Paypal конечно и во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
Пејпал дојде во Македонија!



Почнувајќи од 24-ти септември годинава и Македонија ќе може да ги користи услугите на најкористениот онлајн сервис за парични трансфери во светот, Пејпал.
Оваа компанија овозможува уплати, праќање и примање пари исклучиво преку интернет. Сè што ќе им биде потребно на македонските корисници е добро познавање на англиски јазик, валидна е-мејл адреса и платежна картичка.
По извршувањето на првата уплата, на сите останати веб дестинации понатамошните уплати за вас ќе ги врши Пејпал. Освен безбедно да се пратат пари на некоја друга личност, преку овој сервис може и да се плати некоја нарачана роба.
Праќањето пари е бесплатно и не подлегнува на никакви надоместоци, но примањето се наплатува за некои 1% до 4% плус фиксен надомест.
Праќачот на парите најнапред мора да се регистрира на Пејпал страната а потоа да префрли одредена сума на пари на својата корисничка сметка. Паричниот износ може да се префрли директно од тековна банкарска сметка или од кредитна/дебитна картичка.

Примателот може да побара чек од Пејпал, може да отвори своја корисничка сметка или да побара пренос на средствата на своја сметка во банка.
Пејпал овозможува и плаќање помеѓу добавувачи, аукциски веб страни и останати комерцијални корисници, за што се наплаќа одреден износ. Во зависност од околностите, се наплаќа и преносот односно приемот на паричните средства. Тоа зависи од користената валута, одбраниот пренос, земјата испраќач, земјата примател, сумата која е пратена и видот на корисничка сметка на која се праќаат средствата.
При отворање Пејпал сметка, корисникот мора да го внесе бројот на својата кредитна картичка. Доколку подоцна се одлучи да ја поништи картичката, неговата сметка ќе има строго ограничени можности.
Самиот Пејпал разликува 3 вида на сметки:
Лична сметка - за некомерцијална употреба која главно служи за праќање пари. На оваа сметка можат и да се примаaт пари, но во посебни и ограничени услови.
Премиер сметка - се користи за приватни цели, но за примање и праќање пари. Многу е слична на приватната, со таа разлика што може да прима поголеми суми.
Бизнис сметка - наменета за фирми и компании. Многу е слична на премиер сметката, но со одредени правни разлики.
На 3-ти октомври 2002-та година, Пејпал стана целоснa сопственoст на Ибеј. Според нивните податоци, во 2005-та година преку Пејпал биле свртени вкупно 27,5 милијарди долари.

Незнам дали има ваква тем аи дали е на право место отворена, но еве причина малку да ни се разубави денот (y)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Се надеваме дека е вистинито. Ако е така одлично.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.233
Вистина е, али колку ке потрае тоа сумљам
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Фала Богу,редно беше да влезиме во "ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА":)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Поради големите интернет измами.Мислам за кратко време Македонија Бан ке јади.Зато не се радувам многу
Објасни ми како некој ќе направи измама со сопствената Paypal сметка?
Ако некој сака да направи измама, сигурно тоа нема да биде од неговата лична трансакциска сметка, затоа што тоа е еднакво на намерно давање автогол во фудбал. Воведувањето на Paypay во Македонија само значи дека од тој момент легално ќе може да ги користиме услугите на овој сервис, без разлика од која банка имаме сметка. И ова до сега беше возможно, но само преку НЛБ Тутунска и финтата за домашна адреса во Словенија. Но, со ограничување на повлекување пари од сметката. Значи, до сега можевме само да префрламе пари, а не и да ги повлекуваме.

Од сега ќе можеме и да префрламе и да ни префрлаат и да повлекуваме. А приказните за „измами“ се минато и потекнуваат од периодот кога Македонија беше на црната листа на заостанати земји (без регулирани закони) кои беа потенцијален ризик за интернет криминал и немаше никаква врска со некаква вистинска измама која некогаш се случила од страна на Македонец на сервисот на Paypal. Овие приказни се 10 години зад нас. Како и за сите останати работи, убавите нешта (што се нормална работа во цел свет) пристигнуваат кај нас со задоцнување од цирка 10 години.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Се надеваме дека е вистинито. Ако е така одлично.
брат ако можеш гифот во потпис да го смениш во paypal is comming to macedonia ќе биде добра шега...
фала богу нема да си ебавам умот со банките сега
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.233
Објасни ми како некој ќе направи измама со сопствената Paypal сметка?
Ако некој сака да направи измама, сигурно тоа нема да биде од неговата лична трансакциска сметка, затоа што тоа е еднакво на намерно давање автогол во фудбал. Воведувањето на Paypay во Македонија само значи дека од тој момент легално ќе може да ги користиме услугите на овој сервис, без разлика од која банка имаме сметка. И ова до сега беше возможно, но само преку НЛБ Тутунска и финтата за домашна адреса во Словенија. Но, со ограничување на повлекување пари од сметката. Значи, до сега можевме само да префрламе пари, а не и да ги повлекуваме.

Од сега ќе можеме и да префрламе и да ни префрлаат и да повлекуваме. А приказните за „измами“ се минато и потекнуваат од периодот кога Македонија беше на црната листа на заостанати земји (без регулирани закони) кои беа потенцијален ризик за интернет криминал и немаше никаква врска со некаква вистинска измама која некогаш се случила од страна на Македонец на сервисот на Paypal. Овие приказни се 10 години зад нас. Како и за сите останати работи, убавите нешта (што се нормална работа во цел свет) пристигнуваат кај нас со задоцнување од цирка 10 години.
Те сваќам што сакаш да кажеш но има повеќе начини за измама.

Како да го жртвуваш Ebay акаунтот за 2500 евра

Најпрво, регистрирај се на Paypal и комплетно активирај го акаунтот. Истото направи го и на Ebay. Следен чекор е да го направиш истото со уште неколку другарчиња. Битно е да имаш барем 4-5 комплетно активни акаунти кои можат да повлекуваат пари.

ДОВЕРБА
Многу битен дел. Од сите акаунти нарачајте од Ebay нешто ефтино. Долар-два, и почекајте да ви стигне. Ете, ако не знаете што, нарачајте семенца за зелка. Тие се обично поефтини од долар. Ова го правите за во вашата историја да направите активни трансакции. Ако првата трансакција одеднаш ви биде 2500 евра, ќе биде сомнително и акаунтите ќе ви бидат блокирани уште пред да ги повлечете парите. Многу битно е да направите неколку трансакции, за да имате било што во записник.

Следен чекор е да стекнете малку репутација на Ebay. Од САМО ЕДЕН акаунт продајте две-три работи. Нека не биде тоа нешто многу ефтино, одберете средна цена. Мобилен некој, апаратче од дома, околу 30-40 долари. Тоа е за да добиете Feedback од купувачите. Погрижете се тој да биде позитивен - за операцијава ви треба 100% feedback....

Сега следува најбитноит дел ИЗМАМАТА. Но тоа нема да го напишам од разбирливи причини.Со ова можете да заработите до 3000 евра.Ако ја надмините сумата ке бидете сомнителни.
Уште еднаш потенцирам дека текстов не е целосен и го нема најбитниот дел измамата
 
D

Deleted member 19276

Гостин
Конечно и кај нас хахахха да немора да се пишуваме под друга држава хахаха
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom