станува збор за фабричка саботажа.
Трепкавата плава лента, која веќе го стекна називот Blue Light Of Death - BLOD, се има појавено кај повеќе гејмери кои ја имаат купено новата конзола за видео игри на Сони од осмата генерација. Според Сони, трепкавата плава лента на конзолата може да биде резултат на неправилно вклучување на конзолата при прва употреба, недоволно зацврстен хард диск со штраф, некомпатибилен телевизор што би можело да се реши со инсталирање на нов firmware за телевизорот и ред други причини.
Една од шпекулациите за фабричка саботажа гласи дека вработените во фабриките на Фокскон намерно додале мала количина на олово во термалната паста која се користи за ладење на процесорот на конзолата, што придонесува за намалување на животниот век на процесорот и за зголемување на температурата.
Наводно за ваквата саботажа на вработените во Фокскон уште во август 2013 на Интернет била објавена информација од кинески студент, која набрзо потоа била избришана.
Според неофицијален извор од една од фабриките на Фокскон кој ги тестира конзолите дали даваат слика на екран и дали читаат дискови, 0.4% од конзолите не го поминале неговиот тест за квалитет во фабриката. Но ова важи само за проверка на слика и на BluRay читачот, додека неофицијалниот извор од фабриката на Фокскон вели дека не е запознаен со резултатите од тестовите за квалитет на напојувањето, на процесорот и на системот за ладење на конзолата. Според истиот неофицијален извор, изводливо е оловото, кое е забрането за употреба во електронски компоненти, да помине тест за квалитет без воопшто да биде забележано.
Повеќе детали за ваквите шпекулации за фабричка саботажа може да се најдат на Интернет страниците кон кои водат наредните линкови. Бидејќи статиите се долги, ги објавувам само датумите кога статиите се објавени и името на авторот на статиите.
Шпекулација или вистина, едно е сигурно - Сони и Фокскон дефинитивно имаат сериозен проблем со квалитетот на производите кои Фокскон ги произведува, а Сони ги продава, како и со вработените кои работат во нечовечки услови за да произведат што е можно повеќе од истите тие производи, поради што и Сони и Фокскон имаат за што да бидат загрижени.
http://www.cinemablend.com/games/ps...n-plants-due-employee-mistreatment-60590.html
PS4 Units Allegedly Sabotaged At Foxconn Plants Due To Employee Mistreatment
Author: William Usher
published: 2013-11-16 20:10:11
...
http://www.cinemablend.com/games/PS...ng-Due-Thermal-Paste-Lead-Sabotage-60604.html
PS4 Red Light, Overheating Due To Thermal Paste Lead Sabotage?
Author: William Usher
published: 2013-11-17 14:52:20
...
http://www.cinemablend.com/games/very-few-ps4s-fail-inspection-claims-foxconn-employee-60608.html
Very Few PS4s Fail Inspection, Claims Foxconn Employee
Author: William Usher
published: 2013-11-18 02:44:31
...