Paypal конечно и во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
--- надополнето: Sep 5, 2011 9:20 PM ---
Тоа што македонските банки не се заинтересирани за соработка со Paypal е друга работа а ако е така тоа е веројатно пошо не им се понудени добри услови си бараат парички.
Кога ги праќав парите таа у банката у САД ми се изнасмеа, вика кај е ова, јас се извинувам но неможам ова да го прочитам (името на нашата банка). Тоа е тоа.
хе,хе...тоа била некоја никаква банка, која вработува дрогирани службеници.......банка која НЕ МОЖЕ ДА ПРОЧИТА име на друга банка и незнае каде таа се наоѓа е некоја маалска штедилница , а не банка... :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.242
Поени од реакции
23.811
јас мислам кладилнициве да стават за кладење ова дали ке има или ке нема paypal за македонија.
па ќе пишиме и ливчињата тука да видиме кој на колку пишал и за што.
не ми е ич лоша идејата, а што викате ?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
хе,хе...тоа била некоја никаква банка, која вработува дрогирани службеници.......банка која НЕ МОЖЕ ДА ПРОЧИТА име на друга банка и незнае каде таа се наоѓа е некоја маалска штедилница , а не банка... :)
Не бе една од најголемите у Македонија у градски трговски центар може да претпоставиш се најофицијално
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Ама ја отидов у наша банка и ги извадив парите кои сам ги префрлив од банка у САД. Како може да не ме откријат објасни ми кога тоа го направив заедно со нив легално и апла очигледно при што нашата банка се разбира знаеше од кај се парите префрлени и кога и до кого ама буквално се. Истото се разбира го знаеше и американската банка. Овде нема ништо непознато, среќно и за откривање.
Не ти побараа по кој основ ги префрлаш парите од твоја сметка? Не ти побараа државјанство, работна виза или друг тип на информација која докажува дека смееш да имаш сметка таму?

Јас знам за сличен случај, парите префрлени од сопствена сметка во македонија, од банка и бараа по кој основ е таму (работна виза, студетски престој, пасош итн) па после да си ги земе парите.
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Објасни ми како некој ќе направи измама со сопствената Paypal сметка?
Ако некој сака да направи измама, сигурно тоа нема да биде од неговата лична трансакциска сметка, затоа што тоа е еднакво на намерно давање автогол во фудбал. Воведувањето на Paypay во Македонија само значи дека од тој момент легално ќе може да ги користиме услугите на овој сервис, без разлика од која банка имаме сметка. И ова до сега беше возможно, но само преку НЛБ Тутунска и финтата за домашна адреса во Словенија. Но, со ограничување на повлекување пари од сметката. Значи, до сега можевме само да префрламе пари, а не и да ги повлекуваме.

Од сега ќе можеме и да префрламе и да ни префрлаат и да повлекуваме. А приказните за „измами“ се минато и потекнуваат од периодот кога Македонија беше на црната листа на заостанати земји (без регулирани закони) кои беа потенцијален ризик за интернет криминал и немаше никаква врска со некаква вистинска измама која некогаш се случила од страна на Македонец на сервисот на Paypal. Овие приказни се 10 години зад нас. Како и за сите останати работи, убавите нешта (што се нормална работа во цел свет) пристигнуваат кај нас со задоцнување од цирка 10 години.
Каков поклон добивме по повод 20 години независност, а? :) PayPal ги отвори вратите за нас!
Јупи Јеиј!
 

Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
Не бе една од најголемите у Македонија у градски трговски центар може да претпоставиш се најофицијално
Добро вие од Скопје се разбравте ние од другите градови да "Да умираме во незнаење":)СТБ?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Не ти побараа по кој основ ги префрлаш парите од твоја сметка? Не ти побараа државјанство, работна виза или друг тип на информација која докажува дека смееш да имаш сметка таму?

Јас знам за сличен случај, парите префрлени од сопствена сметка во македонија, од банка и бараа по кој основ е таму (работна виза, студетски престој, пасош итн) па после да си ги земе парите.
Да ми побараа само виза, ако имаш работна виза подолга од 6 месеци ќе ти ги дадат во валутата со која си ги префрлил ако е за помалку од 6 месеци тогаш ќе ти ги дадат у денари. Ако несакаш вакви проблеми тогаш префрли ги на нечија друга сметка не на твојата.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Како бе единствена опција Bank Wire?
Нема проблеми никакви околу картицата шо тресиш глупости.Милион трансакции имам досега напраено.
Кога си правел трансакции? Вака е веќе 4-5 месеци, не исплаќаат преку картичка и чек, викаат дека е привремено вака, а до кога ни они не знаат.

