PlayStation 4

Плаќање до 48 рати без камата е единствено можно преку кредитна картичка на Стопанска Банка, но не и преку апликација за потрошувачки кредит.

Добро е да се знае тоа, со оглед на фактот дека воопшто не е спомнато на официјалниот веб сајт на Пан Европа. (y)
 
Добро, што ако еве земам плата или пензија преку стопанска банка? Нема да можам да купам на 48 рати без камата само затоа што несакам да се задолжувам со кредитни картички? Или може и со дебитна?

А вака гледам ти имаш доста постови на темава па сакав да те прашам. Имаш ли ти ПС4? Што мислиш, се исплати ли да земеш ПС4? На 48 рати без камата би требало да му дојде околу 395~396 ден - месечно (На 18990 ден). Ратата можеби не е многу меѓутоа игриве се изгор, нова игра е пола плата, ок не пола ама 1/3. 10 нови игри се 500 евра, повеќе од самата конзола. Може ли да се купуваат игри на старо? Еве гледам нешто по reklama5 ставаат огласи за употребувани игри, ама којзнае како оди тоа. Па згора на се, кога ќе слушнам и дека наплаќаат за да играш онлајн, ми се сере - please pardon my french. Или можеби се плаќа онлајн само за одредени игри? И за крај, мислам дека Македонија и не е подржана на (Playstation Network) или е? Како воопшто ќе се регистрираш онлајн, ако самата земја од кадешто си, ја нема на менито за селекција. Еве на пример, Playstation Now сервисот неможе да се користи од тука, колку што ми е мене познато, баш и отворив тема за ова.
 
Како бе на рати со дебитна? :pos:
Прогуглај што е кредитна што е дебитна. Фала богу дека ти треба кредитна за да земеш на рати. Крај краева, кое црно задолжување за кредитна кога ти е 0% камата? (Океј, плаќаш околу 300 денари за кредитната втората и третата година)

Иако не е за мене...
Се исплати ако имаш ќеф. Според твојов став ќефот ти е минимален скоро и да го нема т.е. тебе ти е срушен филмот уште од старт ради цената.
Размена на игри постои (врати се страна поназад каде имам линкнато група од фб). Можеш со една купена игра да изиграш десет на тој принцип.
За онлајн, постои опција да го купиш аксесот заедно со некој, односно по 1500 денари годишно. Ако 1500 денари се проблем, ондак заеби, не купувај. Дури и 3000 не би требало да се проблем со тоа што секој месец нудат 2 бесплатни игри кои во глобала се тешки глупости ама и се начекуваат игри како Rocket League, Batman и остали.
За земјата, ќе се регистрираш на Бугарија доколку ги купуваш картичките од Пан Европа. Доколку ги зимаш од интернет ондак USA или GB.
 
Што се однесува до картичкиве (credit/debit), pardon my ignorance, ама немам многу искуство со задужувања и идење у була.

А за ова другово, незнам, искрено не сум размислувал толку многу. Имав ПС1 и ПС2 во старите добри времиња, се знаеше тогаш, плаќаш конзолата таму 300 евра, марки или што и да беа, носиш на чипување и купуваш игри од локалната прчварница за 100 денари на Princo Budget диск :icon_lol:, а ПС3 никогаш не ни купив, па ми е малце криво што никад не ги изиграв God of war III и Ascension и Gran Turismon 5,6. Playstation највеќе ме влече за ексклузивните игри што ги има, а и PC гејмингов отиде по ѓаволите, неможеш да пуштиш COD на steam без на секој сервер да има барем еден идиот што рока све со еимбот. Освен тоа и деловиве за PC се скапи, а тек за година, две новите игри нема ни да можеш да ѓи пуштиш без да плаќаш за нова графичка.

Е сега, ова што го кажа за претплатата, тоа е нешто како shared subscription? Не губиш ништо во смисла на привилегии/бенефити бидејки нели го споделуваш/купуваш со некој друг? И ова исто што кажа за една купена игра, можеш да изиграш 10 други? Ај елаборирај, подобјасни малку, звучи примамливо.
 
