Епа.. ајде да дочекаме.
(Дневник, 02.03.2007)
Најпознатиот светски диџеј во Струга
Диџејот број еден во светот, германецот Пол ван Дајк, на 1 август со тричасовен сет ќе настапи на плажата пред хотелот "Изгрев" во Струга. Според организаторот, "Авалон продукција", на изведбата се очекуваат околу 10.000 посетители од целиот регион. Настапот на ван Дајк ќе биде во рамките на промотивната турнеја за неговиот нов албум "In Between". Познатиот диџеј ќе долета во Македонија со приватен авион од Берлин, а веднаш по настапот заминува за Ибица, каде што секој четврток има сет во легендарниот клуб "Амнезија".
Од "Авалон" ја демантираат информацијата дека билетите за спектаклот ќе имаат многу висока цена и појаснуваат дека таа ќе изнесува 1.000 денари, осносно исто како и за Тиесто и за Пол Окенфолд. Според техничките детали од договорот, ван Дајк ќе настапува на озвучувањето што го користеа "Пет шоп бојс" на концертот на скопскиот плоштад.
Пол ван Дајк почнал да работи како диџеј во 1991 година, а денес важи за еден од пионерите на транс-музиката. Досега објавил повеќе од 20 студиски и микс-изданија. Работи и на ремикси - неговата листа вклучува соработки со имиња како Џастин Тимерлејк, У2 и Депеш мод.