Да, ќе може, но имаш годишно ограничување од 2.500 евра - или можеби беше 2.000 евра, не ми текнува точно.
Доколку подигнеш повеќе од 2.500 евра (да речеме дека оваа е точната граница), словенечкиот PayPal ќе ти побара да им испратиш дигитална фотокопија од лична карта или возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека имаш словенечко државјанство, а додека не го направиш тоа, нема да можеш повеќе да подигнуваш пари од словенечката PayPal сметка, ќе мораш да чекаш до Нова Година за да можеш повторно да подигнуваш пари, и повторно ќе мораш да подигнеш помалку од 2.500 евра годишно.
И мора картичката која ќе ја внесеш и валидираш на словенечкиот PayPal да не е претходно користена со македонскиот PayPal, во споредба словенечкиот PayPal ќе ти ја одбие картичката.