PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
И 2008 најавувале пејпал у Македонија ама...со ќорци
Пејпал доаѓа во Македонија 01.09.2008
„ПЕЈПАЛ“ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА
Преку интернет ќе купуваме светски марки
Тоа ти е исто како кога бевме во ЈНА, при крајот на воениот рок ни велеа дека ќе сме имале скратување :pos2:
 
Може да се купува од МКД на PayPal, ама со финта. :)
 
Не умирај магаре до зелена трева ...
 
Поарно ќе е..наместо надежи и предпоставки ...некој одовде верзиран за ептен учтиво поставување на прашање директно до самата организација PayPal..и да ни го потоа ...пренесе нивниот одговор на ова „горливо„ (со години) прашање..:vozbud:
Линкот е:
https://www.paypal.com/cy
:wink:
 
Дур не видам не верувам ... ова е 3-ти пат минимум кога ни пуштаат водичка ...
 
По српскиве новини кажуваат дека не добиле Пејпал поради Македонија и Црна Гора.Причината е тоа што сакале да не интегирираат 3те земји заедно во пакет што според мене има и смисла.Визната бариера ја тргнаа на трите земји одеднаш па така мислам и ова дека така ќе биде.На Б92 пишуваше дека министерот за информатика или телекомуникации изјавил дека тоа ќе биде така.Па сега ако он лаже тогаш:pos2:
 
Премолчено..за секоја од овие земји (МК , ЦГ , СР) во „пакетот„ кој неколку години по ред се промовира - но не и активира ....кај фирмата ПејПал ...МОРА да постои некакво сериозно оправдување...
Никој ...досега не ги прашал :
ШТО Е ТОА..што кај земјиве го нема а во други земји го ИМА...па да го презентира нивниот одговор-одбрана..зашто со години е вака..како што е...:vozbud:
:toe:
 
ШТО Е ТОА..што кај земјиве го нема а во други земји го ИМА...па да го презентира нивниот одговор-одбрана..зашто со години е вака..како што е...:vozbud:
:toe:

Обратното, кај нас го има, на друго место го нема. Некој е против ПејПал да влезе во Македонија.
Прочитај ги постовите:
113
116
 
Овде прочитав како причина се наведуваат некои рестрикции во регулативите и банкарскиот систем во Македонија и заштита на одредени бизниси/фирми

Зошто го нема Pay Pal во Македонија
дел од текстот
Според мене, како најголем проблем се јавуваат законските регулативи во (закон за банки, закон за девизно работење итн), кои такви какви што се, имаат силна доза на рестриктивност за да може да дојде до реализација на една таков договор. Тука законодавецот сметал дека евентуалниот одлив на девизи по тој основ, одлив на финансиски средства од државата... непродуктивно ќе влијае на перформансите на македонската економија и дополнително ќе ја ослабне, што за жал нема допирни точки со аргументиран пристап. Особено не, поради ноторниот факт дека Македонија и нејзиното стопанство во многу други сфери на економијата, се изложени на директни и силни влијанија на моќниот запад. Ако навистина се имаат во предвид интересите на државата и на компаниите и ако тие аргументи се валидни, зошто се навестуваше и се уште се навестува дека договорите за можно плаќање на услуги и капитал, преку споменатиот сервис, ќе се остварат. Значи ли тоа дека тие аргументи биле аргументи само додека некому тоа му одговарало. Има ли некој, од оние што се дебело платени за тоа, со наши, народни пари, да помисли и на интересите на потрошувачите, на граѓаните, на поединецот, да престане да ги штити мегаломански скроените профити од кич парчиња облека на неколкуте т.н. модни вилаети во строгиот центар (и не само нив), кои цврсто се убедени дека ние постоиме за нив, а не тиа за нас. Има ли некој кој навистина ќе спореди цена , овде (Р.М) и таму (надвор од Р.М), кој ке види и на тоа ќе се замисли, дека во центарот на Скопје, во т.н. ексклузивна продавница е закачена рекламна порака, 50,70,80% попуст, па да проанализира дека првата определена цена била со 500% и повеќе профит. Многу е лесно, нешто што влегува за 100 денари, да формираш цена од 1000 денари и со попуст да го продаваш за конечни 300 денари. Голем успех, нема што. Има ли некој да види дека тоа не се економски категории на современите пазарни системи, туку дека тоа се неуки, трговци кои сакаат да се збогатат преку ноќ. Не, на таквите цени благодарам.
истите проблеми ги имале хрватите (заедно со другите балканци) во 2005
http://visitcroatia.proboards.com/index.cgi?board=anything&action=print&thread=5720

Во сето ова вмешана е и OFAC (Office of Foreign Assets Control) и наводно санкциите на оваа институција кон балканските земји
 
После вакви објасненија..и воопшто не ме чуди , зашто сме како Македонска Земја игнорирани од светски познатиот систем ПејПал.....познат по начинот за многу ЧЕСНО , ЈАСНО и ЈАВНО (транспарентно) работење помеѓу тие ...кои се преставени таму како продавачи , и останатите, означени како купувачи..
пс
И конечно затоа ..секоја Земја која е таму преставена како членка ..ги исполнила ...НЕумоливите стандарди на асоцијацијата ПејПал...
За работење на сите Фирми според светски познатите норми..но НЕ и Балкански??.
Иако сум незадоволен од тоа..сепак БРАВО за ПејПал принципите
ппс
Сега ...од оваа перспектива гледано ..многу ми се „појаснуваат„ и досега непознатите „причини„ зашто Македонија 15 години скоро доведениот гас со ГАСОВОДОТ...не го КОРИСТИ како енегетско гориво..наместо скапата нафта и струјата..а која ја НЕМА во доволни количини (кога нам ни треба)..па затоа „мораат„ да НАПЛАТУВААТ поим НЕПОЗНАТ во слободниот свет (т.н. енергетска моќност од 33.33% во сметките-сега „покриен„)
:nesvest:
 
Денес бев до еден бутик за спортска опрема каде имаше доста намелени цени на роба која останала непродадена. Видов нешто во стилот намалени од 3200/1990 :vozbud:

Ете кои се тие што ги штитат, реално парчето вреди 10 евра на амазон.

--- надополнето ---

Денес бев до еден бутик за спортска опрема каде имаше доста намелени цени на роба која останала непродадена. Видов нешто во стилот намалени од 3200/1990 :vozbud:

Ете кои се тие што ги штитат, реално парчето вреди 10 евра на амазон.
 
Па цените кај нас се изгор...пред 10-12-14 години кога кај нас беа хит/бум италијански чевли, ги продаваа по 50-100-150 марки во т.н. "ексклузивни" бутици за италијански чевли...истите у Рим ги продаваа арапи и црнци на картони на улица и чинеа од 5-15 марки. Ист случај и со итал. кошули...да имаше тогаш и да има сега такви сервиси, мислам дека голем број продавници ќе изгубат маста што ја вадат -од ит опрема до облека. А можеби и банките ќе имаат одредени последици, но не сум сигурен -тоа некој економист треба да каже како би одел платен промет, провизии, заработка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom