Пилот државна матура 05 и 06.12.2007

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Добро сеа се праиме дека не се читаме нешто?!
Луѓе со 5.00 не влегоа во државна ало!
5.00=сите петки...
Заради тие со подарени оценки!
 
Епа затоа е боље да има матура и затоа фала им што со оваа пилот матура ни покажаа дека не е премногу тешко за тие што пипнале колку толку книга за овие 4 години:toe:
 
А вие штрајкувачи шо мислевте дека ќе ве тераат на матурата, да измислувате топла вода? Измислена е, а се' друго е од општа култура и бришењето прашина на учебниците
 
Еве и овој се јави... абе добро ти полагаше ли матура? Неее, зошто? Затоа што вашата генерација се бунеше! Такаа даа... шшшш. А второ да знаете каква фама праат професорите по школите и колку ја прават државната матура ко вадење црева низ нос нема тука да прашувате што мислиме ние каква е матурата. И не е наше да мислиме на крај краева, требаше да ни покажат каква е, видовме, среќни сме, они се среќни, сите се среќни и доста више со темава, презборена е, ќе ја збориме пак после полагањето!
Не коментирам више, се спремам за матура!:pipi:
 
Добро бе Мици ми утепа со џогер по глава:pos: Не полагав, не затоа што се буневме затоа што не беа спремни:toe: Ај скрши нога...шо друго да ти кажам
 
доста бе не се лажете со тие 5ки.бублици невидени,важно со сите 5ки.една од мојата генерација во мојот клас е,4 год е со сите 5ки од прва до последна нема добиено др оцена освен 5ка и не знаеше од кој е КРПЕН ЖИВОТ!!добро како можи да не се знај то од општа култура треба да се знај.ама важно со сите 5ки е примерен ученик.немој ти се молам!треба мотивација да се дај па за да се учи.дури има оценки на вересија нема да има мотивација.а оценки на вересија ке нема кога ке има опција да одбираме шо сакаме да учиме.значи треба да да се смени се од корен!!!
а во државна квота за во мк плати па ке бидиш.ова го знам со сигурност дека е така.плати си и ке имаш се шо сакаш!
дај боже да не е лага пробнава матура оти ако е наебавме сите!!!
 
Ќе може некој да ми каже во кое школо контролрале професортие од Никола Карев-Скопје.

Второ, мое мислење е дека според првичните резултати од пробната матура , треба да се наштима така да има најмалку 5 а најмногу 10% квота за паѓање на матурата. Како и да е тоа е мое мислење.
 
у секој случај бар едно нешо корисно имавме од штрајко а тоа е дека ни обрнаа внимание почнаа да зборат колку-толку да не спремат до тогаш никој нишо не кажуваше вака поозбилно се сфана работата и од ученици и од професори
 
мое мислење... како и другите полагачи денес... многу беше боза! Добро, не дека сакам потешки прашања (нооооот!) ама не сме дебили за да ни дадат 5 текста и прашањата да бидат као АПЛА одвоворени во текстот, онака СИТЕ прашања во СИТЕ текстови и од тоа да видат дали знаеме да ги разбереме текстовите и да ги копи-пејстуваме како одговори на прашањата!!! Мислев дека ќе има повеќе од литература (не дека сакам!) ...и претпоставувам дека ќе има повеќе литература на вистинската...
Организацијата си беше ок...

Ако треба да се полага, на запад секаде е така, него имаше ли препис кажете?

да, можеше многу да се препишува... Ја не препишував, само 2-3 прашања на заокружување се консултирав со другарка ми... и никој посебно не се иззамара да препишува, не беше битно да се препише. Ама на вистинската матура не верувам дека волку лесно би се препишувало. Контролата ќе биде поголема секако!

П.С. Ми фалеше подолга пауза! Кај е возможно да идеш и у вц и да испушиш една цигара за време од 5 минути?! (доообро знам дека претерувам :tapp:)
 
Второ, мое мислење е дека според првичните резултати од пробната матура , треба да се наштима така да има најмалку 5 а најмногу 10% квота за паѓање на матурата. Како и да е тоа е мое мислење.

Јас добив информација дека матурата ќе биде положена доколку имаш напишано точно 30% од целокупниот тест. Токму тие 30% е наоѓаа во последниот дел од тестот каде беа дадени 5 текстови со различна содржина, а подолу прашања на кои се одговара само со препишување на делот од текстот кој одговара на даденото прашање. Така да, мислам дека матурта е и така концепирана-Сите да ја положат.


Е сега, Мац зборува за друго, за уписи на факултет, паѓање од квоти и слично. Тука веќе ќе одлучуваат поените или делови од поените. Се разбира дека он е разочаран од начинот на кој се одвиваше уписот во претходната година, но тоа се случуваше токму заради отсуството на кфалификационите тестови.:helou:
 
А сега вас двапути ќе ве квалификуваат сосе приемните...
Тоа ви е коа не сте со мене и точкест родени у генерација :)
 
само што си дојдов дома од пробнава матура и си го поставувам прашањето: МАЛОУМНИ ЛИ СМЕ? па и дете од 10 години ќе реши! ова денес англиски беше прелесно за пола саат се завршува. шо е работава се спремаат главната матура да ја напрат најтешка шо може ??
 
Абе добро луѓе... Прво се плашевте и кревавте фама дека ќе биди тешка матурата, и зато неќевте да ја полагате... А сега пак не ви чини тоа што била премногу лесна, демек не сте "Малоумни" ? Ќутете си, уживајте и не наоѓајте многу мани...
Како прво јас не гледам причина владата да ви дај претешка матура. Која корист од тоа ако сите испопаѓаат на матура и ниеден не се запиши на факултет? Така и вие губите, и факултетите губат, и владата губи, а со тоа ќе се крени и полемика дали таа е воопшто способна да организира образование во едно општество...
Мислам дека целта на државната матура е нешто друго, а тоа е приближување кон западноевропските земји, демек еден од стандардите на ЕУ, пошто нели, во тамошниот начин на образование се полага државна матура...

А читав некој вика дека сега била лесна за да ве заќутат, а во јуни ќе ви лупнеле некоја тешка безвеза, и тоа мислам дека нема врска... Како прво, ако ве излажат, е дури тогаш ќе имате право да штрајкувате и цела Македонија да се крени на нозе, и деца и родители... А тој срам мислам дека никоја влада не би си го дозволила...
 
Англиски беше лесно, и јас полагав англиски .. ама прашајте ги тие математика како си поминаа...
Ние, економски асистенти, НЕМАМЕ УЧЕНО за плоштини на геометриски тела и геометриски фигури, НЕМАМЕ УЧЕНО за докажување теореми и такви слични ствари. Ние, економистите, се знај, дисконтирање, должи, побарува, вложува, каматна стапка. НИЕДНА задача немаше од економската струка, сите беа како за гиманзии. Тука имаат еден голем пропуст.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom