PayPal (официјална тема)

Член од
24 април 2008
Мислења
10.661
Поени од реакции
11.886
Вака, ПејПал ми кажува дека имам баланс од нула евра на „сметка“, PayPal balance: €0.00 EUR. Но доколку на трансакциона имам 1.000мкд, тоа значи дека ќе можам без проблем да купувам производи до цена од 800-900мкд (со оглед на тоа шо пред некоја страна прочитав дека пожелно е да се има 100-200мкд повеќе од цената на она што се купува) па така самиот ПејПал ќе ги повлече парите од трансакциона, ќе ми напише дека ми наплатил 800мкд во "My recent activity" и тоа е тоа?
Токму така, со разликата што, во My recent activity нема да ти ја даде сумата во денари, туку во долари или во евра - зависи од тоа во која валута ти наплаќа веб сајтот од каде што купуваш.
 
Член од
21 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
144
Некој за размена на пари? Јас на paypal, тој на мене, ќе се договориме. Со процент за него. Не сакам да ризикувам со словенскиот а итни ми се парите....
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Токму така, со разликата што, во My recent activity нема да ти ја даде сумата во денари, туку во долари или во евра - зависи од тоа во која валута ти наплаќа веб сајтот од каде што купуваш.
Одлично, фала многу.

Поздрав. :)
 
Член од
2 ноември 2014
Мислења
64
Поени од реакции
56
со каква картичка е подобро да се поврзе пејпел акаунтот виса електрон или маестро, како стигаат побрзо парите и помалце провизи итн...?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.661
Поени од реакции
11.886
со каква картичка е подобро да се поврзе пејпел акаунтот виса електрон или маестро, како стигаат побрзо парите и помалце провизи итн...?
Македонскиот PayPal, а и словенечкиот PayPal, не прифаќаат Maestro картички.

Всушност, барем јас лично, освен британскиот PayPal, не знам за друг PayPal кој прифаќа Maestro картички.

Доколку планираш да го користиш македонскиот PayPal, било која кредитна картичка од било која банка ќе ти заврши работа, а кога сме кај дебитните картички, може да ти заврши работа Visa Electron картичка од било која банка, а може да ти заврши работа и Visa Classic дебитна картичка од Охридска Банка.

Доколку планираш да го користиш словенечкиот PayPal, би требало да ти заврши работа Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
вака, на visa картичката на стопанска банка, во резервирани средства, имам евидентирано 5 поединечни трансакции, секоја по еден долар, а кои се направени од pay pal. меѓутоа немам ништо купено или платено не тие датуми и не знам зошто се издвоени овие средства. првата е од 25.01 , што значи од пред три недели. дали некој може да ми објасни за што се работи.
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
11
Поени од реакции
5
дали можи да отворам македонски пејпал од стопанска банка скопје?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.661
Поени од реакции
11.886
дали можи да отворам македонски пејпал од стопанска банка скопје?
Сакаше да кажеш - со картичка од Стопанска Банка од Скопје ?

Одговорот е - да, доколку картичката може да се користи за купување преку Интернет, а вообичаено тоа е изводливо со картичките од Стопанска Банка од Скопје.
 
Член од
2 јануари 2013
Мислења
153
Поени од реакции
30
А со што друго друго би можел да отвори акаунт освен со картичка :confused:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.661
Поени од реакции
11.886
А со што друго друго би можел да отвори акаунт освен со картичка :confused:
Па, прашањето гласаше:

Дали може да се отвори account на македонскиот PayPal од Стопанска Банка од Скопје ?

Вака скоцканото прашање звучи како банката да е таа која ќе го отвори account - от. :D
 
Член од
4 мај 2014
Мислења
322
Поени од реакции
35
Предмалце се регистрирав на пп ама дека сум од словенија дали ке ми го вертифицираат пп и дали ке можам да извадам пари?
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
11
Поени од реакции
5
Па, прашањето гласаше:

Дали може да се отвори account на македонскиот PayPal од Стопанска Банка од Скопје ?

Вака скоцканото прашање звучи како банката да е таа која ќе го отвори account - от. :D
хаха, погрешно сфативте а можи и јас погрешно ги подредив поимите! Имам картичка од стопанска банка скопје, и сеуште немам пејпал а сакам да купам некој производ од алиекспрес, прашав еден другар ми вели само од тутунска банка можело на пејпал, и затоа ве прашав да знам што да правам!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.661
Поени од реакции
11.886
хаха, погрешно сфативте а можи и јас погрешно ги подредив поимите! Имам картичка од стопанска банка скопје, и сеуште немам пејпал а сакам да купам некој производ од алиекспрес, прашав еден другар ми вели само од тутунска банка можело на пејпал, и затоа ве прашав да знам што да правам!
Погрешно те информирал пријателот, бидејќи од летото 2014 па наваму, PayPal повторно ги нуди своите услуги во Македонија, што значи дека можеш да купуваш преку македонскиот PayPal со картичка од било која банка, се додека картичката е кредитна или дебитна со CVV2 или CVC код - тоа е кодот што се наоѓа на задната страна од картичката веднаш до полето за рачен потпис.

Единствено Maestro картичките не можат да се користат за купување преку Интернет, без разлика дали доаѓаат со CVV2 или CVC код или не.

За Aliexpress не е потребен PayPal, самата картичка ќе ти заврши работа. Некои продавачи на Aliexpress дозволуваат плаќање со Maestro дебитна картичка доколку доаѓа со CVV2 или CVC код.

PayPal е претежно потребен за купување на eBay и некои други веб сајтови кои преферираат плаќање преку PayPal, а некои од нив дозволуваат плаќање само преку PayPal, но конкретно за Aliexpress не е потребен PayPal, самата картичка е доволна и ќе ти заврши работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom