bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
РАСКИНА ПРВАТА ПРАТЕНИЧКА ЉУБОВНА ДВОЈКА ИЛИЈА ДИМОВСКИ И ХРИСТИНА РУНЧЕВА
Партијата нe раздели
Илија и Христина ја задушиле љубовта од преинтензивна комуникација: во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневното гледање во Собранието, на седници
Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и пратеничката од истата партија Христина Рунчева повеќе не се заедно. Тие неодамна ја раскинале едногодишната љубовна врска. Илија и Христина се единствените политичари за кои откако постои Собранието, јавно се знае дека биле во љубов.
Оние што ги познаваат велат дека додека биле заедно биле навистина среќни и вљубени. Иако биле во љубов една година, сепак, не стасале да заминат на годишен одмор. Дознаваме дека причина за раскинувањето не било ниту неверство ниту пак некаква голема кавга. Несогласувањата почнале поради постојаните обврски во партијата, секојдневното гледање во Собранието, на седници, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. По работниот ден тие често оделе во некое од скопските кафулиња или ресторани. Сета оваа интензивна комуникација била преголема, велат оние што ги познаваат, па тоа почнало да ја задушува нивната љубов.
Сега кога се гледаат по ходниците низ Собранието или на некоја од седниците, се многу коректни еден кон друг, ама се само на "здраво".
Илија и Христина се познавале од поодамна, затоа што и двајцата уште од мали нозе сакале да бидат политичари. Љубовта им започнала спонтано, затоа што како членови на иста партија секојдневно се гледале. Но откако сфатиле дека помеѓу нив постои нешто повеќе од партиска дружба, решиле повеќе да не ги кријат емоциите. Не криеле дека се во љубов, а нивните политички колеги им ја поддржувале љубовта.
Се зборува дека многу често си седеле на кафе во бифето во Собранието. Сепак, кога биле на работа, внимавале нивата љубовна врска да не влијае на работните обврски, ниту пак да биде предмет на озборување.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=5E4EE9C5D4457D409EA5C9130F9FBAEA&arc=1
Ој партијо крива си за се....