Печатење плакати/постери...

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Ме интересира дали сте печателе плакати оние што се стандард за забави на пример што ги лепат по град најверојатно се а3 формат...во боја...малку подебелка хартија...
колку пари би било парче и каде е поевтино-конкретно за охрид...
 
И ти ли ќе протестираш сине?
Има монопол на тој бизнис фок оф.
 
Сине не ми се за протестирање...
За рекламирање ми се...:pos2:
Стварно...знае некој...?
 
Ме интересира дали сте печателе плакати оние што се стандард за забави на пример што ги лепат по град најверојатно се а3 формат...во боја...малку подебелка хартија...
колку пари би било парче и каде е поевтино-конкретно за охрид...

Kaко прво темата ти е на погрешно место
Како второ мислам дека има тема
Како трето ај да ти објаснам:)

Викаш за реклама ти треба? За кој? Фирма? Има ли фирмата своја боја по која е препознатлива како на пример T-Mobile што ја има?
Бидејќи сакаш како плакатите за журки што се треба да се обратиш во печатница, ваљда имат во Охридот.:)
Имаш оф сет принтање и сито. На ситото си малце повеќе ограничен во работите т.е. мораш да принташ чисти бои без сенки и слични заебанции. Оф сетот е веќе нешто друго т.е. профи принт и нема граници во него....
Има и уште една работа избор на медиум т.е. КУНЗДРУГ т.е. вид на хартија дали сакаш мат/глоси ватевр, и тоа влага во цената. Колку да „тежи„ принтот т.е. колку боја ќе се троши, дали ќе биде квалитетен или проформе колку да се рече:)

И пред се треба да принташ во поголеми количини кај сите е различно, на некои им се исплати и 50 да ти испринтаат а кај некои ти кажуваат дека под 150 парчиња не стиска копче.

Распрашај низ Охрид дали има сито печатница или оф сет и оди кај нив и ќе ти кажат што како зашто
 
на фирмата сеуште не и е изработена евентуалната реклама како би требало да изгледа али претежно црвена боја би требало со бели и црни букви...така нешто да биде...
е сега колку пари би било за 50 плакати...
да речеме сито принтање...како што те сватив тоа би било поевтино... а тоа со квалитетот на хартијата мат/глоси не знам што е што...
 
на фирмата сеуште не и е изработена евентуалната реклама како би требало да изгледа али претежно црвена боја би требало со бели и црни букви...така нешто да биде...
е сега колку пари би било за 50 плакати...
да речеме сито принтање...како што те сватив тоа би било поевтино... а тоа со квалитетот на хартијата мат/глоси не знам што е што...

Одбери три печатници што ти се допаѓаат и отиди лично кај нив. Побарај да ти покажат некои референтни работи што печателе да видиш кој квалитет го вадат и кажи да ти понудат цена за 50 или 100 плакати претпоставувам фул колор.

Од тие три одбери ја најповолната понуда соодветно на квалитетот што ти треба.

Можеш и Е-Маил да им пратиш и исто да побараш понуда.

Цените варираат и што и да чуеш на форум во печатница ќе биде различно така да нека не те мрзи сам да си прашаш.
 
Значи ме интересира дали во Скопјево има место каде би можеле да ми испринтаат постер. Не се работи за принтање на големо, туку само еден примерок, за поклон на другар. Би била корисна секаква информација, формати на печатење, цена колку би коштало отприлика и за колку време би бил готов. Итно ми треба информација, поточно најкасно до утре, така да кој е запознаен со овие работи не би било лошо да пише :) Фала однапред.
 
Во печатница не ми се верува дека дека ке ти одработат само за еден постер.Во едно фотостудио знам дека можат да ти извадат слика до еден квадрат и таа величина чини
50 евра.Ама ке биде испринтан на хартија како од слика од фотоапарат,а не како постер хартија.
 
Има бе иди по овие фирмиве што печатата плакати и големи написи, распрашај се, јас на времето испечатив еден за 700 денари кај нова македонија имаше една фирма имаа голем плотер и тоа на постер хартија.
 
Ми имаат кажувано (значи не сум 100% сигурен) дека печателе во една книжарница што е позади поранешна Аркадија, спроти една продавница за миленици и дека било доста ефтино. Провери си :)
 
Постер и постер има.

Јас едно време си праев филм да си испечатам таков „постер“, т.е тапет и по цела соба од Луис Ројо слика да си ставам.
 
Постер и постер има.

Јас едно време си праев филм да си испечатам таков „постер“, т.е тапет и по цела соба од Луис Ројо слика да си ставам.


ама за тоа терба да имаш основа со многу добра резолуција.
Инаку има германски фирми кои преку Интернет им аплоадираш слика и ти кжауват колку добро ќе ти изгледа постерот за дадениот формат кој го посакуваш и мнорламно од големината на постерот ти го принтаат и ти го праќаат по пошта.
Еве ако можеш со германскиот да се снајдеш може да провериш дали се исплати да правиш постер со саканите димензии од основаната слика што ја поседуваш.
http://www.posterxxl.de/
 
за постер со поголема големина.. треба слика со голема резолуција и многу dpi... инаку ке изглеа срање.. а за печатење имаше едно мислам на прва партизанска или нешо таму...
 
Ова ќе ти помогне:smir:
 
Јас имам оогроомен од Кака правен е во Унипрес..спроти универзална се наоѓа:)Утре ке прашам за цена па ке пишам пак, само кажи големина:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom