Перверзно зачувана Zastava 1300 во Битола!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
да не ја дава со се куќата за тие пари?
 
И уште една перверзна зачувана...

Ама оваа


Е МОЈА!



















Ја исполирав. Го исполирав и хромот. На сликите не е исполирана.

Купив патосници гумени да се заштити подот итн. Денес е на мал сервис :)

Модел:
Fiat/Zastava 1300 De Lux

Година:
1969, прва регистрација 17.04.1970 г.

Мотор:
1300 (1295/68КС)

Кочници:
Диск напред
Диск назад :vozbud:

Километри: 71000км ( со сервисна книшка )

Де лукс изведба :)

Дамски менувач.
 
Честито, со здравје да си ја возиш! 1300 одамна е загрозен вид, оваа изгледа одлична :) Дај поголеми фотки
 
Кликни на сликите де :)))

Ќе ти ги покажи во реална големина ОГРОМНИ слики се :)
 
Денес купив цела нова предница. Бидејќи ќе ја возам на автопат сакам да бидам сигурен.
Вчера ја регистрирав и ми дадоа совет да ги сменам ако планирам да возам долги релации. Онака на граница биле.

Мислев ќе биде проблем,ама брзо најдов делови. Е сега има некои делови се деликатни за наоѓање ама од неикуство имам проблем да ги најдам. Да речеме по каталог има за 124 (лада 1200), 125 (ама 1.6), 131,132 ама овие што се сопствениците за делови не знаат дали пасуваат.
 
Ммммм одлично друже. Ни на крај памет не ми паѓаше дека тристач ќе земиш. Создравје да го возиш :) Каде го начека? Ајде дај тро инфо... И јасно, треба да се повозиме во некоја прилика :)

п.с. клик на сликите ги дава истите... во мал формат.
 
Имаш ПП Волкси :)
Ај честито, иста како мојава, само малце бојава е различна од мојата...хехехе
Дај среди сликите лупа треба да се гледаат :)
И...долу на праговите...лајсни има или црно фарбано????
Хинт: Кога менуваш антифриз, за да испуштиш вода од блокот, имаш една рачка некаде ќе ти дојде одма до плехот под шофершајбната на блокот зад карбураторот...ќе ја повлечеш и завртиш за да истече се од блокот, паралелно со испуштањето вода од ладникот. Експнзионен сад немаш, имаш една цевка, која баш на кракот на шасијата од десната страна капка, и прави штети таму...продолжи ја :)
Предница фаќа од Лада и 131/132...и се друго од ФИАТ од 60-ти и 70-ти.
 
10092010513.jpg

10092010514.jpg

10092010515.jpg

10092010516.jpg

10092010517.jpg

10092010519.jpg


Извинете дечки, изгледа Кајгана не подржува намалени слики :)

Иначе денеска го правев сервисот.

Оригинални јабучици FIAT првпат заменети :)) ќе ви покажам слики ако уште ги имаат јабучиците.
Ставив италијански јабучици и француски рамена.
Денес дојде филтерот за воздух (кој пасувал и на Simca) и маслениот филтер.
Сменав кабли и свеќици (NGK).
И масло.

Е сеа, ставив полошо масло да се извози моторот. Испаднаа два проблеми.
Претходно ламбичката за притисок на масло светкаше, па се гасеше.
Го сменав автоматечто (сензорот) сеа свети постојано.
Мајсторот рече дека е запечен моторот од што не е возена колата. Го заклучивме тоа кога го испуштивме новото масло целото беше црно.
Ставивме нафта внатре да го исчистиме моторот, кога ја испуштивме беше цела црна, што ни кажа дека бевме во право дека сепак моторот е ептен запаечен од стоење в гаража.
И кога го ставивме пак новото масло сијаличката на силна туржа се гасеше на ниска се палеше (нормално бидејќи нема притисок на ниска туража).

Кога направив тест возење истото го праеше на крај пак се уклучи и на силна и на ниска туража пак свети. :uvo:

Утре планирав со неа за СК да заминам. Да одам на работа со неа. Да се пофалам...а вака сеа од страв да не е нешто сериозно неможам да ја носам.

Иначе митовите за потрошувачка се следните

10л/100км на економична вожња - градска. Често менување брзина, ниски обртаи.
СИЛНА туража, цепење до крај машината (угорнина 3-та брзина и 110км/ч) некаде 15л :)))) а можда 20 :))))
Што е ОК и нормално за секоја кола.

Реално, скопска вожња ќе цепи 12 литри на 100км.
Плин 13л/100км што се трпи некако :)
 
Класика за сите 1300...скршен механизам за спуштање на седиштето, па избушено и припасен штраф :) И сега не се спушта... ама се става механизам од нешто друго, и нема мака...
А да... има накнадно ставени појаси, оригинално нема...и секако, лукс лајсните на рабовите на вратите :) по што се разликува најмногу однандвор лукс од стандард.
 
Не само што ми е расипан механизмот, типот го заварил седиштето кај што се спушта и сеа треба да го сечам :)))) абе циркуз
Не е тип...дедо е. Ама ова со пумпата што можи да е маката? Ептен сум изваден од памет.

Дедо Јанко (1927 година), Баба Љубка...татко ми...гаражата кај што беше чувана :))

09092010484.jpg
 
Хахаха...кај мене на двете беше припасен шраф...ова по хард кор.
Што планови имаш со неа?
Не да те плашам...ама кога ќе вадиш шофершајбните, очекувај под кедерите долу посебно, да е катастрофа...веќе гледам дека поклопецот на крилото на ќошето на шофершајбната е начнат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom