Paypal конечно и во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.874
Поени од реакции
12.209
^

Ете така, секогаш ќе си наоѓаме утеха зошто PayPal и понатаму не ги нуди своите услуги во Македонија.

Бидејќи, како што веќе спомнав, чекањето и надевањето не се наплаќаат, бесплатни се, оти немет платно. :D

Инаку, за заинтересираните, еве ја последната верзија на договорот за користење на услугите на PayPal, последен пат надоградена на 20 септември 2011:

https://cms.paypal.com/us/cgi-bin/?cmd=_render-content&content_ID=ua/UserAgreement_full
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Пред некој ден слушнав дека заедно со Србија во пакет ќе не стават почеток на 2012
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Нема што друго да се каже околу темава, чекаме само некоја новост да се појави и да се дискутира.

Со нетрпение го чекав 24ти септември ама испадна дека е ништо повеќе од лажна надеж, која ја искусуваме 4-5 години унапред. Изгледа нашиве министри не се свесни колку многу ке придонесе воведувањето paypal во земјава, како на пример: Купувањето onlinе е поевтино што значи дека и локалните продавници ќе мораат да ги намалат цените за да го задржат квантитетот на продажбата. Намалени цени се тоа што отсекогаш го бараме. Друга позитивна работа е што се отвараат сите граници кон интернет маркетингот и можности за младината алтернативно да заработува без да биде обврзана со завршен факултет и стабилна работна позиција. А оние што се занимаваат веќе со тоа, знаат колку е лесно да се направат 200-250$ месечно со малку вложен труд.

Сакав да прашам малку подетално околу еден податок кој го сретнувам тука. Некои членови велат дека порано paypal бил достапен во земјава. Јас сум генерација 91ва, па ме интересира дали е ова точен податок и до кога бил достапен. Не интересира и причината зошто престанал да ја нуди услугата во Македонија. Ова е важно затоа што кога никој друг не превзема мерки, ни останува нам да ги земеме работите во наши раце, да ја анализираме постапката и причините и да покренеме одредени видови иницијализации кон владиниот сектор. Ако ќутиме и ја држиме дискусијата во затворен тип неможеме многу да влијаеме на одлуките.

Тоа е тоа, како што рече членот над мене, надежта не се наплаќа, но некогаш мора да се плати некако за да се добие поголема придобивка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.874
Поени од реакции
12.209
^

Ова е добра вест за таквите како мене кои ги користиме услугите на PayPal преку словенскиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка.

Но една работа ме збунува - пишува дека се прифаќаат новите издадени македонски картички.

Дали тоа значи дека нема да ми ја прифатат картичката која веќе ја имам, поради што ќе морам да извадам нова Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка ?

Или ќе ми ја прифатат картичката која веќе ја користам ?

Нека одговори некој кој веќе има Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка, ја користи со словенски PayPal account и го има проверено ова после 24 септември 2011.

Јас моментално сум шворц, немам пари за да се обидам да платам било што преку PayPal.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Абе живи ѓубриња биле овие од PayPal изгледа слабо гледаат Сител а? :pos:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.874
Поени од реакции
12.209
^

И то шо велиш :pos:

Особено бидејќи станува збор за истата телевизија која во главна вест летово ја внесе одамна негираната информација дека Шакира била Колумбијка со "македонска жичка", глупост која и самата Шакира ја има негирано пред 4 или 5 години.

Но кога рајата е гладна, храни ја со магла, и надевај се дека маглата нема да се дигне наскоро, бидејќи ако немаш со што да ја храниш рајата, прашање на време е додека да и рајата се дигне на нозе во потрага по храна, па макар и како резултат на таквата потрага по храна, рајата те симне тебе.


од 1:30 до 2:00 :pos:

Рајава дреме !!!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
^

Ова е добра вест за таквите како мене кои ги користиме услугите на PayPal преку словенскиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка.

Но една работа ме збунува - пишува дека се прифаќаат новите издадени македонски картички.

Дали тоа значи дека нема да ми ја прифатат картичката која веќе ја имам, поради што ќе морам да извадам нова Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка ?

Или ќе ми ја прифатат картичката која веќе ја користам ?

Нека одговори некој кој веќе има Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка, ја користи со словенски PayPal account и го има проверено ова после 24 септември 2011.

Јас моментално сум шворц, немам пари за да се обидам да платам било што преку PayPal.
Па старите картички и така се прифаќаа, бар јас сум регистриран едно година дена и плаќам со PayPal.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.874
Поени од реакции
12.209
^

Дали неодамна си купил нешто со картичката преку PayPal и дали имаше некакви проблеми ?

И јас сум регистриран речиси година дена, но никогаш не сум платил ништо преку PayPal бидејќи не сум имал потреба од тоа.

Но еден пријател мој, кој исто како мене речиси година дена е регистриран на словенскиот PayPal со негова Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка, се обиде пред неколку месеци да купи нешто и да го плати преку PayPal, но му го ограничија account - от и сега бараат да им испрати електронска фотокопија од лична карта или од пасош или од било кој друг документ за лична идентификација, за да може да докаже идентитет, односно за да докаже дека е од Словенија, иако тоа му беше прв пат да го искористи PayPal за било што, ниту купуваше ниту продаваше, ниту примаше пари ниту праќаше пари претходно, за прв пат сака да плати преку PayPal и од прва му го ограничуваат account - от.

Еве сега го прашав дали ги отстраниле ограничувањата поради оваа новава полиса на PayPal која стапи на сила вчера, сабота, 24 септември 2011, но и понатаму account - от му е ограничен, не може ни да праќа пари ни да прима пари, ниту да купува ниту да продава.

Кога последен пат си купил било што преку Интернет, а си го платил преку PayPal ?

Добро е ова да остане во архива за да се потсетиме во 2014.
А што ќе биде во 2014 ?

Во 2014 треба да се одржат наредните редовни претседателски избори, но не верувам дека достапноста на услугите на PayPal во Македонија зависи од претседателот на државата.

Исто така, во 2014 треба и официјално да заврши обновувањето на централното градско подрачје во Скопје, уште попознато како проект Скопје 2014, но сепак не верувам дека од убавината или грдотијата на Скопје зависи достапноста на услугите на PayPal во Македонија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom