Повелете, о вие гладни и жедни по информации:
Paypal до крајот на годинава ќе дојде во Македонија
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/paypal-do-krajot-na-godinava-ke-dojde-vo-makedonija
Иако сепак, ова не е прв пат македонски медиум да објавува вакви информации без никаква потврда на истите од страна на официјален претставник на страната спомната во веста, во овој конкретен случај, таа страна е PayPal.
А за нашиот министер за информатичко општество Иво Ивановски, убаво објаснив колку им верувам на него и на неговите приказни од ваков тип во пост #135 од оваа тема на форумов.
Сепак, јас и понатаму ќе чекам да дојде 24 септември 2011, па и декември 2011, па и јануари 2012, па и 2013, па и 2014, па 2015 и така натаму, но сепак, мојата доверба во македонските медиуми кои објавуваат информации без никаква потврда од страна на официјални претставници на сите страни засегнати со објавувањето на конкретните информации, ќе остане на најниско ниво.
Како што веќе спомнав, повеќе им верувам на официјалните соопштенија на PayPal отколку на нашите пратеници, министри, медиуми и така натаму, па затоа ќе обрнувам внимание на тоа што PayPal ќе го објават, а истовремено ќе продолжам да не им обрнувам внимание на информациите кои ги објавуваат нашинциве.