Поздрав,
Сега дознавам за Payoneer и се обидувам да разрешам некои дилеми..
Дали payoneer се смета како странска банка? Затоа што на повеќе места прочитав дека не е дозволено да имаш сметка во странска банка доколку таму немаш регулиран престој. Како оди постапката со Payonner?
И доколку веќе отвориш сметка, како оди даночењето на тие пари?
Она за сметката во странска банка, постојано го читам низ дискусиите за Payoneer, но некако не ми држи вода. Не сум го читал законот, но сметам дека да имаш сметка на Payoneer воопшто не е криминал или нешто слично.
Туку и мене ме интересира во врска со даночењето на тие пари. Постојано читам расправии и аргументи ЗА и ПРОТИВ да се пријавуваат во УЈП. Од правна гледна точка и како што вели УЈП, сите приходи треба да се пријавуваат и затоа кометарите од тој тип (дека треба) на луѓето ми се јасни, но
она што е главото прашање а што и мене ме мачи:
Што ако не се пријавуваат? Дали тоа од правна гледа точка е криминал? Парите не се во денари туку се добиени во странска валута (што значи за да ги пријавиш како денари во УЈП ти треба да си ги конвертираш? и средниот курс од кој ден ќе го користиш за конверзија? зашто во пријавите за данок валутата е во денари). Сметката на Payoneer е лично твоја и како може некој да ти влезе и да те провери? Доколку сакаш да испечатиш извештај за трансакциите, никаде не ги пишува твоите лични податоци во тој извештај туку само последните 4 бројки од твојата мастер картичка, па мислам дека во таква форма не се ни релевнатен документ да се поднесе како извештај (а кога се поднесува годишна даночка пријава мора да се прикаже документ за трансакциите од каде дошле парите).
На пример сценарио: членови од најблиското семејство ми се во странство и за да ги избегнеме високите провизии од другите сервиси за трансфери на пари, месечно ми праќаат пари на Payoneer сметката. И сега, зарем и на тие пари треба да се плати данок? Како УЈП би разграничила што е приход од работа (а што не) од парите пристигнати на сметката?
Друго сценарио: јас како македонски државјанин, се ислувам во странство. Работам online и добивам плата на Payoneer. Во Македонија не се ни враќам, си работам и си ги подигам парите од банкомат во странство. Дали со фактот дека сметката ми е направена врз основа на македонските документи јас треба да платам данок на државата во која можеби и не сум се вратил воопшто?
Некако има многу нелогичности и истите не регулирани. Доколку некој има некакви искуства или познавања во врска со даночењето ќе го замолам нека сподели некое инфо.
Пак ќе кажам, не одговрајте само дека "треба", подсвесно знаеме дека треба ама како? И што ако не.