PlayStation 4

Многу проблеми пријавуваат тие што го купиле сониве. :icon_lol:

Нешто ново @Џои ?

Типично при пуштање во продажба на нови електронски уреди.

Но мораш да им признаеш на Сони дека барем нивните уреди претежно се расипуваат при пуштање во продажба, додека Xbox 360 има богата историја на RROD дефекти после само неколку месеци користење.
 
Нешто ново @Џои ?

Типично при пуштање во продажба на нови електронски уреди.

Но мораш да им признаеш на Сони дека барем нивните уреди претежно се расипуваат при пуштање во продажба, додека Xbox 360 има богата историја на RROD дефекти после само неколку месеци користење.


Баш онака да ти го скрши меракот кога ќе ти стигне новата конзола :icon_lol:
 
Но мораш да им признаеш на Сони дека барем нивните уреди претежно се расипуваат при пуштање во продажба, додека Xbox 360 има богата историја на RROD дефекти после само неколку месеци користење.


А разликата е? Првото е дури позаникаде, реално!
 
Баш онака да ти го скрши меракот кога ќе ти стигне новата конзола :icon_lol:

Меракот започнува дури за година дена @Џои, кога ќе има што да се игра на новата конзола, кога ќе ја има на лагер во продавниците и кога ќе биде барем а 20 до 30 евра поевтина.

А разликата е? Првото е дури позаникаде, реално!

Кога сме кај квалитетот на готовиот производ, речиси никогаш не можам да излезам во одбрана на Сони, бидејќи речиси се што сум купил од кај нив завршило на сервис во првите 3 години после купувањето.

Колку е позаникаде или поочекувано, навистина не знам, останува да видиме колку среќата ќе ги следи Мајкрософт за 5 дена од сега со пуштањето во продажба на Xbox One.

Но за волја на вистината, и PlayStation 3 имаше многу полош старт од неговиот наследник, но сепак во животниот век на конзолите од седмата генерација, факт е тоа дека PlayStation 3 имаше помалку дефекти од Xbox 360, па затоа мислам дека ова е за никаде, но сепак не е трагично.

Знам како е да имаш готов електронски производ кој веднаш после купувањето завршува на сервис и искуството воопшто не е пријатно, а не зборувам само за готов електронски производ од Сони, туку и од други производители.
 
Интересно е тоа што 90% од тие што имаат пробблми пијавуваат Blue light of death. На амазон од 1500 ревјус, 500+ се 1 заради тој проблем. Што реално е и ПРЕВИСОКА бројка за проблеми. Сепак остануава да видиме колку точно :). Неможеме да знаеме
 
Секакви будали има...
0:44 :ROFLMAO:


Типот си демонстрира дека има пари за фрлање, негова (не)среќа.

А Сони ги заболе што ќе прави тој со нивниот производ, му ги собрале 400 долари, па што сака нека прави. :D
 
не е интересно ова више на секое искачање конзола има вакво сефте
 
Тајванскиот производител на производи од областа на информатичката технологија, Фокскон, веќе со години е познат по нечовечкиот третман кон сопствените вработени во своите фабрики во Кина, на кои им е дојдено преку глава од ваквиот третман до тој степен што некои се самоубиваат, па Фокскон наместо да примени понормален и почовечки третман кон сопствените вработени, ги заградува сопствените фабрики со решетки на прозорците и со душеци за амортизирање на било каков пад.

После статијата од октомври 2013, објавена во пост #159 од оваа тема на форумов, според која на кинески студенти кои се на задолжителна пракса во фабриките на Фокскон им се заканува непризнавање на бодови доколку не работат прекувремено за да склопуваат PlayStation 4 конзоли, и после бројните негативни критики упатени кон Сони после излегувањето на нивната конзола во продажба во Северна Америка на 15 ноември 2013, неофицијални извори од Сони и од Фокскон шпекулираат дека можеби станува збор за фабричка саботажа.

Трепкавата плава лента, која веќе го стекна називот Blue Light Of Death - BLOD, се има појавено кај повеќе гејмери кои ја имаат купено новата конзола за видео игри на Сони од осмата генерација. Според Сони, трепкавата плава лента на конзолата може да биде резултат на неправилно вклучување на конзолата при прва употреба, недоволно зацврстен хард диск со штраф, некомпатибилен телевизор што би можело да се реши со инсталирање на нов firmware за телевизорот и ред други причини.

