Ја симнав играва и повторно истите разочарувања.
Толку ли им е тешко да ги апдејтираат трансферите, скоро ниеден трансфер направен после Светското првенство не е ставен. Навистина го расипува филмот, важно Барса е апдејтирана, ништо друго не е. Освен некои тимови од Јужна Америка, ниеден друг тим ни лига не се ставени. Повторно едно те исто, повторно проблеми со лиценци. Менито не ми се допаѓа нешто многу, на 2010-ката менито ми беше тип-топ.
Ај сега на пзитивните работи, најпознатите играчи во светот се одлично направени во лицата, а останатите играчи се премногу површно направени, Конами им е важно Барса да ја направат реално, другото послабо (Чамак го направиле доста добро, треба да ги пофалам).
Гејмплејот е ѕверски, шутовите од далеку се малце потешки да се потрефат со оглед колку голема осетливост има шутот, освен нели ако играш со најјаките клубови па тогаш е полесно, бидејќи според Конами само најааките играчи даваат голови од слободни и од далеку, другите никако.
Пасовите се мед, треба малце навикнување, ама кога ќе го развиеш осетот имаш 100 посто контрола каде/на кого/како и со колку сила сакаш да му подадеш.
Знае некој дали е теоретски возможно да се прават финти со тастатура?
Се на се, има напредок во гејмплејот, и тоа голем, сепак во многу работи Песов е иста прича, малку клубови, стари трансфери, немање лиценци, форсирање големи клубови и играчи итн итн.