cokance
Затишје пред курац.
- Член од
- 11 август 2008
- Мислења
- 686
- Поени од реакции
- 145
Пејпал дојде во Македонија!
Почнувајќи од 24-ти септември годинава и Македонија ќе може да ги користи услугите на најкористениот онлајн сервис за парични трансфери во светот, Пејпал.
Оваа компанија овозможува уплати, праќање и примање пари исклучиво преку интернет. Сè што ќе им биде потребно на македонските корисници е добро познавање на англиски јазик, валидна е-мејл адреса и платежна картичка.
По извршувањето на првата уплата, на сите останати веб дестинации понатамошните уплати за вас ќе ги врши Пејпал. Освен безбедно да се пратат пари на некоја друга личност, преку овој сервис може и да се плати некоја нарачана роба.
Праќањето пари е бесплатно и не подлегнува на никакви надоместоци, но примањето се наплатува за некои 1% до 4% плус фиксен надомест.
Праќачот на парите најнапред мора да се регистрира на Пејпал страната а потоа да префрли одредена сума на пари на својата корисничка сметка. Паричниот износ може да се префрли директно од тековна банкарска сметка или од кредитна/дебитна картичка.
Примателот може да побара чек од Пејпал, може да отвори своја корисничка сметка или да побара пренос на средствата на своја сметка во банка.
Пејпал овозможува и плаќање помеѓу добавувачи, аукциски веб страни и останати комерцијални корисници, за што се наплаќа одреден износ. Во зависност од околностите, се наплаќа и преносот односно приемот на паричните средства. Тоа зависи од користената валута, одбраниот пренос, земјата испраќач, земјата примател, сумата која е пратена и видот на корисничка сметка на која се праќаат средствата.
При отворање Пејпал сметка, корисникот мора да го внесе бројот на својата кредитна картичка. Доколку подоцна се одлучи да ја поништи картичката, неговата сметка ќе има строго ограничени можности.
Самиот Пејпал разликува 3 вида на сметки:
Лична сметка - за некомерцијална употреба која главно служи за праќање пари. На оваа сметка можат и да се примаaт пари, но во посебни и ограничени услови.
Премиер сметка - се користи за приватни цели, но за примање и праќање пари. Многу е слична на приватната, со таа разлика што може да прима поголеми суми.
Бизнис сметка - наменета за фирми и компании. Многу е слична на премиер сметката, но со одредени правни разлики.
На 3-ти октомври 2002-та година, Пејпал стана целоснa сопственoст на Ибеј. Според нивните податоци, во 2005-та година преку Пејпал биле свртени вкупно 27,5 милијарди долари.
Незнам дали има ваква тем аи дали е на право место отворена, но еве причина малку да ни се разубави денот