Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 107458 Прегледај го приврзокот 107457 Ајде и јас да си прашам... На нет прочитав се ама плус мислење не смета..на 8 ноември си купив две тигрици,многу се слатки ама ме интересира дали се машко и женско, продавачот кажа дека жолтото е женско, белкото е машко.. Имаат по 4 месеци ги пуштаме да летаат, белово е прав џамбаз се пентари по кафезот грицка се живо си игра лета и многу збори (сеуште неразбирливо ама се труди), жолткото пак е многу тивко и многу ретко излегува.. Само два пати до сега и тоа мотивирана од храната пред кафез (кога ќе излезе не можеш да ја прибереш) не пее не имитира само по некое гласче испушта загракува кога има силни звуци и толку.. И сеуште се многу диви и се плашат од рака а им зборам пред кафез како будала.. им давам од рака да јадат,дали значи дека се две и нема да се приврзат со мене? И последно прашање понекогаш прават како да киваат да не им е нешто? Не се на промаја, не е ладно во собата ептен ги чувам хх..
Се надевам ќе ми одговорите, благодарам однапред (y)

4 месеци се стари, значи сеуште неможе да се погоди кој е машкото а кое е женското :). Почекај уште 2-3 месеци, па ќе забележиш кој пол ти се папагалите
Плав нос = Машко
Розов нос = Женско

Обично кога се чуваат две птици, не се приврзуваат многу кон сопственикот, посебно ако двете страни се заљубени. Но позитивното е тоа што белиов папагал (демек мажиштето :cool: ) се обидува да збори. Да не заборавиме дека ги чуваш неполн месец, а ти јадат од рака, која истотака е позитивно. Јас кога го земав моето сега веќе покојно педерче едно 2-3 месеци не сакаше до нас да се приближи, цело време седеше на лустер, а се симнуваше само за да јаде во кафезот. Види продолжи да им збориш, па можеби ќе се навикнат повеќе со тебе... сепак додека се млади се учат папагалите.
И да.... секој папагал кива, ако не си знаела досега :icon_mrgr:, гледај држи ја собата топла зимскиов период, не ги изложувај на промаја и промешувај им ја храната 2-3 пати дневно, дека тие кога јадат, лушпите ги оставаат горе, па потоа им е тешко со клунчето да буричкаат подлабоко во храната
Многу ти се убави и двете птици патем :rolleyes:
 
Последно уредено:
Цел живот чувам Тигрици, а решив да купам Нимфа, али сакам да ја земам од некој одгледувач а не од пет-шоп, знаете некој шо одгледува Нимфи да ми кажете ?? Фала унапред
 
Цел живот чувам Тигрици, а решив да купам Нимфа, али сакам да ја земам од некој одгледувач а не од пет-шоп, знаете некој шо одгледува Нимфи да ми кажете ?? Фала унапред
Ги има многу, у карпош познавам 3ца у тафталиџе има е еден пет-шоп од сопствена одгледувалница, кисела вода имаш неколку, лисиче ги има многу и скоро сите имаат нимфи. Но мое мислење ти е овој период од годината ако планираш да купуваш птица подобро е да си купиш од пет-шоп, не ги жали 200-300 ден. повеќе бидејќи пак е позаштитена од тие од одгледувалницата. Да, и тие се земени од некоја одгледувалница (фала богу нели) но не се изложени на моменталните временски услови во мометнов кои шо се. Но претходно да се распрашаш за птицата колку време е кај нив и колку е стара, да ја процениш дали е здрава, весела у кафезот, дали и се средени пердувите и.т.н и.т.н...
Бидејќи ти ќе ја чуваш птицата во домашни услови на температура 20-25 С а надвор е 10 С макс. има голема веројатност птицата да се разболи, многу е битна на почеток аклиматизациската зона. :)
 
Последно уредено:
Читав по нетов дека ’ртени семиња биле најздрави. Има некој пробано со просо или некое друго семе таква варијанта?

Исто, денес бев во еден ресторан во Беловиште, околу Тетово и од покрај река собрав неколку гранки со идеја цела пластика од кафез да ја заменам со гранки. Ги донесов дома, им ја излупив кората со нож, ги попарив со врела вода и им ги ставив. Жива радост се, ама приметив дека се обидуваат да ги лупат (како конци се лупат некои од гранките). Има некоја сорта дрво што расте покрај река што би можела да биде опасна за папагали? За прскани сигурен сум дека не се, чисто да не е некој отровен вид дрво...
 
Не, во умерениот појас нема вид на отровни дрвја.
 
За ’ртењево ќе пробам со просо од пет шоп да видам шо помија ќе испадне баш ме интересира. Гледав видеа луѓе дури и со семиња од кутија успеваат да из’ртат би требало да е можно со просово шо знам...

Едното од двете што првично ги земав испадна фалично пиле па морав да го сменам :( Сега зеленово го имам месец дена и пу-пу да не го заречам е исто активно и живо како другото :)
 
@Bavarec што сакаше да кажеш со тоа "фалично пиле"... не те разбрав најубаво
 
@Bavarec што сакаше да кажеш со тоа "фалично пиле"... не те разбрав најубаво

Неактивно, ни мрдаше ни преташе 2 недели. Плус тоа од ден на ден се потешко дишеше така да не ми личеше на арно баш...

Особено во споредба со другото хиперактивно. Еве и сега со зеленово глеам дека таквото однесување било ненормално зошто и зеленово не прекинува горе-доле по кафез пола ден...
 
Чисто ако некој сака да проба со ’ртење - со сочогледот оди екстремно лесно а просото неќе да мрдне.

Утре или задутре ќе ги наранам моите какарики со овој сончоглед, па по се што се изначитав за тоа колку се добри ’ртените семиња и за луѓе а не па за птици очекувам дека ќе станат уште поактивни и живи папагалите... Или тоа или некако ќе ги отрујам :facepalm:
 
Attachments

  • WP_20141203_001.jpg
    WP_20141203_001.jpg
    1,9 MB · Прегледи: 26
Препорачајте од кое место да си земам тигрица. По можност младо,машко :Д .... не ми се купува од било каде...каде е најсигурно,најсигурен одгледувач
 
Препорачајте од кое место да си земам тигрица. По можност младо,машко :Д .... не ми се купува од било каде...каде е најсигурно,најсигурен одгледувач
Од Зоран (ако не се лажам се викаше) од долно Лисиче, за број немам, на реклама5 имаше оглас

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Папагалчево си ја заглави ногата меѓу решетки и малце си ја повреди додека да го поткренам да ја извади, еве и слики:
c8c6cb1c297c4e3bbea98b899cc51cab.jpg

82b56b9aae38d0974423597a009fa52a.jpg

de4439f94aac8b2ee7e3144a06d9dd16.jpg

Нормално се движи, нема никакви проблеми, но од време на време се чепка како на третата слика. Прашањето ми е дали треба со нешто да се премачка, да направам нешто или само ќе му помине ова?
Прв пат се соочувам и среќавам со ваква повреда, па секој совет е добродојден.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
@marchesk Миј му го ноџето со вода одвреме-навреме... Незнам колку е безбедно хидроциклин да му ставиш на раната, со оглед на тоа што го лижи тоа место... :/

Види пробај со вода, колку да не се инфицира раничката
 
Го пуштив сега низ вода, се прошлапа, деновиве почесто ќе го пуштам и ќе му следам состојбата. Фала ти.

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
@marchesk прскај го со хидроген 3 % на тоа ранетото место. Ништо нема да му стане, надвор глеам гулаби по цели нозе им нема а не за мало парченце од ножиче.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom