Почекајте уште малку ПесЕдит ќе пушти пач кај и да е.
Иначе ај мал ревју со импресии што ги имам од ПЕС-ов:
Прво многу очекував откако ги видов видеата со гејмплејот и анимациите,ама откако самиот ја пробав после 2-3 минути се разочарав во голема мера.
Добри работи оваа година се анимациите,движењето на играчите од шутеви до додавања(иако и тука има некои пропусти),посебно оние со playerID изгледаат скоро идентични како во реалност пр.Иско,Роналдо,Руни,Хазард итн.Ништо повеќе не требало туку само трансфери и анимацииве на пес2013 и имаше да биде полн погодок ПЕС,ама не е.
Не е пред се поради тоа што прво начисто и незнам зошто од кој причини го заебале она што највеќе ги вадеше до сега,а тоа е графиката почнувајќи од фаците на играчите кои изгледаат како на фифа10 на пц,додека дресовите ми се искрено подобрени,не графички туку се пореалистични со прљањето,движењето итн.
Покрај графиката тука е тоа што играта е ужасно поаркадна од таа лани,нема ни с од симулација туку е полна со предвидени работи како гол кој се гледа дека ќе падне уште пред да падне гледајќи ја играта на а.и.-то.А она што мене највеќе ме нервира е ПРОКЛЕТАТА линија при изведување на слободен,корнер,гол аут.ПАК НА КОЈ У ПИЧКУ МАТЕР МУ ТЕКНА ВО 2013 во 21 век ДА СТАВИ ТАКВО НЕШТО?КО ФИФА 2005 СО НИШАНОТ ОД СЛОБОДЕН?!СО КОЈ ПАМЕТ?!КОЈ РЕАЛИЗАМ ГО САКАШ СО ТОА?!
И плус верувам дека е и голем проблем за луѓето што играат со тастатура а не со џојстик ова со линијата,едноставно е најглупото нешто во последниве 10 години.
Потоа тука се и ужасните пенали,уствари најтешка работа е во играва да погодиш агол или воопшто гол од пенал,незнам и тоа што им требало да го менуваат,пеналите се голем ужас се на се.
Да ги спомнам и лиценците,ај за лиценци не се плаче пошто ќе излезе пач за пц и ќе среди дресови,фаци итн.(искрено сочуство до тие со пс3/иксбокс360)ама стадионите бе луѓе,стадионите кој едвај ги има колку?15-16?Лани ги имаше сите од ЛаЛига,оваа година ни Бернабеу ни Камп Ноу.А да не спомнувам тоа со каков аматеризам се понашаат и секоја година ја пуштаат фулл верзијата со трансфери како Пандев во Лацио,Стојков во Беласица.
И за крај од тоа што ми текнува во моментов да ги спомнам "подобрените" голмани.Кое црно подобрување??Тие го прават уште поаркадно чувството со тоа што кога шутираш од внатре во шеснаесетник примаат скоро секогаш гол,или па ќе одбранат а потоа ќе земат да поздравуваат некој во публика па ќе примат безвезе,а кога им шутираш надвор од 16 метри ќе фатат и ракета ако треба,абе тоа се брани се растура незнам кој играч да е и каков шут да упатил,се брани едноставно.
Стварно не ми е јасно зошто пуштаат игра во продажба која не ни 50% готова и после се чудат зошто ФИФА се секоја година се подобра од нив.Модовите уште не сум ги пробал бидејќи чекам пач,ама генералниот впечаток е дека заебале тоа што беше добро и дека банални работи ја делат играва да биде фантастична во гејмплејот...
Ве оставам со Лука Модрич и Диего Лопез