Една од шпекулациите за фабричка саботажа гласи дека вработените во фабриките на Фокскон намерно додале мала количина на олово во термалната паста која се користи за ладење на процесорот на конзолата, што придонесува за намалување на животниот век на процесорот и за зголемување на температурата.

Наводно за ваквата саботажа на вработените во Фокскон уште во август 2013 на Интернет била објавена информација од кинески студент, која набрзо потоа била избришана.

Според неофицијален извор од една од фабриките на Фокскон кој ги тестира конзолите дали даваат слика на екран и дали читаат дискови, 0.4% од конзолите не го поминале неговиот тест за квалитет во фабриката. Но ова важи само за проверка на слика и на BluRay читачот, додека неофицијалниот извор од фабриката на Фокскон вели дека не е запознаен со резултатите од тестовите за квалитет на напојувањето, на процесорот и на системот за ладење на конзолата. Според истиот неофицијален извор, изводливо е оловото, кое е забрането за употреба во електронски компоненти, да помине тест за квалитет без воопшто да биде забележано.

Повеќе детали за ваквите шпекулации за фабричка саботажа може да се најдат на Интернет страниците кон кои водат наредните линкови. Бидејќи статиите се долги, ги објавувам само датумите кога статиите се објавени и името на авторот на статиите.

Шпекулација или вистина, едно е сигурно - Сони и Фокскон дефинитивно имаат сериозен проблем со квалитетот на производите кои Фокскон ги произведува, а Сони ги продава, како и со вработените кои работат во нечовечки услови за да произведат што е можно повеќе од истите тие производи, поради што и Сони и Фокскон имаат за што да бидат загрижени.

http://www.cinemablend.com/games/ps...n-plants-due-employee-mistreatment-60590.html

PS4 Units Allegedly Sabotaged At Foxconn Plants Due To Employee Mistreatment

Author: William Usher

published: 2013-11-16 20:10:11

...

http://www.cinemablend.com/games/PS...ng-Due-Thermal-Paste-Lead-Sabotage-60604.html

PS4 Red Light, Overheating Due To Thermal Paste Lead Sabotage?

Author: William Usher

published: 2013-11-17 14:52:20

...

http://www.cinemablend.com/games/very-few-ps4s-fail-inspection-claims-foxconn-employee-60608.html

Very Few PS4s Fail Inspection, Claims Foxconn Employee

Author: William Usher

published: 2013-11-18 02:44:31

...
 
А разликата е? Првото е дури позаникаде, реално!

Во цивилизација (читај - не во Македонијава) имаш поголеми шанси за refund на нешто во прва недела користење него ли после 6 месеци.
 
Во цивилизација (читај - не во Македонијава) имаш поголеми шанси за refund на нешто во прва недела користење него ли после 6 месеци.

Не знам за тебе, но јас имам искуство со враќање на неисправни производи во првите неколку денови или недели од купувањето и ми ги вратиле парите до последен денар без никакви одолговлекувања.

Секако дека ги има такви кои сакаат да се прават силни и непобедливи, со поставување натписи КУПЕНАТА РОБА НЕ СЕ ВРАЌА, но и за такви има лек - се вика Државен Пазарен Инспекторат.
 
Свежа информација, верувами официјална... од страната на Facebook, PlayStation Macedonia.

Долгоочекуваниот момент дојде!

Дами и господа, PlayStation ® 4 (PS4 ™), ќе ја направи својата премиера во Македонија на 29-ти Јануари 2014 година!

Првиот PS4 бандл(комплет) кој ќе го разигра секое гејмерско срце ќе ја вклучува PS4 ™ конзолата и насловот Killzone ™: Shadow Fall.

Ќе се стрпиме уште 2 месеца.
 
Свежа информација, верувами официјална... од страната на Facebook, PlayStation Macedonia.

Долгоочекуваниот момент дојде!

Дами и господа, PlayStation ® 4 (PS4 ™), ќе ја направи својата премиера во Македонија на 29-ти Јануари 2014 година!

Првиот PS4 бандл(комплет) кој ќе го разигра секое гејмерско срце ќе ја вклучува PS4 ™ конзолата и насловот Killzone ™: Shadow Fall.

Ќе се стрпиме уште 2 месеца.

Дај линк од информацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom