Неодамна
напишавме дека PayPal на својот сајт ја додаде Македонија во земјите за можни префрлувања на пари, што даде надеж дека, ете, конечно после неколку години чекање, ќе добиеме сервис за лесно плаќање и префрлување на пари. Но, според PayPal, односно според корисниците кои добиле имејл од PayPal, сервисот
НЕ доаѓа во Македонија.
„Во благодариме што го контактиравте PayPal во врска со PayPal услугите во Македонија.
PayPal нема планови да стартува сервис во Македонија оваа година. Во неодамнешнoтo надополнување на нашата полиса која стапува во сила на 24-ти септември 2011,
Македонија е погрешно додадена во листата на земји кои можат да примаат PayPal уплати. Таа грешка е поправена.“, е пораката од PayPal испратена до бројни корисници. Ние се уште чекаме имејл од PayPal за да може со сигурност да потврдиме дека ова е оригинално од PayPal.
Во моментов, во соопштението за кое PayPal вели дека е „поправено“, сè уште ја има Македонија излистана меѓу земјите кои можат да го користат сервисот.
Ова можеби го објаснува и молкот од Министерството за информатичко општество. Да доаѓаше PayPal во Македонија сигурно ќе го најавеја, но наместо радосни потврди, кога ги контактиравме МИО добивме нејасно „ќе има соопштение за месец дена“.
Истава порака од PayPal е испратена и до српските и до руските корисници, пишува
Tehnoblogija. Сите го добиваат истиот имејл од PayPal со тоа дека имало грешка во соопштението. Во Русија иако со PayPal може да се плаќа, сепак не може да се добиваат пари преку сервисот.
На крај останува на тоа, дека мора да видиме официјално соопштение да се потврди дали или не доаѓа PayPal во Maкедонија.