Payoneer (официјална тема)

Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Оф лелее, сега барај им некој долар отштета :D
Најако беше сабајлево ме убедува вика до тебе е погрешка бројки пишуваш нешто, му викам човек објасни ми како порано правев нарачки дали имате сменето политика на користење, не ми вика до тебе е, го прашувам викам да одам од банкомат дали ќе имам некој проблем, вика не се е во ред, и сега одам гледам ми ја одбиваат трансакцијата,збеснав :D арно што пробав да порачам нешто инаку планот ми беше да одам од Солун и да ја подигнам цела сума на пари за тука провизија да не ми зимат.
Инаку сега си ги правам нарачките од алиекспрес нема проблем.
 
Mr.HyPNoTiC

UnTraceable Guest!
Член од
13 ноември 2007
Мислења
1.450
Поени од реакции
239
Ви се има ли десено на банкомат да пишува немате доволно средства, а да ви пишува на Payoneer balance дека парите се извадени? Мене пред некој ден така ми направи на банкомат од НЛБ Тутунска..
 
Член од
30 ноември 2008
Мислења
40
Поени од реакции
9
Поздрав,
Сега дознавам за Payoneer и се обидувам да разрешам некои дилеми..
Дали payoneer се смета како странска банка? Затоа што на повеќе места прочитав дека не е дозволено да имаш сметка во странска банка доколку таму немаш регулиран престој. Како оди постапката со Payonner?
И доколку веќе отвориш сметка, како оди даночењето на тие пари?
 
MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105

Она за сметката во странска банка, постојано го читам низ дискусиите за Payoneer, но некако не ми држи вода. Не сум го читал законот, но сметам дека да имаш сметка на Payoneer воопшто не е криминал или нешто слично.
Туку и мене ме интересира во врска со даночењето на тие пари. Постојано читам расправии и аргументи ЗА и ПРОТИВ да се пријавуваат во УЈП. Од правна гледна точка и како што вели УЈП, сите приходи треба да се пријавуваат и затоа кометарите од тој тип (дека треба) на луѓето ми се јасни, но она што е главото прашање а што и мене ме мачи:
Што ако не се пријавуваат? Дали тоа од правна гледа точка е криминал? Парите не се во денари туку се добиени во странска валута (што значи за да ги пријавиш како денари во УЈП ти треба да си ги конвертираш? и средниот курс од кој ден ќе го користиш за конверзија? зашто во пријавите за данок валутата е во денари). Сметката на Payoneer е лично твоја и како може некој да ти влезе и да те провери? Доколку сакаш да испечатиш извештај за трансакциите, никаде не ги пишува твоите лични податоци во тој извештај туку само последните 4 бројки од твојата мастер картичка, па мислам дека во таква форма не се ни релевнатен документ да се поднесе како извештај (а кога се поднесува годишна даночка пријава мора да се прикаже документ за трансакциите од каде дошле парите).
На пример сценарио: членови од најблиското семејство ми се во странство и за да ги избегнеме високите провизии од другите сервиси за трансфери на пари, месечно ми праќаат пари на Payoneer сметката. И сега, зарем и на тие пари треба да се плати данок? Како УЈП би разграничила што е приход од работа (а што не) од парите пристигнати на сметката?
Друго сценарио: јас како македонски државјанин, се ислувам во странство. Работам online и добивам плата на Payoneer. Во Македонија не се ни враќам, си работам и си ги подигам парите од банкомат во странство. Дали со фактот дека сметката ми е направена врз основа на македонските документи јас треба да платам данок на државата во која можеби и не сум се вратил воопшто?
Некако има многу нелогичности и истите не регулирани. Доколку некој има некакви искуства или познавања во врска со даночењето ќе го замолам нека сподели некое инфо.
Пак ќе кажам, не одговрајте само дека "треба", подсвесно знаеме дека треба ама како? И што ако не.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060

За работење преку пејонир има казна од 70% од парите што си ги добил да ги уплатиш на УЈП ако те фатат...не зезање со вакви ствари. За работа со странство...само преку фирма...јас така правам. Пејонири, пејпали итн се забранети во МК и следува казна и делумна конфискација на средства.
 
MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
За работење преку пејонир има казна од 70% од парите што си ги добил да ги уплатиш на УЈП ако те фатат...не зезање со вакви ствари. За работа со странство...само преку фирма...јас така правам. Пејонири, пејпали итн се забранети во МК и следува казна и делумна конфискација на средства.
Јас не велам дека не треба :) Само дека многу работи ми се нелогични и никаде не е регулирано. На пример, тоа за 70% го имаш читано на некој официјален сајт (вести, УЈП)? Или по форуми и дискусии само?
И познаваш некој што пријавил т.е. каков документ ќе им се прикаже како доказ за трансакциите?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Јас не велам дека не треба :) Само дека многу работи ми се нелогични и никаде не е регулирано. На пример, тоа за 70% го имаш читано на некој официјален сајт (вести, УЈП)? Или по форуми и дискусии само?
И познаваш некој што пријавил т.е. каков документ ќе им се прикаже како доказ за трансакциите?
Јас работам преку фирма...се плаќа персоналец и ддв ако е над 1 милион денари. Веднаш си одиш во УЈП со извод од сметка и наплатена фактура и уплатуваш даноци. И на крај на години се се става во ПДД-ГДП и се прави пресметка. Во иднина автоматски ќе ги прави УЈП пресметките само на корекција ќе одат. Инаку се може и преку платежна агенција и сметководител ама земаат и тие процент. Например за 1 милион денари треба да уплатиш окулу 270.000 ден во буџет на РМ. Со провизии од банки, агенции итн може и да е фати и 300.000 ден. Ама има и друга финта можеш да си побараш и поврат на ДДВ за трошоци...сите трансакции се вршат преку девизна сметка на фирма и ти легнуваат во денари на македонска трансакциска сметка.
 
Последно уредено:

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Како бе да те фатат кога користиш сметка и ибан од друга држава? Народна банка и УЈП нема никаков увид на сметки од друга држава. Незнам кој ви го мати умот само со тие глупости од 70% казни. Ти имаш ибан во Германија. Народна банка и УЈП имаат увид само на сметки кои се во државата т.е во Македонија
 
Појма немам како и дали имаат увид но знам странска сметка имаш право да имаш само ако си резидент на странска држава. Ако МК ти е постојано живеалиште несмееш. Закон за девизно работење...незнам точно кој член.
 
MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Јас работам преку фирма...се плаќа персоналец и ддв ако е над 1 милион денари. Веднаш си одиш во УЈП со извод од сметка и наплатена фактура и уплатуваш даноци. И на крај на години се се става во ПДД-ГДП и се прави пресметка. Во иднина автоматски ќе ги прави УЈП пресметките само на корекција ќе одат. Инаку се може и преку платежна агенција и сметководител ама земаат и тие процент. Например за 1 милион денари треба да уплатиш окулу 270.000 ден во буџет на РМ. Со провизии од банки, агенции итн може и да е фати и 300.000 ден. Ама има и друга финта можеш да си побараш и поврат на ДДВ за трошоци...сите трансакции се вршат преку девизна сметка на фирма и ти легнуваат во денари на македонска трансакциска сметка.
Ок, еве ти си преку фирма и ни ја објасни постапката. Тоа е се во ред, ама значи ти си преку фирма и парите ти минат и преку трансакциска. Во тој случај и не смееш да се обидеш да го избегнеш плаќањето зашто секако те фаќат. Ама прашањата мене ми беа за тие што не одат преку фирма, туку дирекно на Payoneer сметка и си ги вадат :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Ок, еве ти си преку фирма и ни ја објасни постапката. Тоа е се во ред, ама значи ти си преку фирма и парите ти минат и преку трансакциска. Во тој случај и не смееш да се обидеш да го избегнеш плаќањето зашто секако те фаќат. Ама прашањата мене ми беа за тие што не одат преку фирма, туку дирекно на Payoneer сметка и си ги вадат :)
Не сум 100/100 сигурен за пејонир.
1. Мислам дека е забрането да имаш сметка во странство
2. Ај за 1 ќе ти прогледаат низ прсти но мора во ујп да пријавиш веднаш дека ти легнале пари и да платиш персонален данок. Несмее да има никој приходи ни денар без да плати персонален данок окулу 10/100 за тоа сум 100/100 сигурен. Пари на мк сметка без платен данок е даночен прекршок.
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
1. Мислам дека е забрането да имаш сметка во странство
Добро според тебе како би имал УЈП увид до твојата сметка во Германија или Америка? Како го замислуваш тоа ме интересира? Значи не зборуваме за сметка во Македонија, настрана тоа. Сметката ти е во било која друга држава освен МК. Народна банка и УЈП ќе побара твои податоци од УСА, Германија или Шпанија?

