хаха, погрешно сфативте а можи и јас погрешно ги подредив поимите! Имам картичка од стопанска банка скопје, и сеуште немам пејпал а сакам да купам некој производ од алиекспрес, прашав еден другар ми вели само од тутунска банка можело на пејпал, и затоа ве прашав да знам што да правам!
Погрешно те информирал пријателот, бидејќи од летото 2014 па наваму, PayPal повторно ги нуди своите услуги во Македонија, што значи дека можеш да купуваш преку македонскиот PayPal со картичка од било која банка, се додека картичката е кредитна или дебитна со CVV2 или CVC код - тоа е кодот што се наоѓа на задната страна од картичката веднаш до полето за рачен потпис.
Единствено Maestro картичките не можат да се користат за купување преку Интернет, без разлика дали доаѓаат со CVV2 или CVC код или не.
За Aliexpress не е потребен PayPal, самата картичка ќе ти заврши работа. Некои продавачи на Aliexpress дозволуваат плаќање со Maestro дебитна картичка доколку доаѓа со CVV2 или CVC код.
PayPal е претежно потребен за купување на eBay и некои други веб сајтови кои преферираат плаќање преку PayPal, а некои од нив дозволуваат плаќање само преку PayPal, но конкретно за Aliexpress не е потребен PayPal, самата картичка е доволна и ќе ти заврши работа.