Значи околу една купена игра а да изиграш 10 мислеше на тоа што цело време се мењаш со игрите (како порано со нинтендо дискетите), затоа и ти ја пастираше ПС4 страната од ФБ. Пример купуваш The Last Of Us, ја изигруваш и бараш замена за некоја друга, се разбира доколку некој сака да ја игра твојата понудена а ти сакаш да ја играш неговата понудена и све така во круг. Значи оваа варијанта наједноставна е со физичка копија т.е. диск, доколку имаш дигитална, играта е врзана на акаунтот (исто како на стим и оригин) така да освен трејданје на акаунтот што не верувам дека некој го праве, друг начин нема како да ја трејдуваш играта.
Предност кај физичката копија е што на кој и Сони да ја пуштиш играта ќе ја играш преку твојот акаунт, со тоа ќе ги фармаш трофеите од истата за разлика кај дигиталната варијанта предност е што истата игра можеш да ја играш на 2 различни ПС4 истовремено. На тој ПС кај што си го направил акаунтот примарен ќе можеш исто така од било кој акаунт да ја играш и да фармаш трофеи, а на сите други ПС, за да ја играш ќе мораш да се логираш од акаунтот каде што си ја купил играта.
Прост пример, секоја година јас и @Дон Џелатимус купуваме Фифа (дигитална варијанта) така што акаунтот каде што е купена фифа на неговиот ПС е напраен примарен, така што тој си игра со неговиот акаунт, а јас кај мене играта морам да ја стартовам со акаунтот кај што сме ја купиле фифата, така што 2цата ја имаме и играме истовремено. Со тој акаунт јас на било кој ПС4 да се логирам, еднсотавно ја симнувам и ја играм.
На истиот начин функционира и ПС+ претплатата. Од овој аспект јас со @Дон Џелатимус имаме направено друга финта. Он на неговиот акаунт има купено ПС+ претплата и го има аднато мојот ПС како примарен, така што јас на мојот ПС можам онлајн да играм со било кој акаунт, а тој со неговиот акаунт исто така може на неговиот ПС да си игра онлајн.
Навидум сложено, али нов си, затоа ти е така измешано. Во глобала просто е ко граФ :D

btw продавам фифа 16 (дигитална верзија-акаунт), како што кажав претходно со можност да се игра на 2 ПС4.
 
А вака гледам ти имаш доста постови на темава па сакав да те прашам. Имаш ли ти ПС4? Што мислиш, се исплати ли да земеш ПС4? На 48 рати без камата би требало да му дојде околу 395~396 ден - месечно (На 18990 ден). Ратата можеби не е многу меѓутоа игриве се изгор, нова игра е пола плата, ок не пола ама 1/3. 10 нови игри се 500 евра, повеќе од самата конзола. Може ли да се купуваат игри на старо? Еве гледам нешто по reklama5 ставаат огласи за употребувани игри, ама којзнае како оди тоа. Па згора на се, кога ќе слушнам и дека наплаќаат за да играш онлајн, ми се сере - please pardon my french. Или можеби се плаќа онлајн само за одредени игри? И за крај, мислам дека Македонија и не е подржана на (Playstation Network) или е? Како воопшто ќе се регистрираш онлајн, ако самата земја од кадешто си, ја нема на менито за селекција. Еве на пример, Playstation Now сервисот неможе да се користи од тука, колку што ми е мене познато, баш и отворив тема за ова.

Не, од поодамна немам конзола по дома, но активно го следам пазарот на конзоли и на видео игри за конзолите.

Не знам за PlayStation Now, на мене воопшто не ми делува како исплатлив сервис, бидејќи сепак работи преку претплата, од оваа гледна точка Xbox One има предност наспроти PlayStation 4 бидејќи на Xbox One може да се играат видео игрите за Xbox 360 - видео игрите за кои има поддршка да се играат на Xbox One, се разбира - и сето тоа бесплатно и без никакви дополнителни претплати.

PlayStation Network и PlayStation Plus можеш да ги користиш и во Македонија, со разликата што ќе одбереш друга држава, @Martin има спомнато која држава е најисплатлива, односно во која држава ги продаваат видео игрите за PlayStation 4 по барем малку пониска цена наспроти нивната цена во долари или во евра.

А инаку, кога сме кај мене лично, кога би купувал нова конзола, сигурно ќе ти делувам старомодно, но јас лично би купил PlayStation 3.

