Пиволенд 2009 (17.-20.09.2009)

Дубиоза растурија:vozbud:морам да си кажам:pipi:
добро днб се слуша од денс стејџот,
премногу гужва,
ама се на се топ.
за вечер ако се има сили ќе се оди.
 
Вечер на ПиЕмЏи.

Треба да е добро :))

Него вчера Exotist и Бастиан не ми го направија меракот, првиве премногу напнаа со таква музика "насабајлечки" што се вика, а вториве не ја исвиреа "Мајка му на Дени".
Али ипак, да глеаш 4 хед-бенга е јако искуство.
 
Супер беше Пиволенд! Ај наредна година пак!

Леј види па јас ќе ти реплицирам на тебе хахахаха :) Супер беше и незаборавно си поминавме! А сега назад на Једина :)
 
Одлично како што кажав и претходно местото е фантазија за гоолеми журки идна година сигурен сум дека ќе имаме многу побогата програма па зошто да не и некој ден повеќе.
 
закон,вечерва ми беше најопуштено,народот беше топ,немаше некоја опасна гужва,сите расположени,на почеток ги испоштуавме RAW,Пазарна инспекција и Furion,глеавме кошарка,скокавме на Stereo MC's и накај дома.
 
Одлично како што кажав и претходно местото е фантазија за гоолеми журки идна година сигурен сум дека ќе имаме многу побогата програма па зошто да не и некој ден повеќе.

Хах, некој ден повеќе, тешко дека ќе видиме. Скоро сите фестивали на балканот траат по 4 дена. Повеќе стејџови, би било интересно, сепак организаторот треба да одлучи, т.е. да си ги процени можностите колку стејџа може реално да опслужува. Денс стејџот на неколку пати имаше прекини на струја.
Енивејз, одам да спијам, кога ќе станам се надевам дека нема да бидам мрза и ќе закачам некое сличе и ќе пишам ред два-три :)
 
пиволенд ме растури викендов.. многу топ свирки.. денсање, расположен (пијан) народ топ викенд нема што.. е да не беше некој на silent party? криво ми е шо не отидов...
 
Одличен Пиволенд, заслужува пофалба. Ми се допаѓа тоа што се развива, овој е само втор и се забележа напредокот во однос на првиот. Така да очекувам наредниот да биде уште подобар. Би било добро доколку би се зголемил штандот за Лашко, таму имаше многу гужва. Добро би било некако да се добие на повеќе простор за да може да прими уште повеќе луѓе без да се ствараат многу гужви и нервози. Верувам дека во иднина ќе има и побогата музичка понуда, како со сцени така и со изведувачи.
 
многу ми се допадна! помасовно од лани, но тоа не ја наруши енергијата. Цените таман. Малце гужва во петокот, но не пречеше...четвртокот и петокот бев, саботата не бев тука и неделата ја пропуштив како резултат на состојбата во саботата :) Ќе ги издвојам настапите на Амон Мра и Лилит, Дубиоза, Есма..најмногу ми легнаа некако..криво ми е што Комедија не дојдоа, ќе беа супер. На Баскерфест хит ми беа. Пиво еден тон се испи, секакво. Лашко темно и златно наше најубаво Скопско ми беа фаворити.

Не знам некако најубаво ми е Скопско да си зеам и проверено ми е и не се замарам. Горското беше евтино, но не е некое искуство да го пиеш :)

Си купив кригла од 0.5 и ја полнев на лашко темно..таа се бунеше зашто е 0.5, а тие точеле 0.33, но сепак ја полнеше цела :)

Едвај чекам другата година, се надевам ќе се согласат за потопол термин.
 
Стварно се пуштало вчера hardstyle на пиволенд?:nesum:
 
Годинава Пиволенд подобар, помасовен, повеќе стејџа.

Киснев сите 4 дена, се препив најразлични пива, но најбоље ми беше Лашко шо немаше ден да не пијам Лашко во поголеми количини.

Од аспекат на музика, четврток Психомодо Поп закон дечките отворија, петок Дубиоза и Есма рулз, сабота Зијан, а и Роботек го слушавме на денс стејџ и вчера недела Stereo MC's закон dj set и MC-то... и на крај рече „see'ya soon in skopje with all band“, ае да вииме у скоро време дали ќе доат сите комплет.

Замерки: сајлент диско, 100-че слушалици, ма дај. Второ, транс нигде никаде, малце да се здрма, акцентот фрлен поише на техно и dnb од електронска гледна точка. И трета најбитна замерка, србите од лани со оригинал лесковача, вратете ги догодина, ептен јака лесковача имаа и кечап закон.

П.С. Иам клипои од stereo mc's да окачам на јутуб ќе лупнам. :wink:
 
ја само вчера не бев на кале. али на претходните три дена шо бев најбоље. атеист рап,попа шапча и трибјутот за екаве ми беа некако најинтересни од се што се случи. за 3 дена преку 15 литра пиво. Лашко и светло и темно,бекс,скопско,горско(доека даваа за стотче литро ипол),Јелен,Никшичко и уше неколку на кои не ми текнува во моментов. За разлика од четвртокот,во петокот и саботата имаше ептен поише народ. На страната на пиволенд викаат дека во четвртокот имало околу 30 иљади,а во петокот 50. Наредната година очекувам да биде уште поубаво од ова,со побогата програма(иако и оваа не беше за потценување),уште повеќе пива,повеќе место и така=)
 
Како беше на Агушеви ... во саботата мислам дека настапуваа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom