Пелтечење - Д'ткање (барам лек)

Јас сам си се одвикнав, сега не сум баш до толку, кога сум возбуден или пак брзам да кажам нешто само тогаш
и јас знам луѓе што сами се одвикнале али тоа најчесто е кај оние кои дткаат како мали па кога ќе излезат од пубертет и кога ќе им се формира и гласот и дткането исчезнува. али како и да е има тешки случаи каде што децана името неможат да си го кажат така да неизбежен е логопедски третман, зошто без вежби тоа неможе да помине.
p.s FORZA INTER ;)
 
Ми треба помош од вас ако знае некој лек за дткање некој надри лекар ,бајач,поп,оџа,лековита вода и тн нека пиши тука .Ми треба за едно детенце роднина грев ми е да го гледам кај шо се мачи.Не му е вродено туку детето е уплашено од куче и од тогаш почна да дтка .
 
Надри-лекар. :facepalm: Пробај со вистинска медицина, си има доктори за тоа.

И ако е страв, може да помине со време, барем така беше кај мене.
 
Нема лек за такви работи,само трпение и љубов му е мајката, всушност треба да се биде трпелив кон детето и никако било кој начин на брзање да го тера да одговори некое прашања туку дај му малку време да одговори и слично на таков начин само од себе ќе си дојде на место.


Испратено од iPad 3 со Tapatalk HD
 
бајач, поп и оџа сигурно ти помагаат. Викни ги тројцата за боље ефект, а ако 100% сакаш да го излечиш земи и лековита вода и прскај ги.
проверено

ебаве тоа пилешките мозоци
Изиграваш шериф или ме тролаш? Ај глеј си масата ако немаш попаметна работа
--- надополнето: 25 април 2013 во 01:09 ---
Иначе имаат одено на дефектолог ама вика или че пушти или така че му остани ,а имам гледано документарец на мтв во струмичко село имало за прочка мечкари као демек ако се напиеш ракија од звонецот лекувал дткање и имаше луге кои зборуваа на тв го осетиле тоа на нивна кожа дека им помогнало
 
Уште толку ќе го истрауматизирате детето со надрилекари и бајачи.
Лек за муцање не постои, може со вежбање и трпени да се отстрани.
Нема да се случи тоа преку ноќ, години ќе бидат во прашање.

Најстручен за ова е логопедот. Значи ако некој може да помогне, тоа е тој.
За дефектолог не сум сигурна, мислам дека освен муцањето треба да има и некаква пречка во развојот, за да се вклучи и дефектолог во третманот.
--- надополнето: 25 април 2013 во 01:25 ---
Ало човекот бара лек има мака.а вие се заебавате.
Јас на пример ич не се заебавам, повеќе лошо ќе го снајде со бајачи, него аир што ќе види.
 
Бајачите, светите води и слично може да имаат пласибо ефект на него. Освен ако не се плаши од такви работи, не гледам причина зошто да не пробаат со неколку. Нема да се излечи од тоа сигурно, но вреди да се проба ради пласибото и да му се набилда самодовербата
 
Изиграваш шериф или ме тролаш? Ај глеј си масата ако немаш попаметна работа
--- надополнето: 25 април 2013 во 01:09 ---
Иначе имаат одено на дефектолог ама вика или че пушти или така че му остани ,а имам гледано документарец на мтв во струмичко село имало за прочка мечкари као демек ако се напиеш ракија од звонецот лекувал дткање и имаше луге кои зборуваа на тв го осетиле тоа на нивна кожа дека им помогнало

Не е само еден логопед во Македонија. Нека појадат кај друг, и кај трет ако треба.
Додека си ги трошат парите по мечкари и ракии, ќе платат неколку логопеди асални и тие ќе им помогнат.
Нормално дека нема преку ноќ да му ,,пројде,,.
Детето е истрауматизирано (ако претпоставиме дека е тоа причината) и единствен ,,лек,, му е да ја надмине траумата.
Со ракија тоа нема да му успее.
 
Ало човекот бара лек има мака.а вие се заебавате.

Да да треба да го подржам за бајачите и враговите, нека тера нека крши глава. Дур има овци ќе ги стрижат таквите како Иван исцелител...

156045_10200335857632162_189847311_n.jpg


глеј ги се наредиле за кај „докторот„... глупаци
--- надополнето: 25 април 2013 во 01:30 ---
Бајачите, светите води и слично може да имаат пласибо ефект на него. Освен ако не се плаши од такви работи, не гледам причина зошто да не пробаат со неколку. Нема да се излечи од тоа сигурно, но вреди да се проба ради пласибото и да му се набилда самодовербата

па боље нека му даде витамин ц и нека му каже дека е лек за петелчење ако е за плацебо ефект, бар пари ќе заштеди
 
па боље нека му даде витамин ц и нека му каже дека е лек за петелчење ако е за плацебо ефект, бар пари ќе заштеди
Се согласувам де :)

Некои бајачи не ни бараат ни зимаат пари ако е веќе за заштедување парите. И јас сум многу против одење на такви работи и единствената позитивна страна е тоа што веќе го пишав погоре. Само што на тие што одат по бајачи не им е целта да излажат некој со пласибото, туку да го излечат преку ноќ со баењето. Да им беше до пласибото веќе ќе му дале витамин ц...
 
Јас мислам дека би било подобро на психолог да го однесете детето, само со зборување, љубов и повеќе внимание да му се посвети... стравот да му исчезне то прво... а после д`ткањето со тек на време ќе се опушти... :)
 
А да отидеш до најблискот манастир и некој духовник да се помоли за него и Господ да помогни,многу луѓе си го најдоа лекот таму.Ова со бајачиве уште полошо ке му направиш
 
А да отидеш до најблискот манастир и некој духовник да се помоли за него и Господ да помогни,многу луѓе си го најдоа лекот таму.Ова со бајачиве уште полошо ке му направиш
Не ти е срам да го зезаш човекот кој има сериозен проблем?
 
Незнам дали имате забележано, но секогаш кога ќе има проблем со некој збор, човекот со вакви проблеми ја намалува фрекфенцијата на гласот, од нормална јачина почнува да зборува потивко, затоа што мисли дека така би го изговорил правилно зборот.

Јас имав таков проблем, ми се јави поради траума, добро сега кај мало дете може да биде малку покомплицирано оти тоа не е секогаш свесно за проблемот, не може да размислува ко возрасен, да се сконцентрира на тој проблем и да го реши, оти е дете, сака да си игра, а вежбање говорење може да му биде досадна работа.

Тоа не значи дека детето има физички проблем, голем број луѓе го имаат тој проблем, мислам дека всушност проблемот е кај родителите што мислат дека само од себе ќе си помине, а детево како расне почнува да созрева, да размислува самостојно и ако расне со тој проблем тоа ќе биде огромно психичко пореметување за него, ќе биде повлечено, молчаливо.

Имав во основно едно школско другарче што имаше таков проблем, го исмеваа, го закачаа, незнам што е со светот и родителите и како си ги воспитале децата.

Јас сам си помогнав, не сум бил на логопед, еден ден ми здосади да користам „полесни“ зборови, оти кога ќе ви се јави овој проблем, постојат одредени самогласки што многу тешко ги изговарате, посебно ако се јавуваат на почетокот на зборот, па барате замена на соодветните зборови и тоа може да биде доста напорно.

Еве ти линк на кој има многу добро објаснето за овој проблем, мене многу ми помогна, родителите нека го проучат убаво текстот, тука има скоро се објаснето, правилно дишење, вежби и слично. Овој проблем не се решава за еден ден, една недела, туку со месеци, па можеби и години.

Со лесно. :)
 
Back
На врв Bottom