Патриотизам!?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Vo posledno vreme mnogu cesto se upotrebuva ovoj poim, a sekoj si go tolkuva na svoj nacin...
Sto e spored vas PATRIOTIZAM???
 
Правење добро за својата држава...Уметност, спорт, општествени дејности и политика. На било кое поле, оној што е успешен и работи за својата земја.
 
Vo posledno vreme mnogu cesto se upotrebuva ovoj poim, a sekoj si go tolkuva na svoj nacin...
Sto e spored vas PATRIOTIZAM???

Според мене зборот ПАТРИОТИЗАМ значи да ја сакаш својата земја,својот народ.Да се трудиш со сите сили да ја одбраниш својата земја од непријател,кога е најпотребно.ПАТРИОТИЗМОТ односно љубовта кон својата земја да ја ставиш пред сите идеали и прво да мислиш за доброто на својата земја,а после за се друго:toe:
А и веќе напишав во една друга тема ПАТРИОТ ИЛИ СЕ РАЃАШ ИЛИ НЕ.
 
Според мене патриот е човек кој а било кој начин работи за доброто на државата и народот кој живее во таа држава, безоглед на неговата верска или политичка определба.
 
Според мене зборот ПАТРИОТИЗАМ значи да ја сакаш својата земја,својот народ.Да се трудиш со сите сили да ја одбраниш својата земја од непријател,кога е најпотребно.ПАТРИОТИЗМОТ односно љубовта кон својата земја да ја ставиш пред сите идеали и прво да мислиш за доброто на својата земја,а после за се друго:toe:
А и веќе напишав во една друга тема ПАТРИОТ ИЛИ СЕ РАЃАШ ИЛИ НЕ.
:back:nemam sto da dodadam:)
 
Патриот дефинитивно не е човек кој пее патриотски песни, кој се чука во гради што бил, туку кој работи за интересите на својата земја.

Кога велам интересите на својата земја, интереси се земјата да напредува, да чекори напред, да се усогласува со стандарди на разни меѓународни институции, да влегува во сојузи, да има повеќе сојузници и пријатели, кредибилитет. Патриотизам е да ја правиш својата земја позната во светот по добро, а не по лошо.

Не е патриотизам да создаваш непријатели, да вртиш грб на некој што ти помагал, да сееш омраза помеѓу својата нација, да делиш на патриоти и на комуњари.

Во Македонија зборот патриотизам лажно се употребува, да не речам се злоупотребува од страна на истите луѓе, велам ист тип на луѓе кои отсекогаш низ историјата на крајот не предавале на нашите соседи, истите тие патриоти денес први имаат бугарски пасоши, ќе ставаат албанец за претседател во 2014 и тн.
 
Според мене зборот ПАТРИОТИЗАМ значи да ја сакаш својата земја,својот народ.Да се трудиш со сите сили да ја одбраниш својата земја од непријател,кога е најпотребно.ПАТРИОТИЗМОТ односно љубовта кон својата земја да ја ставиш пред сите идеали и прво да мислиш за доброто на својата земја,а после за се друго:toe:
А и веќе напишав во една друга тема ПАТРИОТ ИЛИ СЕ РАЃАШ ИЛИ НЕ.

Не се согласувам во потполност дека ПАТРИОТ или СЕ РАЃАШ или не...
Тоа повеќе важи за големите личности , РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ, мегутоа за малиот граѓанин многу е битно каде ке одрасне , како ќе биде воспитан, какво е општеството , институциите, фамилијата, образованието и тн...
Сите овие фактори влијааат врз нашиот однос кон татковината и чувството на патриотизам...
Како догаз на ова го наведувам наглиот пораст на ПАТРИОТИЗАМ во Македонија во последните 2 до 3 години...
 
Патриотизам ! Чувство кое се гради во текот на целиот живот, она кое за жал ретко кој го поседува во нашата земја.Патриот е човек кој сака се најдобро за својата земја, кој тука не ги вклучува пцуење против све живо во некоја малска задруга или пеење патриотски песни секогаш кога ке се начука и неможе да се сети на своето, а камоли на името на својот татко или мајка. Човек кој ја сака својата земја, кој помага во нејзиниот развој и развиток и се грижи за неа подобро отколку за самиот себе! Патриот е човек кој работи за благосостојба на сите кој живеат во неговата средина, се сака самиот и останатите околу себе :smir:
 
со овие прашања мислам интензивно требало да се бавиме во почетокот на 90-ите, и тоа не на дебати, туку во пракса. денес омразениот љубчо тогаш ја иницираше таа тема, за што мора да му се искаже почит (она што се случи после со него, е надвор од контекстов).

сега е малце задоцнето, со оглед на (навидум) непоправливата штета, но никогаш не е касно.
 
Не се согласувам во потполност дека ПАТРИОТ или СЕ РАЃАШ или не...

Како догаз на ова го наведувам наглиот пораст на ПАТРИОТИЗАМ во Македонија во последните 2 до 3 години...
Ова второво е голема лага. Тоа што не постоел форумов пред 2-3 години и си немал кај да ги читаш патриотите не значи дека не постоеле. Јас напротив мислам дека таму 91 и 92 при осамостојувањето на Македонија највеќе се чувствуваше патриотизмиот и желбата за конечно формирање на држава на Македонците. Инаку и за тоа првото не си во право. Јас се сеќавам како мал уште 2 оделение кога ми беше понуден избор за поклон во продавница избрав карта на Македонија :) па сега види ти.
 
Како ќе ја објасниш пропаста на СДСМ ако не со пораст на патриотската свест кај народот...
Истите луге скриени зад петокраката беа недопирливи до пред неколку види ги сега кај се, најмногу благодарејки на самоспознавањето на МАКЕДОНЕЦОТ...
А за 91 и 92 не ми зборувај, точно е дека имаше и тогаш патриоти ама 90% од народот не го вадеше зборот Југославија од уста...
 
Ова второво е голема лага. Тоа што не постоел форумов пред 2-3 години и си немал кај да ги читаш патриотите не значи дека не постоеле. Јас напротив мислам дека таму 91 и 92 при осамостојувањето на Македонија највеќе се чувствуваше патриотизмиот и желбата за конечно формирање на држава на Македонците. Инаку и за тоа првото не си во право. Јас се сеќавам како мал уште 2 оделение кога ми беше понуден избор за поклон во продавница избрав карта на Македонија :) па сега види ти.
Forumov postoel pred tri godini, postoi cetiri. No, toa ne znaci deka nemalo i pred toa patrioti.
Imalo.
Sme postoele i ke postoime....nie...patriotite!
 
Sekoj onoj koj sto znae da specali pari bez da nasteti nekomu - patriot :toe:
 
патриотизам = (лат. patriota) љубов кон татковината, родољубие.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom