Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Интересно изгледа ова, само мора да се виде дали се навистина PayPal придружница или не.
Ме чуди тоа што нема интеграција директно со Пејпал да се логираш, туку те терат да се регистрираш посебно на нивниот сајт.
Ќе им пишам сега на Пејпал да проверам дали ова е навистина нивни сервис.
Фала на линкот сепак, ако испадне дека е - тогаш ќе е многу корисна информација!

Бидејќи веќе се интересираш и ќе прашаш, ај те молам ако одговорат пиши повторно тука во темата дали ќе функционира чудово.
Фала ти.
А не ви текнува самостојно да го побарате одговорот, наместо да ги прашувате PayPal ?
Во секцијата за Помош - Help на официјалниот веб сајт на PayPal имате убаво објаснување што е Xoom и како функционира.
https://www.paypal.com/us/smarthelp/article/what-is-xoom-and-how-does-it-work-faq3340
Браво!А не ви текнува самостојно да го побарате одговорот, наместо да ги прашувате PayPal ?
Во секцијата за Помош - Help на официјалниот веб сајт на PayPal имате убаво објаснување што е Xoom и како функционира.
https://www.paypal.com/us/smarthelp/article/what-is-xoom-and-how-does-it-work-faq3340
Здраво на сите нов сум во пејпал сферата успеав преку другар што живее во странство да отвори пејпал на негово име (седиште Дубаи) ако може некои од поискусните членови да ми одговори на следниве прашања
- Дали треба да се плаќа данок во Дубаи или во Македонија (сакам да продавам облека на ибеј, амазон или етси) и ако треба како иде таа процедура. Ги знам давачките односно провизијата на пејпал.
- Како можам да ги подигнам парите и каде?
- Знам дека треба виза, дали само од тутунска?
- Можам ли да ја поврзам македонската картичка што е на мое име со пејпалот што е на името на другарот?
Фала ви однапред.
Корисничката сметка на PayPal нема да ти ја блокираат, туку единствено ако повлечеш повеќе од 2.000 евра или 2.500 евра годишно - не се сеќавам на точната сума, нема да можеш повеќе да повлекуваш пари до крајот на годината, освен ако испратиш дигитална фотокопија од словенечка лична карта или словенечка возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека си словенечки државјанин.
Ако ја надминеш таа годишна граница од 2.000 евра/2.500 евра годишно, сепак ќе можеш и понатаму да купуваш и да праќаш пари, ќе можеш и да продаваш и да примаш пари на словенечката PayPal корисничка сметка, но нема да можеш да ги подигнуваш во банка до крајот на годината.

Дали ова е точно Дехтер26
Ти благодарам ова е доста корисна информација ако и понатаму можеш да примаш пари и да ги користиш за купувањеПа не можам да ти потврдам дека е 100% точно, бидејќи никогаш не сум подигнал ниту повеќе од 1.000 евра годишно, а камо ли па 2.000 евра/2.500 евра годишно.
Но повеќе членови на форумов поназад на оваа тема објавуваа дека откако ја надминале границата од 1.500 евра/2.000 евра годишно, или 2.000 евра/2.500 евра годишно, словенечкиот PayPal им побарал дигитална фотокопија од возачка дозвола или од лична карта за да докажат дека имаат словенечко државјанство.
Дали границата е 1.500 евра/2.000 евра годишно или 2.000/2.500 евра годишно - не знам - едни објавуваа повисока граница, други објавуваа пониска граница, а бидејќи јас лично никогаш не сум ја надминал, не знам која е точната бројка.
Но знам дека ваквата годишна граница на финансиски средства кои смееш да ги подигнеш преку словенечкиот PayPal постои и дека доколку ја надминеш, ќе мораш да чекаш со наредниот 1 јануари за да се рестартира бројчаникот и за да можеш повторно да подигнуваш пари преку словенечкиот PayPal, но и после 1 јануари ќе бидеш ограничен на 1.500 евра/2.000 евра или 2.000 евра/2.500 евра годишно кои смееш да ги подигнеш преку словенечкиот PayPal. Освен ако си словенечки државјанин, се разбира, во тој случај слободно испрати му на словенечкиот PayPal дигитална фотокопија од возачка дозвола или од лична карта преку Интернет за да им докажеш дека си словенечки државјанин и ќе можеш да продолжиш да подигнуваш и повеќе од 2.500 евра годишно преку словенечкиот PayPal.
Како и да е, дури и ако ја надминеш годишната граница на финансиски средства кои смееш да ги подигнеш преку словенечкиот PayPal, сепак и понатаму ќе можеш да ги трошиш парите за купување, односно ќе можеш да праќаш пари и да примаш пари, но нема да можеш да ги подигнуваш - се` до наредниот 1 јануари.
Мој пријател од поодамна престана да подигнува пари преку PayPal и премина кон купување преку PayPal, па така парите кои му пристигнуваат на словенечкиот PayPal, наместо да ги подигне, ги троши на компјутерска опрема - тастатури, мауси, звучници, слушалки и останати играчки за денешната младина зависна од видео игри, па откако ќе му пристигнат ги отвора, ги користи едно месец дена, па потоа ги објавува на Пазар3 и на Реклама5 и ете му чиста пара на рака, многу поисплатливо за него во споредба со PayPal и банките.