За почеток, PlayStation 3 може да се користи и на обичен телевизор преку SCART кабел, додека PlayStation 4 може да се користи само на LCD или плазма телевизор преку HDMI кабел. Може да се испроба и мала модификација со HDMI кон SCART адаптер, со која конзолата би работела и на обичен телевизор, но тоа никогаш не сум го испробал и никогаш не сум видел дали и каква слика и звук дава на обичен телевизор, поради што ваквата можност останува под знак прашалник. Се разбира, HDMI кон SCART адаптерот ќе мораш дополнително да го купиш.

Понатаму, на PlayStation 3 може да се играат пиратски копии од видео игри, нешто што сеуште не е достапно ниту на PlayStation 4, ниту на Xbox One. Понатаму, ако добро го конфигурираш хакот или хакерскиот мод на PlayStation 3, ќе можеш да ги играш видео игрите и на Интернет, не ме прашувај за ова бидејќи воопшто не сум упатен во ваквата проблематика.

И за разлика од PlayStation 4, ако имаш оригинална копија од било која видео игра за PlayStation 3, истата ќе можеш да ја играш бесплатно на Интернет, бидејќи за разлика од PlayStation 4, на PlayStation 3 не ти треба претплата на PlayStation Plus за да можеш да ги играш видео игрите на Интернет.
 
Умре времето со чипување од PS3 12GB(кој едвај може да се чипува со посложена хардверска процедура), а PS4 нагоре тешко. Иначе мислам нешто најдобро на PS3 е што искочи God of war Saga каде што сите игри ги има од серијалот ремастерирани во HD освен последната Ascension која посебно се купува. Проблемот не е во цената на конзолата, туку во игрите. Да се игрите бесплатни за симнување, конзолите како алва ќе се продаваат, ама кога ќе ти текне дека производството на игрите е огромен процес (како филм) и за тоа се потребни огромни трошоци со голем број на работници и труд, ќе си речеш никој беспари не се поти за да направи нешто. Според мене, игрите треба да се плаќаат, но по симболична цена до некојси 20 евра за да може поголемиот број од гејмерите легално да си ја набават.
 
Со оглед на фактот дека една ексклузива како Бладборн, која чини 1500 денари, дигитална копија, а верувам дека и може да се исценка околу цената, потоа Вичер 3 која кошта 1400 денари, Драгон Ејџ за 1000, Шадоу оф Мордор - 1200 денари, Фолаут 4 и Дум новата по 1700 денари, па отприлика за околу 120 евра јас лично имам една година за играње на одлични наслови. Плус би ја додал и Дарк Соулс 3 во овие, и мене ми е повеќе од доволно со оглед дека и немам желба ниту време за играње на све и свашта. Башка и имам другарчиња кои имаат Сонка, па ќе пуштат некоја игра гарант, а и менување доаѓа во предвид. Ајде, долго време чекам, се надевам дека набрзо ќе се усреќам.
 
Умре времето со чипување од PS3 12GB(кој едвај може да се чипува со посложена хардверска процедура), а PS4 нагоре тешко. Иначе мислам нешто најдобро на PS3 е што искочи God of war Saga каде што сите игри ги има од серијалот ремастерирани во HD освен последната Ascension која посебно се купува. Проблемот не е во цената на конзолата, туку во игрите. Да се игрите бесплатни за симнување, конзолите како алва ќе се продаваат, ама кога ќе ти текне дека производството на игрите е огромен процес (како филм) и за тоа се потребни огромни трошоци со голем број на работници и труд, ќе си речеш никој беспари не се поти за да направи нешто. Според мене, игрите треба да се плаќаат, но по симболична цена до некојси 20 евра за да може поголемиот број од гејмерите легално да си ја набават.

Да, се согласувам. Кога би живеел некаде на запад и платата ми е горе~доле 1500~2000 евра, а тоа се впрочем минималните плати таму, нешто како 10,000~14,000 тука, би ја купил конзолата заедно со уште едно десетина игри од старт, и око нема да ми трепне. Ама тука не е запад, со МК плати неможеш сметките да си ги подмириш па камо ли да ти останат пари за гејмање.

А ваква, работа како ти што збориш, да се направат цените симболични околу 20 евра за игра, мислам дека тоа би ја олеснило работата, колку толку. Ете, во Русија знам дека е така, јас памтам купив руска копија за Black Ops, и ја активирав на Steam, и сето тоа ме чинеше 20 евра. Ама тука во Македонија и воедно на балканот маркетот е толку мал што за нив не се ни исплати со мал прст да мрднат за да посегнат некоја ваква иницијатива. Впрочем, тука пиратеријата цвета бетер и од тоа во Русија и Ќина.
 
Тие 50-60 евра/долари што ги даваат луѓето во Америка и во Европа според нашата куповна моќ се како некојси 500/600 денари. Па и попусти кога има, да не зборам, како џабе е. Но да, кај нас и пиратеријата цвета, тоа е како некој вид традиција, си велиме: "абе шо ќе давам сега и 5 евра кога можам беспари да си набавам..." и со тоа се оштетува пазарот на игри. Но мене највеќе што ме нервира кај конзолите е што не можеш и да имаш пари, со картица да си купиш дигитална копија и фино лепо да си ја играш, од друга страна на Амазон без впишана британска или американска адреса не можеш да купиш при пејд ваучер за игра. Така да најдобра варијанта за нас си е физичка копија (диск), но за тоа пак има транспортни трошоци и за купувачот и за фирмата и цената пак е висока.
 
Го заборави уште и фантомскиот share кој е мошне добар за single player игри кој еднаш ги играш и никојпат веќе.
Фантомски share се прави со тоа што акаунтот на кој што е играта го правиш Primary на одредена конзола и потоа истата конзола ја исклучуваш од интернет.
Со тој акаунт се логираш потоа на store.playstation.com и преку компјутер правиш декативација на таа конзола.
Се додека конзолата е исклучена од интернет играта ќе функционира како во Primary и ќе добиваш трофеи. Штом ја поминеш играта се врзуваш на интернет серверите ќе проверат дека си направил деактивација и ќе се заклучи а трофеите секако ќе се учитаат на твојот профил
Фантомски шаре можеш да направиш еднаш на 6 месеци.
 
Веројатно се нешто како 300-400 денари. Колку што беа дискетите за нинтендо на Бит Пазар на времето. Ако ја видиш цената на една нова игра што чини 59,99 тоа е точно една дневница во согласност со минималната плата на запад. Коинциденција? Најверојатно не, тие земји си ги штитат граѓаните со тоа што ги регулираат цените, и платите. А што се однесува до самата пиратерија, да прашаш кај нас еден џандар на улица дали знае што е тоа, веројатно ќе мисли дека му збориш за овие пиративе од Сомалија што ги слуша на вести, што дополнително ја објаснува игнорантноста кон цела оваа работа. А и до неодамна локалните прчварници кадешто се режеа и продаваа дискови си работеа без проблем, пред масовното ширење на интернет да ѓи исфрли од бизнис. Законот не го спроведе полицијата, туку некој природен или неприроден феномен.

Еве да се навратиме пак на истото. Политиката што Сони ја превзема кон земји како Македонија, Србија, Албанија е истата политика што ја води со Бурунди, Того, Гана, Нигер, Зимбабве и тн. Ти неможеш да ја искористиш твојата картичка он-лајн бидејќи Сони, Амазон воопшто немаат конзумери тука во Македонија, и официјално не ја признаваат земјава како маркет на којшто тие пласираат производи. Фирмите како Пан-Европа на своја рака пласираат производи во земјава, секој може да натовари шлепер во Германија и да носи да продава конзоли тука, но фактот што Македонија не е на листата кога правиш акаунт, кажува нешто поинаку. Ова е само уште еден сервис на којшто треба да се пишеш Бугарин за да можеш да го користиш.
 
Да, може и тоа. Исто така може на некој поблизок свој да му го дадеш акаунтот, пример(без примарен да го става) се логира со акаунтот и го дисконектира интернетот, во овој случај ќе може да игра 1 саат без Сони да му ја чекира лиценцата, после тој саат ќе мора пак да се логира ако сака да продолжи да игра во спротивно ќе му се исклучи играта. Во секој случај подобра варијанта е таа што ја кажа.

Иначе околу поддршката на Сони, Македонија само ја нема во ПС мрежата иначе официјално има sony.mk веб, но доколку пробате да контактирате или побарате помош, автоматски истото ќе го превземат бугарски оператори и ќе ви одговорат на пораката со google translate.
Околу цената на игрите од наша гледна точка се скапи, но не може ова вака да се гледа. Иако претходно неколку членови одговорија дека они си го редат за нивниот стандард јас ке надополнам : еве да речеме дека ги направиле по 20евра игра, тоа нас ни одговара а за запад е багатела. Тука на ред идат некои афрички земји каде се уште поотепани од нас и бараат место 20евра игрите да бидат 5 (пример). Небива нели..
Значи цената во глобала си е ОК, тоа што нашиот стандард е далеку за да си препуштаме вакви луксузи не е нивни проблем. А што гледаат од секоја можна страна пари да лапаат, гледаат дефинитивно.
Околу купувањето на амазон. Значи да, треба адреса, али таму можете да пишете што сакате зошто сепак ќе купувате кодови, а не физичка роба па да ви е битна домашната адресата. Ова ми е пробано и функционира и ден денес. Не е битно што ќе пишете во адресата и не е битно дали е амазон ус, ук, де или друг. Купувате дигитална роба и после трансакцијата кодот го имате и на амазон профилот и на емаил ви го прајкаат, така да дигитално е поевтино и можете да ги искористите попустите што ги нудат. Е сега како што кажав во претходниот пост и дигиталната и физичката варијанта си имаат свои маани и предности.
 
Не мора да значи да се играат сите нови игри, еве на пример постои услуга која се вика ЕА Акцес за Хбоксот и со неа за 4 евра на месец добиваш солидна понуда како ФИФА 16, Маден 16, и останатите ЕА наслови како Нид фор спид, БФ3 и 4, Хардлајн, Плантс вс Зомбиес, Тајтнфол,Драгон Ејџ и други, биди сигурен кога ќе пројде хајпот и ќе опадне продажбата ќе дојдат и ФИФА 17, БФ1, и Тајтнфол 2, што обично се случува после 6 месеци. Tоа е доволно за просечен гејмер еве јас многу малку купувам игри и обично купувам две франшизи како КОД и ФИФА што имаат добар мултиплеер и можат да се играат цела година. http://www.plaisio.gr/games/xbox-on...Xbox-One-S-500GB-FIFA-17-Bundle-ZQ9-00056.htm еве ја имаш во солун за 300евра со се ФИФА 17 што е добар дил а после како ти се посреќи на царина.
 
Веројатно се нешто како 300-400 денари. Колку што беа дискетите за нинтендо на Бит Пазар на времето. Ако ја видиш цената на една нова игра што чини 59,99 тоа е точно една дневница во согласност со минималната плата на запад. Коинциденција? Најверојатно не, тие земји си ги штитат граѓаните со тоа што ги регулираат цените, и платите. А што се однесува до самата пиратерија, да прашаш кај нас еден џандар на улица дали знае што е тоа, веројатно ќе мисли дека му збориш за овие пиративе од Сомалија што ги слуша на вести, што дополнително ја објаснува игнорантноста кон цела оваа работа. А и до неодамна локалните прчварници кадешто се режеа и продаваа дискови си работеа без проблем, пред масовното ширење на интернет да ѓи исфрли од бизнис. Законот не го спроведе полицијата, туку некој природен или неприроден феномен.

Еве да се навратиме пак на истото. Политиката што Сони ја превзема кон земји како Македонија, Србија, Албанија е истата политика што ја води со Бурунди, Того, Гана, Нигер, Зимбабве и тн. Ти неможеш да ја искористиш твојата картичка он-лајн бидејќи Сони, Амазон воопшто немаат конзумери тука во Македонија, и официјално не ја признаваат земјава како маркет на којшто тие пласираат производи. Фирмите како Пан-Европа на своја рака пласираат производи во земјава, секој може да натовари шлепер во Германија и да носи да продава конзоли тука, но фактот што Македонија не е на листата кога правиш акаунт, кажува нешто поинаку. Ова е само уште еден сервис на којшто треба да се пишеш Бугарин за да можеш да го користиш.
Е токму заради последнава реченица имам американски профил и преферирам физички копии од игри.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom