Перверзно зачувана Zastava 1300 во Битола!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
не е оригиналната маска од напред... уствари таа е, ама е модифицирана... скратен е делот што врти накај жмигавците... и лајсната хром е извадена од неа... а може и цела маска да е правена од ново...
onak, како што виде од сликите, маската е од Застава 1300 произведена до 1968, односно, ФИАТ 1300/1500 до 1965.
Маската кај Заставите, заедно со внатрешноста, по 1967, односно од моделите од 1968 натака е од ФИАТ 1500 Ц.

--- надополнето ---

а од шо се жмигавците?
Од...нешто...првпат такви гледам...
 
хахаха. Барем од трактор не се, и то е нешто :)
Е да :toe:
А оние оригиналните, баш вчера го гледав на Ebay, се 70 евра пар, комплетни...и, светат позиција :)

Edit:
Еве и доказ за маската:
http://cgi.ebay.it/MASCHERINA-FIAT-1300-1500-/230547434308?pt=Ricambi_automobili&hash=item35adb2ab44

И оригиналните жмигавци:
http://cgi.ebay.it/FIAT-1300-1500-1...558?pt=Ricambi_automobili&hash=item230b92d526

144 евра плус достава????
 
а од шо се жмигавците?


1 саат изгубив од животот да дознаам од што се и не успеав...се пребарав...ММЕ...изгледа custom се праени...
 
1 саат изгубив од животот да дознаам од што се и не успеав...се пребарав...ММЕ...изгледа custom се праени...
Опитај го ко ќе си во Бт чоечето шо го има Фиатот... па ќе се смејме ко ќе извај некоја Симка или такво некое возилце кое никогаш нема да ти падни на памет.
 
1 саат изгубив од животот да дознаам од што се и не успеав...се пребарав...ММЕ...изгледа custom се праени...

не се кастом... не ми текнува од што беа тие, ама се бочни жмигавци (за на крило) од нешто... одкако го поставија прашањето погоре и јас се думам цело време, а знам дека беа од некоја кола.. ако ми текне ке кажам...
 
Знам дека се бочни...тоа гледам цело време.

Побарав од Austin 1300, Sunbeam, Renault (сите модели), Peugeot, Mazda 1500 (блиску), Renault, Citroen, Lada, Datsun, ....
 
Еве ги розетните на Фолци... 40 долари една :)

а еве ги жмигавците за 60 доларчиња... соленко пак :)

и ќошињата за Струмикс... по 15 доларчиња.

Од истата продавница по таа цена си ги купив ќошињата...
И, сега ми се дома хехе...
Ако барате за ФИАТ нешто, само ebay.it
Поефтини се... а и помал трошок за достава. Розетните ги најдов најефтино 28 и 36 евра. Без достава, разбира се.
А тоа жмигавците во прв момент ми заличаа на бочни од ФИАТ 125 (НЕ ПЕЗЕТКА) ама кога ги загледав, не се тие...
 
Јас најдов еден тон дрангулии за мерџан... и тоа се преку барата во америките таму. Па се токмам сега, да поминат празнициве ќе прам една порачка, со едно пакетче да земам сите ситници шо ги сакам :)
 
Btw се решив конечно да одам на реставрација на Фиатот.

Планот ми е ваков

1) Средување на механиката. Ако имате водна пумпа и уљна пумпа кажувајте или кажете ми број некој да продава или контакт за продавница.
Значи двете работи пасуваат и од Fiat 125p/pz/Polonez. Ако ви се наоѓа нешто дома од механика за овие модели кажувајте. Иначе спремен сум и за ново.

2) Откако ќе ги средам тие две механички работи, одам на плин. А-тестиран плин нов Ловато. Не сакам да се замарам со цајкани и казни од 500 еур.

3) Според планот некаде мај месец ќе биде дур да дојди моментот за фарбање, па уште од сега барам салам мајстор за реставрирање. Не барам парајлии кои ќе бараат 1000 евра за реставрација, ниту па крпачи за 150 евра реставрација. Нешто измеѓу мојата проценка е 300 до 500 евра, бидејќи речиси да нема многу работа за лимаријата. Нема крпење нема калемење ништо. Само освежување и најверојатно ќе оди само надворешно средување ќе видиме како ќе се прави внатре ако воопшто се прави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom