ne e problemot so piraterijata ..., posebno onaa koja se pottiknuva , a so cel na STVARANJE NA PAZAR..., no toa e druga tema....nitu pak populacijata.....secija para e PARA...i bas PayPal prai da ne e bitna populacijata na edna drzava.....problemot so PayPal e zakonski. Toa e banka nadvor , a vo banka nadvor makedonski gragjanin ne moze da ima smetka...ZAKONSKI.
Duri i EU barase da se etablira Evropska podruznica na PayPal od finansiski razbirlivi pricini.
Koga ke staneme ......................LIMBURGA MESECA, del na EU ke ima PayPal..do togas sekoj se snaogja kako znae i umee...., a dali toj Limburg e na 24 Noemvri...bomo videli
Седиштето на PayPal во Европа е во Луксембург, каде што е регистриран како луксембуршка банка уште од 2007 и од таму ги регулира сите свои операции низ државите членки на Европската Унија, а Македонија не е држава членка на Европската Унија.
Ако PayPal планира да ги нуди своите услуги само во државите членки на Европската Унија и во државите чија што банкарска регулатива не е рестриктивна како македонската, како што е во случаите со Албанија, Хрватска и Босна и Херцеговина, тогаш најверојатно никогаш PayPal нема да почне да ги нуди своите услуги во Македонија, или како што вели Watchlist,
конечно =
бесконечно или
+∞.
Ајде бе, а како ја имам сметка у банка надвор а иам само македонско државјанство? Од кај го ископа овој законов жити мајка?
Најверојатно поентата е во тоа дека во странство нема да ти забранат да отвориш банкарска сметка без разлика дали си странец или не, но ако нашинциве откријат за таа банкарска сметка, ќе го кркаш стапот.
И пријателка моја беше во САД на студентска размена едно лето и отвори трансакциска сметка во тамошна банка и ја користеше со картичка и се по ред, и така цело лето, но на заминување ја затвори сметката и ја поништи картичката.
Немаше проблеми ни додека беше во САД, ни откако се врати во Македонија, но најверојатно никогаш нема да дознаеме што ќе се случеше ако нашинциве во меѓувреме откриеја за нејзината банкарска сметка во странство.
Бидејќи PayPal го тера својот бизнис во Европа преку Луксембург, по автоматизам парите што ќе ги чуваш на твојата PayPal сметка, PayPal ќе ги чува во Луксембург, односно во странство, што е спротивно според македонската банкарска регулатива.
Така велат нашинциве, колку е вистина, јас не знам, но знам дека велат дека тоа е причината поради која услугите на PayPal не се достапни во Македонија, иако општо познат е фактот дека PayPal порано ги нудел своите услуги во Македонија, но престанал да ги нуди поради огромниот број на електронски измами во Македонија, што е потврдено во еден поодамнешен извештај на Verisign за електронската безбедност во Македонија од 2006.
Па сега на кого да му веруваме, на овие кои велат дека проблемот е во банкарската регулатива, или на овие другиве кои велат дека проблемот е во безбедноста ?