PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
зошто да јадам тужби бе друже јас не ги крадам парите само си ги повлеквам парите шо си ги заработвам :) и тие сигурно знат за ова верификацијата не пијат масло :D ако сакаја ке забранеја верификација :)

И јас не ги крадев парите па ми го напикаа од две страни... Ти како сакаш прави си, јас само ти споделив искуство дека подобро е да не повлекуваш пари преку PayPal а сега ти одлучи си сам што и како ќе правиш.
 
арно викаш сега сум verified ке видиме до кога :D

незнам дали да повлечам пари :( ако има некој повлечено нека пиши :)

Јас имам повлекувано пари и на Paypal i na payza ( старо alertpay )
Зошто ти се двоумиш ?
 
Ако веќе постоечкиот акаунт ти е различно од земјите: Словенија, Хрватска или Бугарија, одново регистрирај се на нив. Ако си веќе на нив и неќе да се верификува со таа постапка која ја напишав, пробај со останатите земји, и биди упорен при внесувањето не само еднаш, пробај повеќе пати и подоцна по неколку часа.
Воедно може и со земјата Cyprus, но до кога каде зошто не знам :) Но и тоа успева :)
 
не си играјте.. ќе ви ги земат парите ќе ви излезе низ нос тоа пејпал.. Само преку Вестерн Унион барајте пари или преку чек.. сега тоа е шансите за заработка се намалуваат али пејпал неаме кај нас..
 
PayPal, некако не ми се прави, со тоа што не не има како земја на листата. А искрено ми треба за да почнам да работам freelancing. WU ми рекоа е премногу скап за примамње пари.
 
Најдобро ти е да си земеш дебитна картичка од Тутунска Банка и да си направиш регистрација на paypal со тоа што ќе ставиш место на живеење Словенија. Денес извршив нарачка од ebay преку paypal на мој другар, се уверив дека функционира. Наредна недела одам да аплицирам за картичка од Тутунска Банка. Е сега ако ти треба итно види некој ако се наоѓа тука.
А дали сета таа процедура јас можам да извлечам кеш,или сето тоа служи за купување на интернет??
 
А дали сета таа процедура јас можам да извлечам кеш,или сето тоа служи за купување на интернет??

Имаш објаснето во претходните постови. Мислам дека има проблем ако вадиш кеш од paypal сметката. Не би знаел да ти одговорам, јас ја користам само за купување и функционира супер.
 
А дали сета таа процедура јас можам да извлечам кеш,или сето тоа служи за купување на интернет??
АКо ти е верификуван paypal без проблем можиш да примаш и прајкаш пари.
 
за поголема сума на пари преку PayPal ќе ти бараат верификација (фотокопија од лични документи и сл.), ако не докажеш дека си словенец ќе ти го блокираат акаунтот и ништо повеќе ... крај ...
проблемот е што лажно се преставуваш и ги кршиш правилата ..
Затоа користете си AlertPay или сега Payza можеш комотно да си отвориш МК акаунт ... персонал (кој како и PayPal е лимитиран на одреден износ годишно), бизнис (кој не е лимитиран) и сл ...
Штета шо не е искомерцијализиран, распостранет, како PayPal но е екстра ..

AlertPay или сега Payza ... кога последно имаш повлечено пари кај нас во МКД и во која банка ?

Зошто јас сега пред 1 недела повлекував пари од AlertPay или сега Payza во НЛБ и ми дадоја изјава да потпишам демек како поклон ми се парите зошто таму ne mozele da gi proknizat . odnosno od isto ime prezime se stasani vo MKD parite :)
 
Си имам легално заработено околу 200 евра и ми се исплатени преку paypal.Ке имам некој проблем ако ги подигнам на сметка од тутунска парите??
 
Си имам легално заработено околу 200 евра и ми се исплатени преку paypal.Ке имам некој проблем ако ги подигнам на сметка од тутунска парите??

Подигиниси ги парите и создравје да си ги трошиш.
 
Значи вака денеска Ја добив VISA ELEKTRON картичката од НЛБ тутунска банка и пробав да се регистрирам на PAYPAL како што беше опишано од членот G_O_C_E и се е ок се до овој дел
Кликаш на „Add Card“, и потоа ќе имаш за внесување на 4бројки. Се логираш на електронското банкарство на твојата банка, и во оделот за резервирани сретства ќе најдеш каде имаш резервирано 1,5 евра за yyyyyyyyyyy PP*xxxxCODE, каде првиот дел не ти е важен, тоа е сериски број од број на трансакции, а после РР* имаш 4бројки, кои треба тие да ги внесиш за потврда.
Имам пари на сметката имам активирано електронско банкарство,пробав и преку различни земји да се ресистрирам но никако не успевам да го добијам тој код кога проверувам на сметката ми стои дека немам пари во резервираните средства(сега не знам дали треба да се почека некое време за тие 1,5 евра или треба одма да се регистрираат, и не знам дали има некаква врска со тоа што на сметката имам денари а не евра),стварно не знам што е проблемот картичката пишува дека е активирана.Поздрав :(
 
Се извинувам што пишувам едно по друго мислење но средив работа ја верифицираф картичката,го ставив кодот,ми земаа 1.5 евра од картичката но ми се појави друг проблем кога одам на MY ACCOUNT и кога ја гледам состојбата ми стои вака
http://i47.tinypic.com/mrz24h.jpg
како да не сум направил никаква трансакција .Е сега дали треба да се почека 2-3 дена за да ги регистрира тие 1.5 евра или пак да не имам направено јас некаква грешка ПОздрав и ви благодарам однапред
 
почекај неколку дена и ке ти излези транскацијата.
не излегва одма. мислам дена два во секој случај.
парите што ги имаш на сметка треба да ти се во денари а не во странска валута. самото ке си ги префрли кога ке ги повлечи по среден курс.
 
Се извинувам што пишувам едно по друго мислење но средив работа ја верифицираф картичката,го ставив кодот,ми земаа 1.5 евра од картичката но ми се појави друг проблем кога одам на MY ACCOUNT и кога ја гледам состојбата ми стои вака
http://i47.tinypic.com/mrz24h.jpg
како да не сум направил никаква трансакција .Е сега дали треба да се почека 2-3 дена за да ги регистрира тие 1.5 евра или пак да не имам направено јас некаква грешка ПОздрав и ви благодарам однапред
Побарај таму во резервирани средства, можеби пишува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom