Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,2%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 78 11,3%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 123 17,8%

  • Вкупно гласачи
    692
А јас се спремав да земам пакет... Ама Eichbaum не е ни за другари што не пребираат. :)
Eichbaum (Германија), Van Pur (Полска), Champigneulles (Франција), Feldschlossen Dresden... сите се исто срање.

Не може една пивара да има 20 пченични пива со по 5.2% алкохол. Истото пиво го продаваат цело време само во различно пакување.
Уште цена кога ќе му видиш 25 денари, а донесено од Германија, каде што заработка треба да има продавницата, увозникот, произведувачот... па види што пиеш. Шишенце вода Пелистерка е иста цена овде.

Од Eichbaum можеби само Steam Brew да се нијанса подобри и мислам дека повеќе работат на него како продукт, маркетинг едно друго...

Инаку Eichbaum, Beeraclez, Schloss Fels, Theodore, Ewen, Hop Rider, Troll Brew, Apostel, Steininger, Zahringer, Stephans Brau, Eberts Burg... сите овие се нивни брендови, главно лошо пиво само со различна етикета.
 
Конечно пробано и новото скопско пченично, како и што очекував од наш продукт тоа и добив, ептен лоша реализација, нема никаква структура и густина како да е правено од прашак на растварање, вкусот лесен како за лагер пиво а не пченично и доста газирано како некоја кисела вода да пиеш. 2/5 оцена и тоа ептен од скопско дека е.
 
Мене киселоста ми смета, океј ми е потегот што пробаа и направија нешто ново. Ама пробај еден Кромбахер вајзен и ова рамо до рамо и одма сфаќаш колку е саат. Се надевам ќе го усовршат рецептот.

Многу доцниме во пивската индустрија за жал
 
Во моиве 30 години животен век на дуњава, 15 години редовно пијам Скопско покрај други пива. Вечерва прв пат го пробав новото weiss.
Како да пијам повраќаница... Ауу што е ова.?! Или некој чуден маркетиншки трик за да го цениме повеќе класичното Скопско?
 
Многу доцниме во пивската индустрија за жал
Не доцниме, ние назадуваме!
Од шеестите-седумдесетите каде Скопско имаше и темно, Битолско кое во некои периоди беше супер пиво и Прилепско.
Скопско се сведе на едно пиво, покасно Смут нешто внесе разнообразие. Инаку имаа убави проби со Стар лисец и покасно со нефилтрираното. Ама газот зинат само за процент на заработка, не за РД и понекоја жртва.
Битолско падна како политичка жртва, добро и економска во прво, ама кога ти се гаѓите до колена.....
Единствано Прилепско се разви како што треба. Беа никакво пиво, со влегување на новата сопственичка структура мрднаа, заличеа на пивара.
Штета што не успееја Македонско и сличните!
 
Во моиве 30 години животен век на дуњава, 15 години редовно пијам Скопско покрај други пива. Вечерва прв пат го пробав новото weiss.
Како да пијам повраќаница... Ауу што е ова.?! Или некој чуден маркетиншки трик за да го цениме повеќе класичното Скопско?
Прво повраќаницата не е иста категорија со класичното скопско. Тоа ти е ко да споредуваш мотор и џип.
Второ двете пива у двете категории се повраќаници т.е. мокрачи.
 
Да не ја претеравте малце? Онака, прашувам.
 
Дека е мочка не е, ама кастрирано и силно газирано пиво, без особени карактеристики. Пиво и толку.
По мои критериуми Скопско и Даб се 2.5-3 на скала до 5.
За вајзенот не знам и скоро и нема да дознаам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom