RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.741
А ако не е создаден по своја волја, или ако не сакаш да создадеш - дали тоа го прави човекот болен ?
И што е со оној кој не дај боже не може да создаде свое потомство ?
Не ти ја разбирам поентава. Темава ако ја прочита е за тоа дали партнерот треба да се третира исто како и децата. Каква врска има темава со муабетов што ти го правиш во постов, само ти си знаеш.
Никаде не кажав запоставување на детето ниту пак дека треба да се запоставува детето како што претходно сфати ти "направи дете па фрли го". Значи тоа не. Детето си е дете и најнормално дека треба да му ја дадеме целата љубов што му следува и што му е неопходна за нормален раст и развој. Значи не реков дека треба да се игнорира односно запоставува детето. Детето секогаш ќе биде на најпрво место, на најпрво и тоа е така и свесно и несвесно, ама има примери во кои намерно се форсира тоа и се запоставува партнерот. Партнерот не смее да се запостави без причина. Среќно семејство бара жртвување и кој не е спремен да се жртвува подобро е да нема семејство.
Ти самата се негираш во постов. Ако си свесна дека дете доаѓа на најпрво место, нормално е дека како една од цените за тоа е намалување на вниманието кон партнерот. Ама остај тоа, мене друга работа ми е многу смешна. Како може возрасен човек кој создал дете, после тоа да се разведе зашто баш заради тоа дете не му обрнувале внимание? Тоа мора да е невидено дефектна личност. Со тоа и го поврзувам вториот болд. Јас немам семејство, од типот на сопруг и дете, но по муабетов претпоставувам дека ни ти немаш. Јас барем сум свесна дека односот маж -жена не останува ист после доаѓање на дете на свет, на вас останува повеќе време да го согледате тоа. Каков вид на жртва спомнуваш ти за едно семејство да биде среќно? Нешто од типот, не му помагај на детето со домашната, зашто на маж ти треба супа да му направиш? Инаку се согласувам кој не е спремен да се жртвува ич нека нема деца, зашто семејството го прават децата и жртвите секогаш одат во нивен прилог.
П.С Овој примеров што го даде со она што го изјавила жената после раѓањето на детето ич не го сметам за валиден. Тоа ти е рекла казала муабет. Ќе чуете некој ќе каже некоја реченица, две, и одма се потресувате дека се знаете за луѓево, а поим немате каква им е поставеноста дома.

