Пиволенд 2009 (17.-20.09.2009)

Добро беше и денеска, ама вчера беше најјако на Атеист рап и Дубиоза колектив, не ги слушам ама мора да се признае дека направија одлична атмосфера...
сите скокаа и рацете во воздух..вауууууууууу јако беше!:vozbud:
Ова беше одличен викенд, уште утре да испоштуваме и после се одмараме.позз:salut:
 
Јако и денес многу луѓе очекувам да се популализира скопското Кале повеќе со журки има простор и посебно овој фест одлично поминува.
 
Јако и денес многу луѓе очекувам да се популализира скопското Кале повеќе со журки има простор и посебно овој фест одлично поминува.
Конечно треба да им текне да се прават повеќе журки таму. Местото е одлично. Имаше луѓе од сите возрасти во сите три дена. Мислам дека овој пиволенд највеќе луѓе има собрано:toe:
 
Еве сеа се прибирам дома, и ептен добро беше денес, не знам дали е од многуте испиени пива или бендовите беа добри:).
Одлична атмосфера, пристигнав околу 9, мавнав две плескавици, почнаа Зијан и ок беа, направија добра атмосфера. Не планирав да ги гледам Паркети, бидејќи јас сум од постарата публика и ги знам од нивните почетоци, па како и повеќето го делам мислењето дека се шитнаа, ама немаше што да правам па останав да ги гледам, и ок беа, се потрудија да докажат дека сеуште се панкери свирејќи ја 'Да ја ебам баба ти на летање', имаа добар настап. Трјубјут ту ЕКВ исто беа ок, одлично си поминав и на нив. Оркестар Агушеви завришија маестрално, хитче до хитче, браво, подобри беа и од Есма, секоја чест. Тоа е тоа, сеа идам да спијам, да соберам енергија за последниот ден.
 
Овие паркети можат слободно да се обесат на Широк Сокак, срам ми е шо сум ги слушал како помал!!!
Вива ла фашизмо! :kesa:
Порано тој Сашо носеше мајца "Смрт Фашизму, Слобода Народу", но луѓето се менуваат! :icon_lol: Најзакон беа тие што креваа рака (zip file) и после се журкаа на циганска музика! :icon_lol:

Како и да е добра вечер, утре со исто темпо...:cug:
 
DAY 3

Ја искористив приликата конечно да си купам мајца ПИВОЛЕНД 2009.

Вечерва решив да избегнувам меин и денс стејџ колку може повеќе и супер ми беше.
Значи вака одеше некако :) Со Лидија седевме малку на етно стејџ слушајќи Марија џез трио и тргнавме по тезгите каде што се продаваа ракотворби и слични карактеристични предмети. Стрелав со лак и стрела, мошне интересно искуство.
Потоа ојдовме на кино да гледаме второ полувреме од полуфиналето во евробаскет каде што играа Србија и Словенија. Одличен баскет падна, се собра многу народ да навива за едните или другите или за добар баскет воопшто.
Потоа пак назад на етно стејџ каде што редицата за купување храна броеше 30тина по што се откажав од јадење на кале таа вечер :)
Добра работа од тоа е што ги видовме Fuzz Bubble Crew како жонглираат со оган. Лоша работа е што ни јас ни Лидија не носевме фото-апарати, па моравме со мобилни да сликаме :(
_DSC00101.jpg

За крај сепак денс стејџ не ни избега, го слушавме Роботек како пушта техно со фанки елементи. И пак снема струја на денс стејџ. :spoooj::kesa:
 
Четвртокот беше арно, Психомодо беа одлични, сајлент стејџот интересен иако слабо посетен, настанот неверојатно посетен со оглед на временските услови, скарата просечна, вецињата изненадувачки со арома на јагода :)
Петокот решив да бегам подалеку од мејн стејџот и вечерта ја поминав во главном на ДнБ, а пошто сум ептен анти-пиво-фан, у знак на протест си шверцав ракија :icon_lol: Е, од богзна каде ми се најде во рака единственото пиво што екшли ми се свиѓа, некое белгиско со вкус на вишна, Kriek се викаше или нешто така. Да беа сите пива од вишна, јас ќе бев најголема пивопија :icon_lol:
Како и да е, атмосферата генерално беше многу пријатна и одлично си поминав.
 
За разлика од петокот ... вчера беше многу потапа ... поише гужва потапа бендови ... битно дегустирав 5-6 пива хаха. Според мене никој не напраи атмосфера како шо напраиа Atheist Rap и Psihomodo Pop! (какви луѓе имаше вчера во публика ... се шуткаа на чочекот на ферус коа го свиреа паркети!!!)
 
Е што дека се шуткале де,значи дека весели биле луѓето и дека овие направиле добра атмосвера на добра атмосвера сигурно ќе рипаат луѓето не
како мртовци да седат и од време на време headbang да даваат
Според мене најдобра атмосвера создадоа Паркети и
Fighting Windmills(малку луѓе и дожд али присутните пак беа расположени)
 
Никој не го прокоментира настапот на Hardfaced вчера ?
Охриѓаните растурија.
Прашина пред сцена , позади сцена , врз пиволенд облак.
Презентирањето на новиот материјал им помина одлично судејќи според реакциите на публиката. Бубњарот им ја растури дуплата папуча па мислам дека токму тоа беше тема на зборување помеѓу многу луѓе вчеравечер.
Морам да се пофалам дека се пробавме со ПараноиК на пиво на екс , и секако се знае кој тепаше.
Покрај тоа етно стејџот го посетив за време на Cock-Sick-O-логија и морам да се пожалам на мала посетеност на етно стејџот . Како и да е таму бар имаше скопско во ладна кригла а не во пластична чаша :) .
 
Мене искрено не ми се допаднаа Hardfaced не ми се допаѓа таков стил не
дека се лоши
 
За разлика од петокот ... вчера беше многу потапа ... поише гужва потапа бендови ... битно дегустирав 5-6 пива хаха. Според мене никој не напраи атмосфера како шо напраиа Atheist Rap и Psihomodo Pop! (какви луѓе имаше вчера во публика ... се шуткаа на чочекот на ферус коа го свиреа паркети!!!)

Кретени се шуткаа на днб...
 
Мене искрено не ми се допаднаа Hardfaced не ми се допаѓа таков стил не
дека се лоши
Не дека беа лоши туку немаше некој да се качи на сцена и да се разнесе меѓу нив:vozbud:
 
Како беше на Трјубјут ту ЕКВ? Имаше многу луѓе, фанови на ЕКВ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom