Не знам како 90% од девојкиве не им е гајле за парите, и би биле со некој дури ако нема ни скршен денар.
Да, али само можат да го напишат тоа, а не знам дали би го примениле во вистински живот.
Ко прво,
нормално дека е битно дали има пари или нема. Ако јас сум научена да излегувам почесто, тука одма ми се скратува тоа. Ако он нема скршен денар во џеб, кога ќе излеземе на кафе/пица/дискотека јас ќе треба да се тресам што ќе нарачам или ќе треба да пијам/јадам слично на него за он да не се почуствува како 13то прасе, или да нема да плати.
На мои години, не е битна паричната состојба на мојот дечко, од проста причина што ние само се забававуваме одреден период и после чао-чао. Ретки се оние врски кои успеваат повеќе од 4-5 месеци, али за понатака е веќе друго.
Ако он нема скршен денар, со него не можам ни асален одмор да испланирам, ни аслано излегување. Значи нема да излегуваме цело време, и гледањата ќе ни бидат минимални, и обично ќе биде тоа шетање низ маало и парк. Кафе ќе биде луксуз. Значи зборам ако НЕМА СКРШЕН ДЕНАР, што вас не ви беше важно (ако се лажеме).
Како и да е, јас не барам он да биде милионер и да плива во пари, али сакам да има пари за нормален живот. Фала Богу, мене ми е овозможен супер живот од страна на моите, па не ни планирам да ги трошам неговите пари и да трчам по неговите пари. Доволно е да има за да си ја плати пијачката и да излегуваме на нормални места.
