До сега плаќав 2400 годишно за станот кој е 56м2, и тоа веќе беше дупло повеќе од она што го плаќам за Скопје. Океј, викендашки, не е проблем.
Сега одеднаш го зголемуваат на 7200 и тоа е оправдано и така било секаде во светот?! Ха ха. Зборев вчера со пријатели што живеат во Германија, кај нив 30 години не е мрднат данокот на имот, а одеднаш некој да им го зголеми за ТРИ пати им е незамисливо.
Јас не сум некој богаташ или нешто па сега дека имам таканаречен „викенд стан“ тоа да значи дека се луксузирам или слично. Станот ми е наследен од моите и во него 3 месеци во годината некој од нас постојано живее. Не доаѓам онака само за викенди, па сега „ај ќе го репнеме 7000, ионака за курч му е станот“.
Пак ќе кажам во ред е да биде поголем данокот за викенд становите, секогаш било дупло повеќе, ама сега наеднаш вакво огромно зголемување, и тоа во време на криза кога буквално сите трошоци за живот исто така се зголемија? Идиотизам невиден.