Здраво на сите нов сум во пејпал сферата успеав преку другар што живее во странство да отвори пејпал на негово име (седиште Дубаи) ако може некои од поискусните членови да ми одговори на следниве прашања
- Дали треба да се плаќа данок во Дубаи или во Македонија (сакам да продавам облека на ибеј, амазон или етси) и ако треба како иде таа процедура. Ги знам давачките односно провизијата на пејпал.
- Како можам да ги подигнам парите и каде?
- Знам дека треба виза, дали само од тутунска?
- Можам ли да ја поврзам македонската картичка што е на мое име со пејпалот што е на името на другарот?
Фала ви однапред.
Доколку живееш и работиш во странство - без разлика дали станува збор за Дубаи или било која друга странска држава - плаќаш даноци во странската држава и платата/заработувачката ти пристигнува на трансакциска сметка која ќе ја отвориш во таа странска држава.
За македонските граѓани е` забрането да поседуваат трансакциски сметки во странство, но дозволено е` за македонските граѓани кои работат во странство, бидејќи работодавачите речиси секогаш и секаде платата ја исплаќаат на трансакциска сметка, а не во готовина на рака.
Моја пријателка замина преку лето во САД преку Work & Travel и работеше во Мекдоналдс, каде што примаше плата на трансакциска сметка која како не-резидент - односно како странски државјанин - ја отвори во американска банка, од каде што и` издадоа дебитна картичка поврзана со истата таа трансакциска сметка на користење. Мислам дека ја користеше картичката и за плаќања и преку американскиот PayPal додека работеше тоа лето во САД.
Земајќи ги во предвид овие факти, целосно легално е` да се отвори трансакциска сметка во странска банка, да се извади дебитна картичка која ќе биде поврзана со истата таа трансакциска сметка во таа странска банка, и да се отвори странска PayPal сметка на соодветниот странски PayPal Интернет сервис за таа соодветна странска банка во таа странска држава - се` додека личноста на чие што име ќе гласат трансакциската сметка, дебитната картичка и PayPal корисничката сметка живее и работи во таа странска држава.
Мислам дека Македонија единствено со САД нема потпишано договор за единечно оданочување, поради што Македонците кои работат во САД плаќаат даноци и во САД и во Македонија - поточно плаќаат даноци на заработувачката која од САД ќе ја однесат, односно ќе ја префрлат во Македонија.
За Дубаи не знам, но ако планот ти е да продаваш роба од Дубаи преку Интернет, така што парите би пристигнувале кај другарот твој, па тој да ти ги праќа во Македонија, македонскиот PayPal нема да ти биде од корист за таа цел. Ќе мораш да го користиш словенечкиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Банка - под претпоставка дека ќе работи, бидејќи повторно слушам поплаки дека словенечкиот PayPal повторно почнал да ги препознава и да ги одбива македонските дебитни картички.
А дури и ако успееш да поврзиш Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Банка со словенечкиот PayPal, сепак ти останува годишната граница од 2.000 евра годишно или од 2.500 евра годишно за кои ти е` дозволено да ги подигнеш, а потоа словенечкиот PayPal нема да ти дозволува повеќе да подигнуваш пари додека не им испратиш дигитална фотокопија од лична карта или од возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека си словенечки државјанин, или во спротивно ќе мораш да чекаш до наредниот 1 јануари за да се рестартира граничникот, но и тогаш повторно ќе бидеш ограничен на 2.000 евра или 2.500 евра годишно.
И не, не може на PayPal корисничката сметка на другарот твој во Дубаи да ја поврзиш твојата дебитна картичка, не само бидејќи картичката не е издадена од банка во Дубаи, туку и бидејќи гласи на друго име.