We apologize for the inconvenience, but check withdrawals are temporarily unavailable. Please select another withdrawal method.

We apologize for the inconvenience, but credit card withdrawals are temporarily unavailable. Please select another withdrawal method.
 

Kajgana e sranje

Македонија Шампион
Член од
9 април 2010
Мислења
225
Поени од реакции
64
треба измени во нашите закони за увоз, извоз, интернет трговија и други за да ја прими пејпал Македонија. ќе почекаме уште година-две, ако не и повеќе.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
треба измени во нашите закони за увоз, извоз, интернет трговија и други за да ја прими пејпал Македонија. ќе почекаме уште година-две, ако не и повеќе.
Ова ти држи вода, затоа што кога пред неколку години ги прашав Пејпал зошто ги нема во Мкд, ми одговорија дека мора да се усогласи законската регулатива за да дојдат тука.
Не верувам дека ќе биде во брзо време, нема лидерот да дозволи да се одлеваат девизи од државава.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
^

Ама затоа не може лидерот да го спречи одлевањето на мозоци од државава, а со тоа и капиталот си заминува од државата, не се одлева, туку си заминува.

Но тоа е веќе социјално-економска појава на која не и е местото на оваа тема на форумов, но жално е да се гледа како неколкумина си играа и манипулираат со интересите на народот, меѓу кои спаѓаат и услугите на PayPal, се разбира.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234
Неодамна напишавме дека PayPal на својот сајт ја додаде Македонија во земјите за можни префрлувања на пари, што даде надеж дека, ете, конечно после неколку години чекање, ќе добиеме сервис за лесно плаќање и префрлување на пари. Но, според PayPal, односно според корисниците кои добиле имејл од PayPal, сервисот НЕ доаѓа во Македонија.
„Во благодариме што го контактиравте PayPal во врска со PayPal услугите во Македонија.
PayPal нема планови да стартува сервис во Македонија оваа година. Во неодамнешнoтo надополнување на нашата полиса која стапува во сила на 24-ти септември 2011, Македонија е погрешно додадена во листата на земји кои можат да примаат PayPal уплати. Таа грешка е поправена.“, е пораката од PayPal испратена до бројни корисници. Ние се уште чекаме имејл од PayPal за да може со сигурност да потврдиме дека ова е оригинално од PayPal.
Во моментов, во соопштението за кое PayPal вели дека е „поправено“, сè уште ја има Македонија излистана меѓу земјите кои можат да го користат сервисот.
Ова можеби го објаснува и молкот од Министерството за информатичко општество. Да доаѓаше PayPal во Македонија сигурно ќе го најавеја, но наместо радосни потврди, кога ги контактиравме МИО добивме нејасно „ќе има соопштение за месец дена“.
Истава порака од PayPal е испратена и до српските и до руските корисници, пишува Tehnoblogija. Сите го добиваат истиот имејл од PayPal со тоа дека имало грешка во соопштението. Во Русија иако со PayPal може да се плаќа, сепак не може да се добиваат пари преку сервисот.
На крај останува на тоа, дека мора да видиме официјално соопштение да се потврди дали или не доаѓа PayPal во Maкедонија.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ова ти држи вода, затоа што кога пред неколку години ги прашав Пејпал зошто ги нема во Мкд, ми одговорија дека мора да се усогласи законската регулатива за да дојдат тука.
Не верувам дека ќе биде во брзо време, нема лидерот да дозволи да се одлеваат девизи од државава.
..vicot so PayPal ne e vo toa da se odlevaat devizi od Makedonija TUKU DA SE VLEVAAT. Ako e za kupuvanje toa ne e problem, covek e kako voda ..., sekogas ke go najde patot...nam PayPal ni e potreben za da NAPLATUVAME pari..rabotejki i prodavajki na internet ,toest kako osnoven , opsto prifaten nacin na brzo, sigurno, EFTINO i efikasno plakanje.
Edna od grmuskite vo koja lezi zajakot Paypal-av e i zborot EFTINO.., koj sekoj znae deka e apsolutno sprotiven na zborot SKAPO...so koj pak zbor se opisuvaat proviziite na nasite banki... :)
 

Kajgana e sranje

Македонија Шампион
Член од
9 април 2010
Мислења
225
Поени од реакции
64
како ќе има пејпал кај нас кога половина од вработените во банките не знаат што е тоа пејпал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom