Перверзно зачувана Zastava 1300 во Битола!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Лелее као си го чувал, како му успеало ццц али колку ли се нервирал кога му се исцепал најлонот:pos2: стварно сочувано ама скапо
 
Есте, не сум мераклија по класики, али би сакал да имам едно bmw 750i, или 740d од онаа серијата што се произведуваше до околу 2000-та ми се чини. Така чисто, стегнато, има да го гаражирам, гланцам, пазам, мераци и ќе го возам, ама само на подолги релации, во град јок!

By the way, секоја чест на тебе и на сите оние што уживаат во колекционерство на класични автомобили. Респект!

Никако неможам да ви го сфатам меракот за BMW...

Секоја чест за оние кои ја сакаат марката чисто заради историската вредност,ама во Македонија тие се 0,009%. Останатите само да фатат „јака п*чка“ и да се покажат пред другарите дека возат јака машина.

А што како зошто има во таа машина врска немаат...има 6 џуџиња внатре кои се ранат од бензин и ја движат колата!:wink:
 
Ovoj bitolcanecov ne aren. I toa radi 2 stvari:
1vo: premnogu dobro e zacuvana kolava so nekoj duri moze da pomisli i deka e photoshop (a ne e).
2ro: cenata. Ne vredi da daes tolku mn pari za stara zastava (ne vredi ni za nova zastava 10 ama nema veze).
 
alal vera na tipot kako mozel da ja socuva vo vakva sostojba a za cenata za avtomobil vo vakva sostojba mozebi e malku preterano no sepak toa spaga vo old tajmer
 
Во Германија би ја продал (или Италија), ама овде...мало морген...
 
Застава Хилјаду и триста никаде нема да ја продаде, да се разбереме. :)
 
Да беше 1500 евра би ја купил јас!

Ама 1500 а не 8 и кусурот...
 
Застава Хилјаду и триста никаде нема да ја продаде, да се разбереме. :)
Ако е Застава, нема врска. Сепак, олдтајмер е.
Исти вакви има и Steyr, Neckar, Seat....
 
Ова народно (екс Ју простори) се вика “тристача“ :) А иако е олд тајмер... Не дека не вреди туку во оваа држава нема доволно “заразени“ колекционери на олдтајмери со длабок џеб за да брцне и изваде 8.000 еврони.
 
Не е цената во прашање...туку историјата. Погледни кои автомобили се вистински олдтајмери од таа доба, барем 10 пати поскапи од Тристачов. Едноставно не се вреднуваат поранешните источно европски (комунистички) плагијати (со лиценци или без) и нивните копии, бидејќи реално гледано, од таква народна кола неможе да испадне легенда (единствено на VW му успеа, бидејќи имаше чистокрвни спортски дизајнери, кои денес знаеме што произведуваат). Зошто? Бидејќи не се оригинални во идеите, тешки копии од западот и пред се, конструирањето на кола за сите можни намени, а не со љубов и разбирање на дизајнот и употребата како некои во тоа време.Од сите источно европски автомобили, 99 проценти се произведувале под друго име и со најразлични модификации (секоја земја со потребата) во Аргентина, Шпанија, Бугарија и останати заостанати земји од времето на студената војна. И затоа денес имаш автомобили кои изгледаат како Франкештајн да ги склопувал, стоеден караван, фичо со 4 врати, југо пикап и така натака.
 
Чистотата на линиите и инженерингот што влегува во одреден автомобил го прави класика...
 
Се што е над 35 години се брои како олдтајмер.
Е сега вредноста на возилото зависи од повеќе фактори како што се состојбата на возилото, број на вкупно произведени возила, колку од нив сеуште се „живи“ итн.
Неможе да се очекува дека еден Фиат 1300 масовно произведуван и плус многукратно повеќе лиценцно произведуван да држи цена. Оригиналите се од 3000 евра за совршени примероци до 5000 евра. копиите, т.е. лиценцните возила се поефтини, незнам...
Бубата е култно возило, како и Фиат 500, Мини Морис, но тоа не значи дека се баснословно скапи.
Некои реткости, кои се скоро уникати се скапи. Дизајнот како таков нема врска со цената.
Е сега, оние масовните возила имаат историска вредност, зборуваат за едно време, за една технологија, за една филозофија, за потсетување на духот на епохата во која се произведени, но и за едукација на оние кои не биле родени во тоа време во смисла на техника од тоа време, култура, дизајн...
 
Вредност имаат возилата како што кажав...што го променаа светот со нивниот уникат (механика и дизајн).

1) Форд Т (масовна моторизација - потоа Форд продаваше дизајн и V8 мотор)
2) Фолксваген Буба (Дизајнот, инженерингот на Фердинанд Порше - основа на сите Поршеа до ден денес, цената, бројот на продадени возила од ист модел)
3) Мини Морис (Првиот напречно поставен мотор во возило, мало компактно, цена)
4) Цитроените, а и другите французи (сите модели до 1975 - дизајн, елеганција, комфорт, предвремески решенија, преинженерски конструирани возила)
5) Американските “бродови“ (масовни возила, чист непотребен луксуз)
6) Мерцедес (кола направена до совршенство)
6) Италијанските модел(ки) - (совршен дизајн, не толку добра заштита од корозија ...нешто како супер модел да ја фатите со Чизбургер )
7) Британските лукзуни кралски коли - Бентли, Ролс-Ројс, Астон мартин...место масло тече сина крв...(воедно и најскапите класици)
 
Лол уште е со најлони :pos2::pos2: многу ми го прават меракот вакви коли стари а сочувани да имав пари сега одма би го купил
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom