Инструментално е прејака, ама вокалот на овој (незнамкакосевика) ми е за нигде. Ејси-Диси ми се најпреценетиот бенд т.е еден од најпреценетите. Вокалот наликува на се, само на пеење не. Не ги можам ич.
Ова од новите е, а јас сум повеќе за тие старите. Онака лесно, мелодична песна, но со ептен нагласена комепрцијална, поп жичка, што ми смета, затоа што Арктикот ги фатив под почетоците на кариерата, и оваа еволуција во звук ми е тешко да ја прифатам,
Кул песниче, и насловот сам кажува, ме расони скроз.
Ептен ми е чил некако, како да си седам негде на некое убаво место во природа, сонце пука а јас си пијам кафенце. Милина
Музикава ме потсети на музиката што ја пуштаа во позадина кога Венди влегуваше во куќата на Големиот Брат. Иначе страшна, грозна, одбивна песна која потсеќа на хорор. Грдо, ептен грдо песниче.........., кое уствари не го ни вбројувам во групата Музика
Интересна мелодија, особено женските гласови во позадина. Иако не слушам ваква музика, ја истерав до крај, вози онака. Во некое расположение би ја слушал, но не секогаш. Ок песничка
I gave that a chance, дури и цела ја слушав и ја глеав. Али на певачот му требит нешо... овие на хероин многу по смирени се Рифот мислев дека е само интро, и се заебав. Still, not my type of morning music-food
Некоја чудна песна Турви, од тие што само ти знаеш да ги извадиш од не знам каде.
Првиот дел додека го слушав, си викам меееех, кај и францускиов не го разбирам па и бавно песничево. Но вториот дел ме раздвижи, би си го кулирала на свирка у живо, без никаков проблем. Ја преслушав уште 2 пати.
У целина ЛАЈК!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.