Еве вака може да се игра PES 6 преку хамачи (преведено од српскиот форум за ПЕС)
За почеток морате да се ослободите од следните tcp портови: 10881, 10884, 12880, 12881.
Портовите се ослобуваат на следниот начин: Oдите во
Network Connections, па потоа десен клик на
Local Area Connections, па после тоа идете на
Properties. После тоа
Advanced, па кај Windows Firewall oдберете
Settings. и на крај одберете
Еxceptions.
Сега тука треба да се ослободите за сите портови. Кликнете на
Add Port, и кај
Port Number ги внесувате портовите кој се горе наведени (10881, 10884, 12880, 12881). Кај
Name може да внесете што сакате, не е тоа битно.
Сега е на ред Хамачито.
1. Симнете го од
тука
2. Направете свој акаунт, т.е поставите си го својот ник.
3. Потоа треба да се поврзете на некоја постоечка мрежа. Еве јас направив мрежа за кајгана. Username: kajgana1, Password:kajgana1
4. Договорите се кој ќе креира, а кој ќе се приклучува.
Сега симнете го
ОВОЈ фајл, и екстрактирајте го во датокеката кај што ви е инсталирана играта.
Оној кој ќе биде креаторот треба да го покрени овој фајл :
PSL Host GS6 v1.21b.exe и кога ќе ви побара да впишете
Local IP Address, треба да ја внесете IP адресата од Хамачито, која можете да ја видите најгоре на хамачито со бели бројки.
Оној кој ќе се приклучува на серверот, треба исто да постапи како и претходно, само треба да го стартува овој фајл:
PSL Client GS6 v1.21. Исто и кога ќе ви побара IP адреса, ја внесувате IP адресата од противникот, таа што креаторот ја внел од хамачито. И ако му се појави ваква слика(гледај доле) тоа е тоа, би требало да започни натпреварот. Напоменувам дека и Хамачито и овој прозор треба да бидат вклучени додека играте.
Среќно, и пишете коментари дали ви успеало ова.
P.S Јас ја направив таа мрежа колку за објаснување нема да биде редовно уклучена, но ако некој сака да игра, нека проба со тоа што ќе креира нова мрежа.