Има некаква логика муабетов?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Добро според тебе како би имал УЈП увид до твојата сметка во Германија или Америка? Како го замислуваш тоа ме интересира? Значи не зборуваме за сметка во Македонија, настрана тоа. Сметката ти е во било која друга држава освен МК. Народна банка и УЈП ќе побара твои податоци од УСА, Германија или Шпанија?

Има некаква логика муабетов?
Сега за сега немаат увид колку што знам. Но знам дека земјите во ЕУ ги разменуваат податоците...може и мк некогаш ќе биде вклучена во тој систем. Има меѓународни организации и системи кои се бават со тоа со цел на спречување на одбегнување плаќање данок и перење пари. Читав баш како ги прави Германија тие работи може наскоро и мк да влезе во тие системи. Најверојатно нема да бидеш фатен сега за сега од страна на ујп но во иднина може...плус имаш проблем ако ги вадиш парите во кеш. Ај тоа што може да ти ги украдат туку неможеш да ги ставиш назад во системот македонски ако сакаш да купиш нешто безготовински. Црни пари се тоа...
 
Член од
24 август 2009
Мислења
139
Поени од реакции
12
https://payoneer.custhelp.com/app/answers/detail/a_id/6118/~/what-is-the-currency-conversion/cross-border-fee?

Според тоа што пишува, за жал има 3.5% 1.провизија за конверзија / 2."преку гранична такса" и при купување на POS, а не само на вадење пари од ATM.

Единствен исклучок е ако купуваш или вадиш пари во земјата од каде е издадена картичката (пр.САД), во валутата на земјата ($) и картичката ($).

Според тоа, за нас би требало да нема 3.5% само ако купуваме онлајн пр. во долари од американски трговец и од картичка во долари (издадена од институција во САД).

Од друга страна пак читам некои од вас велат дека не имале такса за конверзија при уплати на ПОС (и дома, и надвор). Да сподели уште некој искуство со провизиите ?

И тоа со вадење ЕУР од банкомат во Грција. Според објаснетото на линкот погоре, освен ако картичката не е издадена од институција во Грција, си оди пак 3.5% но за "cross border fee". Дали некој го има проверено ова ?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.670
Поени од реакции
66.727
Добро според тебе како би имал УЈП увид до твојата сметка во Германија или Америка? Како го замислуваш тоа ме интересира? Значи не зборуваме за сметка во Македонија, настрана тоа. Сметката ти е во било која друга држава освен МК. Народна банка и УЈП ќе побара твои податоци од УСА, Германија или Шпанија?

Има некаква логика муабетов?
Знаеш дека Пајонир ти кажува дека доколку твојата држава побара податоци за тебе и си предмет на истрага, дека веднаш ке им ги достават? Целокупна историја на трансакции?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom