Незнам дали имате забележано, но секогаш кога ќе има проблем со некој збор, човекот со вакви проблеми ја намалува фрекфенцијата на гласот, од нормална јачина почнува да зборува потивко, затоа што мисли дека така би го изговорил правилно зборот.
Јас имав таков проблем, ми се јави поради траума, добро сега кај мало дете може да биде малку покомплицирано оти тоа не е секогаш свесно за проблемот, не може да размислува ко возрасен, да се сконцентрира на тој проблем и да го реши, оти е дете, сака да си игра, а вежбање говорење може да му биде досадна работа.
Тоа не значи дека детето има физички проблем, голем број луѓе го имаат тој проблем, мислам дека всушност проблемот е кај родителите што мислат дека само од себе ќе си помине, а детево како расне почнува да созрева, да размислува самостојно и ако расне со тој проблем тоа ќе биде огромно психичко пореметување за него, ќе биде повлечено, молчаливо.
Имав во основно едно школско другарче што имаше таков проблем, го исмеваа, го закачаа, незнам што е со светот и родителите и како си ги воспитале децата.
Јас сам си помогнав, не сум бил на логопед, еден ден ми здосади да користам „полесни“ зборови, оти кога ќе ви се јави овој проблем, постојат одредени самогласки што многу тешко ги изговарате, посебно ако се јавуваат на почетокот на зборот, па барате замена на соодветните зборови и тоа може да биде доста напорно.
Еве ти линк на кој има многу добро објаснето за овој проблем, мене многу ми помогна, родителите нека го проучат убаво текстот, тука има скоро се објаснето, правилно дишење, вежби и слично. Овој проблем не се решава за еден ден, една недела, туку со месеци, па можеби и години.
Со лесно.
